Maкедонија - БиХ, 05.09.2011 20:00

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Aj и ја малце да отидам офф топик кога веќе споредуваме за успесите на нашите репрезентации/клубови..
Ама со златото на Наташа Илиевска неможи да се рамни никој, јесте да не е нешто каратето во светот на високо ниво, ама злато си е злато, и тоа на ЕП..
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Злато е злато ама ипак репрезентацијата освои 7. место и го победи домаќинот тоа беше и почеток да се развива ракометот кај нас после тоа дојде Ѓорче и ја покори Европа...
Али ајде еве деновиве имаме шанса да пишеме нова историја бар уште Шпанија да ја тепаме друго не треба :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Борење.
Ама, тогаш немаше интернет и ти мал си бил. :)
Тоа што немаше интернет и раководството на Бучим го искористи, којзнае со кој се бореа. Памтам дека во полуфиналето прегазија група Италијански карабинери :pos: и не знам кој потоа... Година подоцна дојде ЦСКА Москва со 15 борачи, сите олимпијци и сите со по неокј медал од олимпијади, и ги бришеше душеците со нашите :)

Да не потценувам успех, но Европско натпреварување во кое финалето е во салата во Радовиш, с'ибало векот...

Што да кажам сега за да не бидам оф-топик? Ќе ја згазиме Грузија, а? :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сега требит нова демотивација за тие што испаднаа во кадар само ѕверот :D
 
В

Вори

Гостин
Сега имаат момците заслужен одмор.Нека ги одморат коските и со нови сили кон нови победи(ова ко наслов на кампања на некоја политчка партија дојде).
Само молам Бога да не летнат во облаци и да ја потценат Грузија и после тоа да изгубат.Или пак да доживееме од некого пораз и после тоа да паднеме морално и психички.Пу пу пу,да се поместам од место.

Треба да се продолжи во овој ритам.Јака игра во одбрана,подобрување во нападот.
Видете,наше најсилно оружје до ова Европско беше шутот за три.За жал досега нема проработено како што треба.Но еднаш мора да пукне,нели?Епа ако не со Грузија тогаш некој од Словенија и Русија мислам дека ќе падне и дека ќе го обере бостанот.
Мислам дека ако ги тепаме Каладзе,Кобиашвили и компанија тогаш сме на добар пат да ја тепаме и Словенија на пример.
Но за тоа потоа,чекор по чекор,без многу возбудување.На добар пат сме да направиме изненадување и искрено верувам во такво нешто.

И гледам дека само за МекКелеб се пишува на темата.Најдобар играч ни е моментално,тоа да.Но мислам дека целиот тим стои зад овој успех.Букавлно сите.Е сега некој повеќе се истакнува и издвојува,а некој не.Но тоа е релативна работа.
После Бо,мислам дека Војдан ги игра натпреварите на неговиот живот можеби.Исто така и Чековски игра фантастично.Антиќ бајги се поправи во последниве два натпревари и се надевам дека освен во дефанзива ќе поентира и во нападот.
А да не го спомнувам искуството на Гечески и добрата контрола на Илиевски.Мада вториов ме разочара и според мене слабо игра на првенствово.Се надевам дека ќе ме демантира и дека го нема кажано последниот збор.

Значи во четврток 8-ми Септември,играме со Грузија.20 години од независност,државен празник.Поголем стиимул и мотивација од ова мислам дека нема.Па затоа дечки развалите!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Бевме во група со Босна, Португалија и Израел... Ги водевме во последна четвртина на нивен терен и почнаа нашите да промашуваат слободни како луди. Тој пораз не чинеше еден Евробаскет (2007) помалце. Затоа не ја сакам нивната репрезентација, веројатно ние во слична ситуација би им помогнале. А денес прво играме за нас, затоа што нам ни требаат повеќе бодови за во втор круг. Второ играме за да им вратиме за Евробаскет 2007 и да ги депортираме во Сараево. Изморени се, ама мора да победат. Нека му даде повеќе минутажа на Мираковски, не е МекКејлеб ама ќе свирне едно 10-15 поени. Ja мислам дека не смееме да изгубиме од екипа со ваков тренер

