Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Паранормални активности е една калакурница од „искуства“ кои доаѓаат од тотално нерелијабилни извори. Ако прецизираш малку поконкретно што вклучува категоријата, мислам дека ќе можеме да изградиме еден (лично)атеитички став по ова прашање.

Повели.
изворите не се баш за именувања овде. Темите мистерии се отворени, лични искуства од сосем нормални особи постојат во тие теми...ај да ве потсетам на еден објект над газибаба (има информации на нет што објект бил...од ваљда одредени причини нема многу информации за истата), сосем е доволно...не би навистина да споменам имиња или нешто повеќе за нив. Знам дека тие луѓе се далеку од побожни, а уште подалеку од ненормални. Сега, кога отприлика опишав на што мислам конкретно и ете има и дефиниција за паранормално, би се вратил на прашањето
- како е можно атеист да верува во такво нешто кое не може да се докаже, а не верува во она што му го вели некој верник или воопшто во библиските настани...пошто се недокажливи...како и паранормалните појави.
- Дали истите се сметаат за атеисти и дали навистина се атеисти по дефиниција.

Овие прашања ме занимаа отпорано, додека ги читав информациите за форумџиски лични искуства во темите мистерии, појави, духови, сонови.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Хммм... не гледам каде го правиш пресекот помеѓу атеисти, верници и суеверни луѓе. Не го разбирам ниту делот со „објектот во гази-баба“.

Ама, можам да ти кажам вакво нешто:

Атеистот смета дека персонифицираните божества се невозможни како такви. Смета дека овој рационален универзум со своите физички закони на кои се покорува, не може да поддржи постоење на едно божество какви што се опишани во религиите.

Од друга страна, еден скептичен атеист треба да остави простор за рационално објаснување на феномените кои и биле прапричината за измислување на божествата. Тоа се душевните (не духовните) феномени од типот: имам чувство дека некој ме набљудува, имам чувство дека некој ме сака и чува, имам чувство дека нешто лошо ќе ми се случи и слично.

Овие чувства со кои науката дури сега почнува сериозно да се занимава, во минатото се користеникако доказ за постоење на Маниту, Шива или Јахве, сеедно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Хммм... не гледам каде го правиш пресекот помеѓу атеисти, верници и суеверни луѓе. Не го разбирам ниту делот со „објектот во гази-баба“.

Ама, можам да ти кажам вакво нешто:

Атеистот смета дека персонифицираните божества се невозможни како такви.
Но суеверие не е исто што и паранормална појава. Објектот на газибаба (па и други објекти) постои низ нетот и низ темите (хинт, никој дома -сет алати местиш, се враќаш, тие се преместени...пак ги местиш, се враќаш...или едно лице гледаш доле му велиш довидување, потоа се качуваш по скали, го гледаш горе...делува луцидно ама е реално видено), но постојат и други сведоштва (или текстови со практикување на вика-вештерките и слични култови, поврзување на соништа со реалноста...) од исти лица кои овде барале докази за бог или не знам што.
Не ми е прашање дали некогаш тие појави ќе се објаснат, не го спорам тоа...апсурдно е што едно лице бара доказ за една тема, а за друга не му е потребна. Тие не се за класификација во атеисти пошто доказ за паранормалните појави не постои, инаку не би се нарекувале натприродни паранормални појави.
 
Повеќето од полтергајст примерите кои си ги пишал, за мене лично, се глупости и суеверие. Не знам дали си запознаен со Ренди. Тоа е скептикот кој веќе има обезбедено $1.000.000 кои веднаш ќе бидат доделени на било кој човек на планетава кој ќе докаже дека постои некоја „паранормална“ појава.

За мене, ваква една понуда би била и тоа како примамлива, поготово ако јас самиот сум бил сведок на едно такво полтергајстисување у Гази Баба.

Сајтот на Ренри е овој. Имаш апликација, насоки, услови... Бујрум, друже, покани ги дечкиве од фондацијата, па ако мислиш дека во тој објект навистина се случуваат работите кои кои се раскажуваат како бабини деветини, ќе се опариш и тоа воопшто ненаивно.

Накратко, ништо од прекажаните муабети јас не сметам за валидно. Во ова време на видео камери никој да не сними ништо, за мене, е смешно!

