Вест од јули 2010г:
Димитров: За само шест месеци 7.201 Македонци добиле бугарско државјанство
Најмалку 7.201 лице од Македонија добиле бугарско државјанство во првите шест месеци од годинава, изјавил за софиската новинска агенција “Фокус“, бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров, пренесува Нетпрес.
Според објавеното, во првата половина од годинава, “вкупно 9.309 Бугари од странство добиле бугарско државјанство, а на денешната, последна за овој месец седница, Советот за бугарско државјанство, им ги одобрил барањата на 271 лице од Македонија.
“Веќе ќе може да направам точна пресметка за тримесечието-колку лица добиле бугарско државјанство. Тоа е два и пол пати повеќе, отколку за шест месеци во други години, а во однос на Македонија, бројката е околу четири пати повеќе. Тоа е така, зошто нивните молби се одобруваат многу полесно, бидејќи не е потребно да доставуваат докази за бугарско потекло. Државата прифати дека сите Македонци се со бугарско потекло. Ние не им бараме, а тие неможат да имаат документи, во кои е запишано дека се Бугари, како што е пример со Бугарите од Молдавија и од Украина, каде каде малцинствата се официјално признаени. Таму тоа е критериум за бугарско потекло, бидејќи станува збор за христијани. Од Македонците не го бараме тоа, освен ако не станува збор за муслимани. Поради тоа Македонците се привилегирани во голем степен и нивните барања поминуваат многу полесно при проверките во Агенцијата за Бугарите во странство, во Министерството за правда и во Министерството за внатрешни работи“, изјавил Божидар Димитров.
Овде е веќе јасно кои се баби а кои жаби. Не знаеме колку дегени имаме до септември 2011г...