- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Негативците, оние кои навистина го „задолжиле“ човештвото: Атила, Џингис кан, Тимурленк (за разлика од некои други освојувачи, владетели или војсководци, кои овде-онде ќе создаделе некое село или град, проширувале некакви цивилизации, или ќе изграделе водоводи, патишта или барем тврдини, овие батки се посветиле единствено на заземање територии, пустошење, грабежи, силувања и слични работи.
Хитлер, Мао Це Тунг, Сталин, Пол Пот се вистински рекордери кога станува збор за наметнување на сопствено мислење на непрегледни маси за тоа кој како и колку треба да живее, да мисли и да се храни. Се разбира, има и други поситни риби - диктаторчиња од целиот свет, посебно во оној негов дел што е наречен Трет, средновековни папи и инквизитори, кралеви, цареви и сл. Тука се и ред американски претседатели и нивната бирократска и воена машинерија, кои никако не се за потценување...
Позитивните пак, не дека ги нема, но се помалку забележливи - од оној кој се сетил за тркалото до разни научници и истражувачи, филозофи, лекари, алхемичари и хемичари, писатели...
Ефектите од придонесите на вторите сепак се сечило со две острици. Речиси се` што е создадено за да се унапреди и олесни животот е извитоперено и употребено за сосем поинакви цели, често со многу поголема успешност.