Како е за тебе?
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.677
Поени од реакции
31.606
za mene super ., chudesno i bozhanstveno., dodeka edni prashuvaat jas se chudam ., a dodeka drugi odgovaraat ., jas se krstam.,.....a za tebe kako
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Повеќето од полтергајст примерите кои си ги пишал, за мене лично, се глупости и суеверие.
Ок, оваа група луѓе беше присутна едно време... Две-три-четири, икс лица кои се сметаат за едно, но со другите постапки и размислувања, тоа едно го побиваа. Реално не можам ни да донесам луѓе кои имале искуства, па најверојатно ова прашање ќе оди во ќорсокак.
Бујрум, друже, покани ги дечкиве од фондацијата, па ако мислиш дека во тој објект навистина се случуваат работите кои кои се раскажуваат како бабини деветини, ќе се опариш и тоа воопшто ненаивно.
некои појави се веќе испитувани, од лица стручни во повеќе конкретни области со соодветни алатки и методи.
Затоа и велам, едни лица веруваат во една појава или искуство без никакви докази, а целосно отфрлаат можности за слични појави (кои исто не се докажливи) -реинкарнација, Свет Дух, библија...тие во секој случај не се атеисти кои веруваат или не веруваат заради докази (како што се збореше у една тема еволуција-креација), него врз база на свое убедување.
Инаку добро што ме потсети и за суеверието. Дали еден атеист може да е суеверен? Оно може, нели не е забрането, но врз што го базира своето суеверие пошто и тоа нели е во крајна линија за самиот атеист равенство на боговерието....верување во имагинарно, нешто што не постои. Додуша можеби ова веќе влегува во оние нијанси меѓу црно и бело па...баталете суеверие ;)
 
G

galaxy

Гостин
Нема такви луѓе како што сака да претстави Луртз.
А и да има, 'гледањето' (било тоа и халуцинација) на нешто е поуверливо од читањето за нешто.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Нема такви луѓе како што сака да претстави Луртз.
А и да има, 'гледањето' (било тоа и халуцинација) на нешто е поуверливо од читањето за нешто.
Има Име ама јас не можам да ги именувам ниту да ги донесам како доказ...сепак кога ќе начекам некого у врска со ова мое прашање, ќе го цитирам и ќе постирам овде. Инаку од пролетоска- летоска негде целта не ја гледам во докажување на верби и определби (освен ако се рачуна политичка тема со бпц, спц, Чорбаџи...), затоа немам причина ова што го прашувам да е фикција или со друга намера. Белки ќе се најде некој и на форумов кој имал такви искуства или членува во некои друштва (кои се бават со натприродното и веруваат во него)...да сподели причина за разликите во толкувањата за едни исти немерливи и недокажливи појави, настани, сили...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Ако и постои некој таков, не е доказ дека Атеистите веруваат во други работи (наместо во бог). Ако на тоа целиш тогаш не е така.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Ако и постои некој таков, не е доказ дека Атеистите веруваат во други работи (наместо во бог). Ако на тоа целиш тогаш не е така.
не можам да генерализирам за сите атеисти, овие и не се многумина пошто повеќето од луѓето не се ни замараат со натприродни појави или окултизам...но ако веќе влегува во езотерија, окултно...верува во нешто што е недокажливо, нешто вон овој свет.
--- надополнето: Sep 7, 2011 2:27 PM ---
Абе што е со објектот на Гази Баба ќе објасне некој, секаде го посочувате како пример а мене не ми е јасно за што станува збор.

Ви благодариме, такоџе
најди го на интернет или во мистерии, има таму и за некои други куќи...патем, ако објаснуваме ќе забегаме вон тема. Воглавно се работи за искуства или се работи За практикување магии, окултизам...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
не можам да генерализирам за сите атеисти, овие и не се многумина пошто повеќето од луѓето не се ни замараат со натприродни појави или окултизам...но ако веќе влегува во езотерија, окултно...верува во нешто што е недокажливо, нешто вон овој свет.
По мене тоа не се Атеисти, ја замениле религијата со нешто друго, но за какво верување се работи тоа е веќе предмет на дискусија, кај нас малку се измешани поимите.

П.С. Зошто баш тој дел е болдиран?
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Спомна, спомна, друже...

Него, читам по ова интернетов за Картагински совети, ама не успевам да пронајдам кога тоа се договориле дека Бог бил создаден од звук кога немало ништо.

Ја ко што знам, христијанството е јасно: јахве отсекогаш бил, е и ќе биде...

Де, постирај некој извор.
Се утепав од барање по нетов, неможам да најдам, изгледа бидејќи тие совети се одвивале повеќе од 100 години па затоа е толку тешко.
Таму е одлучено дека после смртта човекот оди според неговите дела во рај или пекол. Но потоа поради поделба на големи и мали гревови морало да се создаде и чистилиште во кое човекот се искупува со одење во пекол на одредено време.
Дебатирано е и за папската титула и за божјата природа.

Извори неможев да најдам на интернет, има само за процесот на крштевање и обврските на бискупите и свештениците.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
Прашање до верниците:
Како е во рајот, а како во пеколот(какво објаснување за ова дава религијата)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom