Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Нашиов народ заборави да фантазира, да сонува и да раскажува приказни. Ни остана само црната реалност која мора да се кажува во се и сешто. Не сум видел одамна книга, филм или нешто слично што е далеку од реалноста. Станавме реалисти во толкава мера каде што секоја фантазија е критикувана како нереална, несериозна или неинтересна. Се што мора да го вреднуваме мора да е нешто како демек дел од нашата реалност, да се идентификуваме со него, да кажеме дека стварно ни е таква реалноста, лоша, темна и груба. Толку ли заборавивме да си замислуваме ситуации, настани, приказни? Толку сме "шкрти" со креативноста па секој креативен порив на нашиве продуктивни креативци мора да е одсликан од реалноста во која живее? Се што е искреирано од кој и да е обичен човек, мора да има инспирација од реалноста. Станати сме премногу сериозен народ, за жал...