http://www.kurir.mk/sport/kosarka/41375-I-Zizis-heroj-za-Makedonija
Не му вервајте многу на овие од курир!! Тој 100% не нарече Фиром или Скопја, ама Форбс го преведе така како шо треба.
Зисис е од Солун и е тежок шовинист!! Само да се потсетиме шо изјави пред две години во Полска на Евробаскет 2009.
Зисис: Ако на дресовите видиме Македонија, ќе полудиме
Колку што се македонските кошаркари решени да сторат сé за да ја совладаат Грција на денешниот прв меч од ЕП во Полска, исто толку се „запалени“и кошаркарите на нашиот противник. Тоа најдобро се гледа од изјавата на одличниот Никос Зисис искажана на вчерашната прес-конференција во Познањ, која беше исклучиво за грчките новинари. Тој вели дека ако на денешниот меч на дресовите на ривалот го видат зборот Македонија, тие ќе полудат и нема да одговараат за своите постапки.
- Ќе полудам ако го видам зборот Македонија на дресот на ФИРОМ, без разлика во која варијанта. Не би знаеле што би направил тогаш. Сите со нетрпение го очекуваме овој предизвик, кој е од исклучителна важност за целиот грчки народ. Неизвесноста само носи дополнителен мотив кај кошаркарите. Ние сме спортисти, кои во срцето го носат грчкото знаме и кои се подготвени да сторат сé за да ги израдуваат своите сонародници. Колку и да нé провоцираат луѓето од ФИРОМ, ние ќе одговориме на единствениот начин на кој знаеме, со победа на теренот - е воинствената изјава на грчкиот репрезентативец Зисис.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=979920444&id=21&prilog=0&setIzdanie=21782