Сабе си отиде дома им се одмаздивме сеа гледам плачат што не сме им пуштиле и за нив историска шанса али се се враќа се се плаќа :D Друг кој ни дужеше? :D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Антиќ бајги се поправи во последниве два натпревари и се надевам дека освен во дефанзива ќе поентира и во нападот.
Денес беше дупка ... Не знаеше да положи и да поентира од под кош .. Се надевам ќе се спреми за в четврток.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
Да не идеме оф топик ама кога сме тука ај да искоментирам најголем успех е дефинитивно женската ракометна селекција и пласманот на 7. позиција во толку силната конкуренција. Ако се земе предвид дека ракометот е деф број еден спорт Ѓорче Петров во клубската историја е повторно најголем успех. И успесите на Вардар ПРО, Пелистер и поново време на Металург се и те како на карта. Машката селекција беше близу сензација ама на крајот во втор круг разочара па 11. место кога се гледа сега е малце за тоа што го прикажавме во Хрватска 2009.
site gi kazuvate vardar pelister i metalurg a site zaboravivte deka jafa promet prespa go ima postignato najgolemiot uspeh vo klubskiot rakomet vo makedonija tie pred 15 g igraa polufinale vo ligata na sampionite vo evropa protiv lemgo i za samo eden gol ne uspeeja da vlezat vo finaleto jas togas imav desetina godini i pametam sto se slucuvase vo resen
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес беше дупка ... Не знаеше да положи и да поентира од под кош .. Се надевам ќе се спреми за в четврток.
Дали виде посебно денес на крај rebounds и на целокупно првенство? Антич денес беше КЛУЧЕН играч во одбрана. Му се залепи на Телетович овој само една тројка му влезе. Телетович сам ги победи Хрватите и Црногорците со шутот. За напад имаше мала деконцентрација на неколку шута под обрач ама и те како имаше одлични пробиви една клучна тројка по која тргна водството. Човекот е ѕвер не заслужува критика.
 
В

Вори

Гостин
Денес беше дупка ... Не знаеше да положи и да поентира од под кош .. Се надевам ќе се спреми за в четврток.
Во одбрана беше фантастичен,да не се лажеме.Во напад можеби промашуваше,да.Но го изеде Телетовиќ,за да овој после тоа ја фрли топката во аут без никаква причина.Ти текнуа коа сакаше тројка да шутне нели? :D
Мирза беше најдобриот играч на Босна првенствово,а денеска беше само дух.Невидлив скроз.Перо го пикна в џев.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Да, во одбрана беше добар, не викам не, али ич не ме импресионираше кога утињаше чисти кошеви .. Како и да е, да не критикуваме, туку да ги бодриме во наредниве мечеви, ова се денови кога се чувствуваме горди дека сме Македонци .. Кога ќе се вратат одиме сите обавезно на Аеродром да ги пречекаме ..
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
iskreno receno za nas drzava od nas kalibar znaci realno 1 500 000 ziteli imame vrhunski rezultati znaci so nas tuka samo ne vodat slovencite zamislete na svetko prvensvo rakomet vaterpol kosarka i odbojkata e dobra koja druga zemja osven slovenija so 1 500 000 ima vakvi rezultati kako nie realnost e toa tolku ni se silite od miljon i pol luge ne mozat site da se 2metra visoki sigurno ni 1 posto ne se pa taka ako bi imalo nekoe prvenstvo vo koe bi ucestvuvale drzavi do kaj 2.5 mil narod nie i slovencite bi bile najdobri vo svetot taa e realnosta kaj nas ima talenti sega eve so izgradbata na salive i igralistava se sozdavaat i uslovi za rabota i mislam deka ova e samo pocetok na edna uspesna prikazna za sportot vo edna drzava
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Един Бавчиќ .. поздрав до Син ... ЛЕЛЕ ГРДО ЧОВЕЧЕЕЕ !! :eek:
 
В

Вори

Гостин
Igor Trpeski
се подготвувам за нова победа ...
Вечерва 19:45 Сите ТВ живо
МАКЕДОНИЈА - БиХ

за да се поправи подоцна:

Igor Trpeski мислев вечер сите на Сител :):))))

Ова е од неговиот официјален Фејсбук профил.

:pos:

И на Фејсбук прави грешки.Ама каков-таков мене ми е добар.Ем е интересен ем коментира со срце.

едит:И ова:

Mimo Za najinteresen si mi koga vikas za d.stojanovski.....vazi za kosarkar so najmeki race..:)))

Igor Trpeski хахахаха ... ти знаеш какви раце има хахахах

Одвеан со виорот е овој :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom