Конечно дознавме кој е твојот таинствен историски извор од каде што црпиш информации за твојот Исус - Тората.
Епа ајде да одиме по ред:
Каде во Тората се вели дека ќе дојде Јудејски цар кој ќе ги обедини под едно сите племиња и ќе биде над сите други цареви, наследникот на Давид?
Еве бидејќи не милуваш преводи на Тората (бидејќи нели никој од светските образовани преведувачи не ти е рамен) можеш и да ги напишеш цитатите на еврејски, само те молам напиши референца каде точно во тората се наоѓаат тие цитати (која книга, кое поглавје, кои стихови)
Каде во Тората пишува дека Исус собира топла околу него? Каде во Тората пишува дека се прогласува (или го прогласуваат) за цар?
Каде во Тората пишува дека по разни шетања ваму тами дознава дека тешко ќе стане цар и почнува да проповеда дека неговото царство не е од тука?
Каде во Тората?
Каде во Тората е наредено целото родословие на Исус?
Каде во Тората?
Премногу КАДЕ Чорбаџи... Ќе седнеш и ќе си го испотиш газот, бидејќи патот кон Богот не е само тумачење и читање и верување на книги кои што се сомнителни.
Ќе ме извиниш, но нема да те поучувам за да потоа отфрлиш бидејќи „верата“ не ти дозволува ова или она. Немој со мене такви христијански финти: Покажи каде, а јас ќе ти мавнам 5-6 цитати од Новиот завет како е вистината.
Тоа, ти кажав, на оние таму на кои им треба пастир. Јас кажав доволно.
Не го извртувај муабетот Чорбаџи. Децата ќе наседнат, ние, не! Ти го читам умот христијански. Сите во една иста матрица животарите и размислувате. А природата бара варијации
Реков АКО, значи АКО Исус е историска личност и записите дури и редактирани подоцна од грчките препишувачи(МИСЛАМ НА НОВИОТ ЗАВЕТ), ете содржат некои валидни информации, и се поврзат со историјата на Рим и Јудеја(ако се најдат сличности нормално), тогаш од тие записи може многу лесно да се заклучи ОД КАДЕ ИСУС собира сикари, избегнува ликвидирања, откако цел еврејски народ го отфрла заради ова или она за легитимен цар, тој, забегува и проповеда (добро поткован во еврејските закони бидејќи бил од мал подготвуван за цар[каде е тој сите тие години пред да почне да проповеда?]) дека царството ете не е од тука... Ајде не е од тука. Нека си владее таму некаде, но само со евреи, ако го прифатат, а другите ќе чекаат виза за таму
Чорбаџи, еве ти еден пропуст во новиот завет, ако се гледа како историски документ тој загадочен исфилтриран документ, премногу препишуван и изобличуван:
Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.
И
ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”
Ако Марија е посетена од „анѓелот“ Гаврил(ангелос кажавме таму некаде назад што е, оди да си прочиташ) и го прифаќа тоа дека ќе донесе цар на Израилот, зошто подоцна, во една сцена откако на Исус му кажале ете ги мајка ти и браќата и сестрите твои се надвор, а тој одговара дека негова мајка и негови браќа и сестри се оние кои го следат словото.
Ахам... дали не заклучуваме дека Марија не го следи словото? Зарем не заклучуваме дека браќата негови и сестри го напуштаат, бидејќи во него влегол бес? Да најдеме во новиот завет (како веродостоен историски документ демек) каде што се вели дека исус е надвор од себе (лудак?)?
А зарем Марија претходно не ни е кажано дека го прифаќа словото и е свесна што донесува на свет?
Зарем престолот на Давид не е еврејското царство? Зарем заповедта на Исус откако „воскреснал“ кон своите ученици ширете го зборот кај сите народи не значи низ сите племиња за да се обединат еднаш за секогаш?
Дали Исус е голем додека „седи“ на престолот на Давид или е бедник закован на крст?
Немој да ми толкуваш во духот на христијанските извртувања на се што не разбраа од евреите(нели тие беа неписмени, 1% знаеа да пишуваат, а рабините се тие кои се закон на земјата и го објаснуваат законот на небото на простите).
Немој ти се молам да мешаш Тората со бедни рисјански измислици и извртувања на целата вистина... „Ѓаволот“(и се што спаѓа под тој ваш симбол) ви ги замати сметките на сите, и целата невистина очајно со секакви цитати и секакви толкувања (а малку работа и резултати) се трудите да ја прикажете во ваше, лажно светло...
Продолжи ти да толкуваш и да ми кажуваш како новиот завет(без голем број апокрифни дела, отфрлени заради оваа или онаа причина) е историски валиден документ кој што нуди вистина за тој некој си Исус, можен син на Јуда Гамалиел, бунтовникот од 6 г., но знај дека мене ме иритираат измислици и ловци на бедни по дух за да си ја докажуваат верата. Но може за промена да си ја научиш верата и законите, и да се обединете во една црква. Тогаш, ќе разговараме на друг начин.
Вака, се обидувам да покажам пропусти на еден куп христијански учења, кои секој за себе си вели дека е вистинското!
Решете кој од вас е во право.
Па потоа ќе разговараме, за да знам каде што е згрешено, измислено извртено итн итн...