Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ајде, ти си државјанин на оваа земја, што уште нема пасош и, според тоа, ти немаш право да излезеш од тука. Наше си, те трпиме. Не шеташ, си седиш дома, никому ништо...

Зошто, било која друга земја (било која во светот) би ти дала пасош, САМО за ти да си патуваш низ светот? Што корист има таа земја од тебе, за да ти даде таква привилегија?

Абе, да не даваат пасоши на лепота, а ја да не знам? Ја сум прилично симпатична ;)
Е ајде де, кажи зошто толку лесно даваат пасоши и зошто толку многу од твоите роџени земаат пасош...:D
Само пази што ќе одговориш, иако немаш многу опции, или твојот род роден, крвта твоја се состои од ретардирани луѓе кои без никаква причина, можеби онака ради разбивање досада си земаат пасоши или се продадени души на вековниот крвник бугарот...:D а можеби и вирее некакво си бугарско малцинство кое само чекало прилика да дигне глас :pos:...секако опцијата дека можноста за заработка на просечен работник во твојата љубена земја се никакви и тој мора да бега не бирајќи средства...

Знам и за срби кои земале хрватски пасош ради бегање од србија...:vozbud:
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Малку ме збуни со текстов, и појма немам што сакаше да кажеш. :confused:

за разлика од тебе, јас сум роден во држава која не постои повеќе, па поинаку гледам на работите. :)
Друга ми беше поентата.

Еве јас сум роден во Струмица дали тоа ме прави Струмичанец?

Објасни ја малку твојата ситуација. Која беше таа држава, колку години живееше таму, и што си по националност. Мош па там друга националност си бил и сега се ти е исто. :)
--- надополнето: Sep 7, 2011 9:36 PM ---
И Гоце Делчев бил патриот Македонец па се пишувал Бугарски Македонец значи пак бил МАкедонец и гинел за Македонија
Што значи тоа? Бугарин кој живее во Македонија? Македонец кој живее во Бугарија. Бугарски Македонец, Бог да чува, попрво би се смеел на изразот.
И заради такви како тебе, татарите што се тука на форумот ќе викаат оти Македонија била бугарска.

Ај да претпоставиме оти Гоце Делчев се пишувал како што викаш ти. Ама тој имал некоја цел, работел за Македонија, а шо свирка има од тебе Македонија ако земеш бугарски пасош, одиш некаде на запад и не допринесуваш ништо за Македонија а во најлош случај цел живот не се вратиш тука.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Е ајде де, кажи зошто толку лесно даваат пасоши и зошто толку многу од твоите роџени земаат пасош...:D
Само пази што ќе одговориш, иако немаш многу опции, или твојот род роден, крвта твоја се состои од ретардирани луѓе кои без никаква причина, можеби онака ради разбивање досада си земаат пасоши или се продадени души на вековниот крвник бугарот...:D а можеби и вирее некакво си бугарско малцинство кое само чекало прилика да дигне глас :pos:...секако опцијата дека можноста за заработка на просечен работник во твојата љубена земја се никакви и тој мора да бега не бирајќи средства...

Знам и за срби кои земале хрватски пасош ради бегање од србија...:vozbud:
Знаеш, станува досадно.
Пошто си вака ватрен застапник на идејата, зошто не си земеш пасош и не заминеш на работа? Некаде напиша дека си овде, во МК.
Вака, може да сфатиме дека заено со другар ти, само вршите пропаганда. Поттикнувате. Можеби заработувате како посредници? Или си само загрижен за здравјето на нацијата?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Друга ми беше поентата.

Еве јас сум роден во Струмица дали тоа ме прави Струмичанец?

Објасни ја малку твојата ситуација. Која беше таа држава, колку години живееше таму, и што си по националност. Мош па там друга националност си бил и сега се ти е исто. :)
--- надополнето: Sep 7, 2011 9:36 PM ---

Што значи тоа? Бугарин кој живее во Македонија? Македонец кој живее во Бугарија. Бугарски Македонец, Бог да чува, попрво би се смеел на изразот.
И заради такви како тебе, татарите што се тука на форумот ќе викаат оти Македонија била бугарска.

Ај да претпоставиме оти Гоце Делчев се пишувал како што викаш ти. Ама тој имал некоја цел, работел за Македонија, а шо свирка има од тебе Македонија ако земеш бугарски пасош, одиш некаде на запад и не допринесуваш ништо за Македонија а во најлош случај цел живот не се вратиш тука.
Придонесуваш за тебе и твојата фамилија наоѓаш работа им праќаш пари на твоите дома и се бориш со Светската економија ако тоа не е цел не знам што правиме на овој свет побогу.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
И не, не е исто бугарски и американски пасош плус. Мене не ми сметаат двојни државјанства. Ми смета бугарското државјанство и начинот на кој се добива.
тоа и ја сакав да го кажам ... (y)
--- надополнето: Sep 7, 2011 9:47 PM ---
целосна поддршка Lady.Q
 
T

Tetro

Гостин
Објасни ја малку твојата ситуација. Која беше таа држава, колку години живееше таму, и што си по националност. Мош па там друга националност си бил и сега се ти е исто. :)
Роден сум во СФРЈ.
И сум сведок на транзиција долга 20 години. Уште се сеќавам јасно кога излезе Кљусев на плоштадот во Скопје, да ни каже дека ги испечатиле првите бонови во самостојна Македонија,....
Кога се родив, актуелно беше ова знаме.


