Платформа за мобилни телефони

Апликација со широка намена, онлајн комуникација, приватни пораки, нотификации, размена на слики, онлајн форум и сл.
Знам дека наликува на Фејсбук али не е тоа, наменета е за сосем друга таргет група-нетинејџерска :)
 
Огромен е текстот кажи у кратко што е поентата ?
Поентата на текстот е у што да кодираш ако не си добар програмер ќе заебеш работа дали е Java или .Not сеисто ти се фаќа.
А на твоето прашање за мобилна платформа, подобра е Јавата бидејќи имаш поголем маркет од .Not.
 
Апликација со широка намена, онлајн комуникација, приватни пораки, нотификации, размена на слики, онлајн форум и сл.
Знам дека наликува на Фејсбук али не е тоа, наменета е за сосем друга таргет група-нетинејџерска :)
И сега прашањето ти е?
На пример кои телефони да ги таргетираш? Оваа апликација можи да се развие во шо ти душа сака андроид(јава), апле (обџектив-ц), виндовс мобајл(.нет), блекбери, веб..
Значи зависи каков ти е планот за деплоирање. Ако сакаш најмногу публика Андроид, Ако сакаш за директорчиња блекбери ...
 
Таргетирам обични, просек мобилни телефони.

На такви телефони заборај дека постојат и јава и .нет.
Значи имаш јава микро едишн (j2me - ретардирана јава, која полека пропаѓа на сметка на андроид -- нема да замарам со бизнис политики тука) (речиси секој телефон во боја ти поддржва јава микро едишн)
нешто посалам телефони со симбиан - мислам дека ги знајш (ама ти треба Ц)
.нет малку потешко на просечни.
--- ако има мобилен интернет веб страна налик на ова http://www.time.mk/m2 (ама секој втор побрзо ќе го скрши телефонот отколку да а отвори страната пак)
 
Ваков интерфејс и некои вакви функционалности, дали можам ова да го постигнам со J2ME... пошто нели сакам да таргетирам што е можно повеќе обични мобилни телефони.

facebook-mobile.jpg
 
Ваков интерфејс и некои вакви функционалности, дали можам ова да го постигнам со J2ME... пошто нели сакам да таргетирам што е можно повеќе обични мобилни телефони.

facebook-mobile.jpg

И да и Не.
Некако ќе се напрај, ама викаш обичен телефон, значи имаш минуси од страна на големина на екран(120x120 , 240x240) (значи непрегледност), далеку поспори се од ајфонот шо ти е на сликата, некои немаат интернет (или и да имаат кој црн македонец ти користи мобилен интернет) значи то ти се проблеми.
Се на се подобро инвестирај во андроид апликација, понадежно е барем. Да зборавме за ј2ме пред 10 години ќе ти речев а ама денес срамота е да трошиш време. Се работи за пазар кој се напушта.
Инаку еве ти слика како би изгледало то чудо и на какви конзерви работи.
rexec.png
JCaro-screenshot.jpg
stockmidlet_screenshot.png
 
Сакаш да кажеш дека сите ние што имаме обични телефони треба да развиеме комплекс на мање вредност и ништожност ?
Стварно не ми е јасно како може туку така да се напушти овој МЕГА пазар и да се насочуваат луѓето да купуваат скапи смарт фони.
 
Choesen_one јел ти нас то зајебаваш???

Дај бе не се зезај со народот....тие ги користат само за ало...а ти ќе им правиш социјални апликации...и не ми е јасно со што чудо ќе ги импортираш тие апликации во таквите телефони???....преку инка?
 
Choesen_one јел ти нас то зајебаваш???

Дај бе не се зезај со народот....тие ги користат само за ало...а ти ќе им правиш социјални апликации...и не ми е јасно со што чудо ќе ги импортираш тие апликации во таквите телефони???....преку инка?

Тотално си во право. Овие телефони не се користат до макс.
НЕ дека смартфоните се користат како шо треба (пола од луѓето само на вај фај сурфат)

@Чоузен, јес да е мега пазар ама еве ти листа од негативни работи
- Пазар шо опаѓа - мала споредба во уса смартфоните имаат заминато 50% покриеност одамна, така да за некоја година сите разгалени дечиња ќе се апдејтираат до смартфон
- Импотентен Интернет - НИКОЈ речиси никој не користи интернет на онаков телефон. Не за нешто друго ама цените си се држат на ниво така и да остани работата.
- User experience - ај нема да навлегвам , сепак некако се чита па ќе прогледам низ прсти.

Покрај првите 2 точки дали сериозно мислиш дека има пазар во мкд. Ако ништо повеќе барем оние со Симбиан ти се подобар пазар.
 
Android е промашена работа, има ПРЕМНОГУ апликации маркетот се презаситува и има баш се. Ајфонот исто така.

Прими совет windows mobile 7, прилично нова платформа која има светла иднина.(последните истражувања покажуваат дека дури 50% нареден телефон би зеле токму wp7) Апликации има околу 30 000 што е премалку во споредба со Андроид и iOS.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom