Неколку наменски прашања
Ве боли грбот кога метите со усисивач?
Каде ја најдувате мотивацијата да ги миете садовите секој ден и да не ги оставате да стојат преку вечер во садоперот?
Кога пеглате и го стискате копчето за пареа, дали после треба да почекате некое време за да се наполни пареата, или пак мене ми е расипана пеглата? (Нео пегла)
Кој трик го употребувате за да излези сок од боровница Вива од кошулата?
Кој е најдобар детергент за рачно перење на садови?
Кој е најдобар прашак и омекнувач?
Дали перите гаќи и маици во иста машина ако се бели?
Ако ја пуштите машината на 6-ка за шарени за колку време ќе се исперат?
Дали можат да се пржат јајца со маслиново масло или пак треба да биде сончогледово?
Кој е најдобар детергент за чистење паркет?
Толку сега засега, ќе прашам понатаму уште нешто
1. Грбот ме болеше порано затоа што порано беа поинакви правосмукалките и сега некогаш ама поретко.
2. Таа мотивација ми ја даде мајка ми тинејџерка кога бев 1-2 ги бев оставила и ме застрами и сега секунда не ги оставам.
3. Зависи до пеглата има некои веднаш што пуштат пареа а има некои што треба да почекаш. Секако треба секогаш да се користи дестилирана вода затоа што од чешма бигор ќе ти фати и ќе ти се расипа делот за пареа.
4. Има многу, најдобро сјај за садови на дамката и ја оставаш да се кисне во вода неколку саата обавезно ако е бела некои ставаат и хлор ама може после и да ти се скине. А можеш и од малите ќеси вениш да земиш за дамки.
5. Фери во Скопје би требало да го има. Втор избор ми е феја.
6. Бонукс според мене заедно со ленор или пак силан.
7. Да се перат заедно нема никаква штета не се секирај.
8. 30-40 минути, во зависност од која марка пералната е.
9. Има маслинови масла само за пржење има маслинови масла само за салати. Секако повеќе користат сончогледово масло за пржење а маслиново масло за салати.
10. Пронто или ајакс за паркет.