Јозеф Менгеле дефинитивно се наоѓа и на мојата листа на топ злосторници, посебно поради фактот што немал никаков морал и никогаш не ја сфатил сериозноста на делата што ги направил, и успеал да ја избегне казната. Еве нешто повеќе околу него и неговите зли дела:
Озлогласениот Јозеф Менгеле бил еден од главните "доктори" на
Шуцштафел (безбедносниот одред на нацистичка Германија) под чиј директен надзор се вршела селекцијата на пристигнатите затвореници. Менгеле одлучувал кој ќе биде убиен, кој ќе биде присилен работник, а кој ќе служи како заморче за неговите експерименти. Помеѓу затворениците, Менгеле бил познат како "ангелот на смртта".
Во Аушвиц, Менгеле извршил бројни студии поврзани со близнаци. Откако ќе завршел експериментот, тие близнаци биле убивани, а нивните тела секцирани. Менгеле водел операција во која две идентични близнаци биле сошиени еден со друг, со цел да создаде "сијамски близнаци".
Алекс Декел, екс-затвореник во Аушвиц сведочи за лудилото на Јозеф Менгеле: "Никогаш не можев да го прифатам фактот дека Менгеле всушност веруваше дека прави сериозна работа. Тој само демонстрираше моќ. Менгеле водеше касапница. Речиси сите операции ги приредуваше без анестезија. Еднаш бев сведок на операција на стомак. менгеле вадеше парчиња од стомакот, без никаква анестезија. Другпат извади срце, исто така без анестетик. Беше навистина ужасно."
Јозеф Менгеле бил нацистички научник кој што бил вовлечен во познатата нацистичка генетска програма која што имала за задача создавање на повисоката раса на Аријци. Задачата на Менгеле, или „Ангелот на Смртта“,како што бил познат, била да изнајде начини да ги зголеми шансите мајките да раѓаат близнаци.
Додека работел во Аушвиц, Менгеле извршил неколку исклучително брутални експерименти врз близнаци; повеќето подоцна умреле како резултат на хируршките зафати или пак од инфекции на раните здобиени од истите.
Една ноќ, Ангелот на смртта го оправдал својот прекар со тоа што собрал 14 пара близнаци и ги заспал во неговата операциона сала. Потоа инјектирал хлороформ право во нивните срца убивајќи ги во истиот момент, за да продолжи да ги сецира, пишувајќи белешки за секое делче од нивното тело, бидејќи Менгеле бил педантен и грижлив во својата монструозност.
Во еден друг таков бизарен експеримент, тој зел ромчиња близнаци и ги сошил едно со друго за да создаде од нив сијамски близнаци, хируршки отстранувајќи делови од вените на нивните раце во процесот на што близнаците се здобиле со гангрена. Едниот близнак успеал да преживее и раскажал како неговиот брат го изгубил својот живот:
„Др. Менгеле секогаш повеќе се интересираше за Тиби. Не би знаел зошто, можеби поради тоа што тој беше постариот близнак. Менгеле изврши повеќе операции врз Тиби. Една операција врз ’рбетот го остави мојот брат парализиран. Повеќе не можеше да оди. Потоа му ги извадија сексуалните органи. По четвртата операција повеќе не го видов Тиби. Не можам да ви опишам како се чувствував. Просто е невозможно да се опише со зборови како се чувствував. Тие ми ги одзедоа мајка ми и татко ми, моите двајца постари браќа, а сега и мојот близнак.“
Во Аушвиц близнаците биле сместени во поудобни бараки од останатите затвореници, биле подобро хранети и ги избегнале гасните комори. На близнаците им се претставувал како „чичко Менгеле“ и ги честел со слатки. Неговите жртви често и му се обраќале така веројатно сметајќи го за пријател, несвесни за тоа што планирал Менгеле со нив.
Повеќето од записите кои ги водел Менгеле биле изгубени или уништени кон крајот на војната, така што обемот на неговите зли дела никогаш нема да биде дознаен. Се знае дека за време на Втората светска војна во Аушвиц завршиле околу 3 000 близнаци, а од логорот успеале да излезат живи само 52.
По војната, Менгеле успеал да избега од Германија откако се здобил со лажен идентитет од работниците на Црвениот Крст кои не сомневајќи се ништо, му издале и нему документи исто како и на илјадниците други бегалци. Измачувачот се престорил на жртва и избегал првин во Аргентина а подоцна се преселел во Јужна Америка во обид да избегне да биде затворен и суден за неговите воени злосторства. Неодамна се појавија гласини дека тој и таму продолжил со своите генетски експерименти за време на шеесеттите од минатиот век, но овојпат на похуман начин. Научниците со години ги збунувало тоа како во малото градче Cândido Godói во секое петто пораѓање се раѓаат близнаци, од кои што повеќето имаат руса коса и сини очи.
Локалните жители тврдат дека Менгеле го посетил нивниот град во повеќе наврати нудејќи ги своите лекарски услуги и давајќи им на жените нови лекарства. Претставуваjќи се како Рудолф Вајс, тој исто така експериментирал и со животни, и се тврди дека постигнал добитокот редовно да раѓа близнаци.
Обично близнаците се раѓаат во секој осми случај на бременост, па изгледа дека Јозеф Менгеле успеал својот сон за повисоката раса да го претвори во јаве во бразилското градче Кандидо Годои.
Еве и резултати од генетските експерименти кои ги вршел во Бразил во текот на неговото криење. Повеќето од нив се со руса коса и сини очи :