H
HITCH
Гостин
Како да не! Никогаш нема да биде исто. Никој не може да си ја избрише меморијата намерно, не постои селектирање и бришење на глупостите што сме ги направиле. Штом еднаш ја утнала... Дечкото прво ќе си игра „1000 зошто, 1000 затоа“, потоа ќе мисли дека за се` го лаже, ќе се појават куп сомнежи и неможејќи да се издржи притисокот на крај пак ќе пукне.1. дел: Таа направила грешка што се допишувала со бившиот, па ако сака да ја задржи врската и да биде пак со дечкото ќе се смени.
2. дел: А, и за тоа машки- женски чувства, го пишав зашто имам забележано дека ако женските им згрешат нешто на машките па дури и да не е нешто многу големо, машките не можат да го простат, а ако истите им направат слично нешто на женските мислат дека тоа не е толку страшно.
Абе, за вториот дел сега испадна к`о со каранфилките на сојузот за 8. март. Нема пол кога се изневерува, а простувањето е лична работа. Некој простува, а некој не, повеќето не простуваат. Секој има граница до која го пушта другиот да оди, штом еднаш ја преминеш линијата нема пу - пу не важи и нема назад. Не постојат машко - женски чувства. Нема машките повеќе, а женските помалку или обратно. Полот е различен, ама функционираме на ист принцип, работи кои се прифатливи и работи кои не се прифатливи.
Сеедно од која страна е изневерувањето не е убаво прво за себе, за својата душа. Ти треба да живееш со тоа, ако можеш да живееш со тоа тогаш покажува дека ти не си човек кој е достоен да има пријатели. Изневерувањето е лажење, прво себе се лажеш, а потоа и околината. Никој не сака непостојани и нецивилизирани стоки кои не се грижат за никого. Никој не сака да се дружи со некој бескичмењак кој само сака да си тера ќеиф, кој сака да му биде убаво само на него. Не си сам на светот, мора да има некаков компромис, мора да има баланс. Немој да ми кажеш дека не ти е гајле за другите, никој не сака да биде сам. Психички ќе се поремети! Мозокот е заебана работа!
Балансот и компромисот во овој случај се недостижни. Нема компромис и баланс кога некој изневерува! А, компромис не се прави со договор - јас ќе ти попуштам за ова, ама ти мене за она. Треба спонтано да си дојде. Не дај Боже овие двајца да седнат на маса и да почнат да праавт список кој кога треба да попушти.... ќе излезат уште повеќе проблеми.