После станавме македонци и заедно ја градевме оваа земја, за да денес дојдат албанците на темава и да не навредуваат и да не викаат предавници.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Придонесуваш за тебе и твојата фамилија наоѓаш работа им праќаш пари на твоите дома и се бориш со Светската економија ако тоа не е цел не знам што правиме на овој свет побогу.
А шо правиме ако ја земеш цела фамилија со тебе?
Јас живеам баш во таков крај, каде што еден куп цели фамилии се иселија во Словенија, Германија, Швајцарија, Италија. И децата си ги прават Италијанци или шо ти јас знам.

Осеќам дека сега ќе ми кажеш:,, Па ќе си дојдам летото тука во Македонија ќе истрошам 500 евра. Допринесувам за Македонија"
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.850
Поени од реакции
12.380
Пак никој не знае колку македонци успеале низ Европа со бг пасош. И дали со бг пасош моеш да живееш во Британија, Шведска...
И дали со македонски пасош не излагаат надвор? Знам дека излагаат и живеат.

Ако во различни документи бараат националност, како се изјаснуваат...дали во бугарски документи во Бугарија пишуваат бугари, а во документи во Македонија пишуваат македонци...

или нешто поопипливо... за попис (иако е личен податок заштитен со закон, барам некоја логика во сево ова) како се изјаснуваат...двојно или бираат една националност. Затоа што по обработка, дуплите лица и податоци ваљда се елиминираат. Сеедно е некому кому стварно му е тешко како единка, семејство, но на ниво на држава и слично...није свеједно ;)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
нели имаше забрана некаква бугари (и романци мислам беше) да бараат работа во англија ... значи џабе ви е пасошот бугарски, ако е од економски причини ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.850
Поени од реакции
12.380
имаа ограничувања, затоа и прашувам колку и дали...и каде успеале
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Чисто информативно, не дека бранам одредено државјанство. Но зошто само на бугарскиот пасош гледате како на велепредавство? Што е на пример со грчки или српски? За мене грчки пасош е многу поголемо предавство од бугарски или од српски
сеедно е....дали болварски, атински, сврбски или алибабански....пасош од друга земја би прифатил само доколку сум бил роден во таа земја....
Born on: february 8 in Prilep,
SR Macedonia
Yugoslavia, now
Macedonia.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Вест од јули 2010г:

Димитров: За само шест месеци 7.201 Македонци добиле бугарско државјанство

Најмалку 7.201 лице од Македонија добиле бугарско државјанство во првите шест месеци од годинава, изјавил за софиската новинска агенција “Фокус“, бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров, пренесува Нетпрес.
Текстот што беше постиран е изјава на тогашен министер у бугарската влада, значи тоа што он го изјавува е официјален став на државата. Ова беше во однос на реплицирањето дека текст може секој да напише.

За мешањето на национална припадност и поседување на државјанство, мислам дека ако до сега не стана јасно, стварно е жално. Точно, може да имаш државјанство на некоја друга земја, а да бидеш Македонец по националност, затоа што си исполнил некој друг услов да се стекнеш со тоа државјанство. Во ваков случај националната припадност никој не ти ја чепка. Пример за тоа се Македонци што живеат по 20,30 год. во Канада, они се декларираат како Македонци, но престојувале доволно години во Канада и на тој начин стекнале право на државјанство.
Е, во случајов со бугарскиот пасош, НИ ЕДЕН ОД ДРУГИТЕ услови со кои не се рчка во националната припадност не го исполнуваат луѓево што аплицираат за тоа. Исполнуваат, демек, само еден услов, а тоа е баш тој што се однесува на националниот идентитет. Па да биде по весела работава, сега БГ не барала ти да го докажуваш твоето бугарско потекло, туку самата држава ти вика елај си при нас, ние за Блгари ве есапиме сите таму во Мк. Луда работа.

А во однос на тоа дека го зимаат пасошот за да преживеат, мислам, ако така ви е полесно на душичката, јас тоа можам да го разберам. Има начин и начин да се обезбеди фин и пристоен живот. Проституирањето, у било која смисла, за мене лично никогаш не било опција, ама ете секој со своето достоинство и интегритет. Тоа е.
--- надополнето: Sep 7, 2011 11:13 PM ---
нешто поопипливо... за попис (иако е личен податок заштитен со закон, барам некоја логика во сево ова) како се изјаснуваат...двојно или бираат една националност. Затоа што по обработка, дуплите лица и податоци ваљда се елиминираат. Сеедно е некому кому стварно му е тешко како единка, семејство, но на ниво на држава и слично...није свеједно ;)
Ова е интересен момент и би било фино некој што се разбира повеќе да објасни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom