Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana e sranje

Македонија Шампион
Член од
9 април 2010
Мислења
225
Поени од реакции
64
џабе пари трошите и се малтретирате
многу наскоро ќе не примат во европска унија и нато и нашиот пасош ќе биде најјак на свет
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Не е проблем што зимате пасош од друга земја само за да киднете од државава, има доста луѓе и кај нас што не се Македонци,а имаат македонски пасош. НО, кај нас у пасош им стои дека се Албанци, Срби или што и да се, а кај Бугариве треба Блгарин да се пишеш за да ти даат пасош.
Ја разбирам дека секој гледа да се снајде, да си обезбеди подобар животец, АЛИ толку ниско да падне некој и да се пише нешто што НЕ Е, стварно е мизерија.
И не ми е јасно како до сега никој не ја казни Бугарија за овој пазар со пасошиве што го праи.
Zar ne mu pise i na sipo macedonian vo pasosot ?
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Zar ne mu pise i na sipo macedonian vo pasosot ?
НЕ
Може да си Албанец, Турчин, Србин...., но ако си роден во Мк и живееш тука, по тој основ имаш државјанство на РМ и може да извадиш македонски пасош.
А за блгарскиот пашапорт, како што, пример, добиваат Мк пасош Македонци од Австралија што не се родени тука, нити тука штрапнале ни живееле, но се изјасниле како Македонци, е на истиот тој начин и нашиве добиваат Бг пасош. Толку е просто.
 
T

Tetro

Гостин
НЕ
Може да си Албанец, Турчин, Србин...., но ако си роден во Мк и живееш тука, по тој основ имаш државјанство на РМ и може да извадиш македонски пасош.
А за блгарскиот пашапорт, како што, пример, добиваат Мк пасош Македонци од Австралија што не се родени тука, нити тука штрапнале ни живееле, но се изјасниле како Македонци, е на истиот тој начин и нашиве добиваат Бг пасош. Толку е просто.
Мешаш баби и жаби сеуште.
Дај седни и прочитај, најди и потврди со документ за тоа кое го тврдиш. Во меѓувреме не ги лажи луѓето по форуми.

Не знам колку и текст да изнапишеш, нема да ти стане јасно дека за да добиеш било каков пасош од било која земја, прво треба да добиеш државјанство од истата. Толку едноставно е.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Вест од јули 2010г:

Димитров: За само шест месеци 7.201 Македонци добиле бугарско државјанство

Најмалку 7.201 лице од Македонија добиле бугарско државјанство во првите шест месеци од годинава, изјавил за софиската новинска агенција “Фокус“, бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров, пренесува Нетпрес.

Според објавеното, во првата половина од годинава, “вкупно 9.309 Бугари од странство добиле бугарско државјанство, а на денешната, последна за овој месец седница, Советот за бугарско државјанство, им ги одобрил барањата на 271 лице од Македонија.

“Веќе ќе може да направам точна пресметка за тримесечието-колку лица добиле бугарско државјанство. Тоа е два и пол пати повеќе, отколку за шест месеци во други години, а во однос на Македонија, бројката е околу четири пати повеќе. Тоа е така, зошто нивните молби се одобруваат многу полесно, бидејќи не е потребно да доставуваат докази за бугарско потекло. Државата прифати дека сите Македонци се со бугарско потекло. Ние не им бараме, а тие неможат да имаат документи, во кои е запишано дека се Бугари, како што е пример со Бугарите од Молдавија и од Украина, каде каде малцинствата се официјално признаени. Таму тоа е критериум за бугарско потекло, бидејќи станува збор за христијани. Од Македонците не го бараме тоа, освен ако не станува збор за муслимани. Поради тоа Македонците се привилегирани во голем степен и нивните барања поминуваат многу полесно при проверките во Агенцијата за Бугарите во странство, во Министерството за правда и во Министерството за внатрешни работи“, изјавил Божидар Димитров.


Овде е веќе јасно кои се баби а кои жаби. Не знаеме колку дегени имаме до септември 2011г...
 
Член од
5 септември 2011
Мислења
2
Поени од реакции
1
Никаква канта,добра си е темата,и треба да си разјасниме некои работи....
Што корист кажете ми ке имате од бугарски пасош(освен ако не сте благонадежно блгарче)...
Од економски аспект ПОРАНО пред Македонија да добие визна либерализација и пред увозот на половни возила,можеби имало некоја трошка корист,но денес ке плаќате повеќе ако имате авто со бугарска таблица,односно се рачуна како странска кола...плус денес и во МК можеш донесеш авто со половна цена,плус и со Македонски пасош можеш да патуваш во ЕУ.....и пак за крај ке ве прашаш за кој ѓавол ви треба бугарски или било каков странски пасош???
Јас не познавам некој човек, што земал бугарски пасош за да купи некој луксузен автомобил.Земал бугарски пасош бидејќи сака да избега од нашата мизерна држава, да си ја спаси фамилијата, да има нормален живот, да си печали пари чесно. А не тука, било што да си, професор, доктор, и други работи неможеш да имаш нормален живот. Тука некој што учил факултет и се вработил, а некој се запишал специјализација и дадел дупло повеќе пари од тој што е само на факултет, и ја добива истата плата. Зошто? Затоа што не гласал за оние кои што се на власт, и не дозволува власта да напредува во неговата професија. А за МК пасош , точно е тоа , можеш да патуваш во ЕУ, само колку време? - 3 месеци. Не можеш ни работа да си најдеш. Имаше еден пишувал - Кога ќе одиш со бугарски пасош во странство, како ќе те гледаат таму?? Како некој џентламент? Ќе те гледаат како некој партал. А па со македонски пасош? Како ќе те гледаат? Дупло полошо. Затоа јас им препорачувам на тие што неможаат тука да имат нормален живот, да си искарат бугарски пасош и да бегаат од тука. А за тие што се политички членови, и што лапаат пари, тука на нив им е убаво, ама кога ќе паднат од власт , ќе избегаат во друга држава.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Душо, со ваква навреда се јаде бан в.01.
И колку акаунти имаш ти?
Што се замараш ти со банови бе шефе? Еден имам ја АКАУНТ (стар македонски збор:sneaky:). Исто така имам еден пасош. Македонски.

А ти, душо, колку имаш?

Не објасни зошто членот пред тебе меша баби и жаби. Не кажуваш кој дел го лаже. Само "констатираш" нешто.Ја уфрлив нешто со кое покажувам дека баш и не лаже. Задоволи ја мојата љубопитност, во кој дел од текстот што го објавив има лага?
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.665
Поени од реакции
747
^
Два пасоши имам, и?

Право на избор си е, која си па ти/вие да судите кој колку пасоши има? Тоа демек го прави нешто помалку од другите ко човек. Знам ќе рипнете дека таквите се/сме помалку македонци.

Душо, колку си македонец не се докажува на форум пред тастатура од дома. Да земе да ми прави муабет некој кој за време војната се борел во планините горе ок, ќе му кажам дека е повеќе македонец од мене :) Какво признание еј, блазе си му :)

Од дома не се палете кој/како/зошто и сл. Гледајте си за себе, додека се замарате со на комшијата козата ќе бидете HC македонци, она класика...
 
T

Tetro

Гостин
Што се замараш ти со банови бе шефе? Еден имам ја АКАУНТ (стар македонски збор:sneaky:). Исто така имам еден пасош. Македонски.

А ти, душо, колку имаш?

Не објасни зошто членот пред тебе меша баби и жаби. Не кажуваш кој дел го лаже. Само "констатираш" нешто.Ја уфрлив нешто со кое покажувам дека баш и не лаже.
Имам пишувано на темава дека имам само еден пасош, македонски.
Имам пишувано на темава и за тоа како дека прво се добива државјанство, па после пасош.
Самото државјанство докажува дека имаш прифатено да бидеш државјанин на таа една земја, а за да можеш да минуваш граници потребен ти е пасош.

Задоволи ја мојата љубопитност, во кој дел од текстот што го објавив има лага?
Ништо не знам во врска со текстот. Текст може секој да напише, па и ти.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Мешаш баби и жаби сеуште.
Дај седни и прочитај, најди и потврди со документ за тоа кое го тврдиш. Во меѓувреме не ги лажи луѓето по форуми.
Значи, втор пат пробуваш со навреди да ме заќутиш, еднаш не сум знаела да се искажам, другиов пат па уште ме обвинуваш дека лажам. Ова е јавен форум и секој има право да пишува така? Ти не си дежурен адвокат на темава, па да кажуваш кој и што смее да пишува. Јас нема што да докажувам, јасно е како се добива бугарски пасош, се изјаснуваш дека си по потекло Бугарин, ти лично, татко ти, дедо ти и завршена работа. Зарем ова не е општо познато, што има јас да докажувам, еве нека пише дека не е така некој што извадил бг пасош.

Душо, со ваква навреда се јаде бан в.01.
И колку акаунти имаш ти?
Ова на мене се однесуваше ваљда, параноја мач?
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
^
Два пасоши имам, и?

Право на избор си е, која си па ти/вие да судите кој колку пасоши има? Тоа демек го прави нешто помалку од другите ко човек. Знам ќе рипнете дека таквите се/сме помалку македонци.

Душо, колку си македонец не се докажува на форум пред тастатура од дома. Да земе да ми прави муабет некој кој за време војната се борел во планините горе ок, ќе му кажам дека е повеќе македонец од мене :) Какво признание еј, блазе си му :)

Од дома не се палете кој/како/зошто и сл. Гледајте си за себе, додека се замарате со на комшијата козата ќе бидете HC македонци, она класика...
Душо, можеш да се тешиш колку сакаш. Ако имаш бугарски пасош а немаш бугарско потекло (или било каква е*ана врска со Бугарија) тогаш си едноставно-предавник. Душо.
 
T

Tetro

Гостин
Значи, втор пат пробуваш со навреди да ме заќутиш, еднаш не сум знаела да се искажам, другиов пат па уште ме обвинуваш дека лажам. Ова е јавен форум и секој има право да пишува така? Ти не си дежурен адвокат на темава, па да кажуваш кој и што смее да пишува. Јас нема што да докажувам, јасно е како се добива Бугарски пасош, се изјаснуваш дека си по потекло Бугарин, ти лично, татко ти, дедо ти и завршена работа. Зарем ова не е општо познато, што има јас да докажувам, еве нека пише дека не е така некој што извадил Бг пасош.

Ова на мене се однесуваше ваљда, параноја мач?
:confused:

Докази, мило, докази?
--- надополнето: Sep 5, 2011 6:56 PM ---
Душо, можеш да се тешиш колку сакаш. Ако имаш бугарски пасош а немаш бугарско потекло (или било каква е*ана врска со Бугарија) тогаш си едноставно-предавник. Душо.
Браво, предавници се сите со бугарски паспорти, а оние кои имаат по три не се. :LOL:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom