Неколку наменски прашања
Ве боли грбот кога метите со усисивач?
Каде ја најдувате мотивацијата да ги миете садовите секој ден и да не ги оставате да стојат преку вечер во садоперот?
Кога пеглате и го стискате копчето за пареа, дали после треба да почекате некое време за да се наполни пареата, или пак мене ми е расипана пеглата? (Нео пегла)
Кој трик го употребувате за да излези сок од боровница Вива од кошулата?
Кој е најдобар детергент за рачно перење на садови?
Кој е најдобар прашак и омекнувач?
Дали перите гаќи и маици во иста машина ако се бели?
Ако ја пуштите машината на 6-ка за шарени за колку време ќе се исперат?
Дали можат да се пржат јајца со маслиново масло или пак треба да биде сончогледово?
Кој е најдобар детергент за чистење паркет?
Толку сега засега, ќе прашам понатаму уште нешто