Чекајте едно прашање само.
Дали на овој народ, дали на вас, дали било на кој му се верува дека ние... кои од секогаш сме биле “мајмуни“ нажалост во спортовите... стигнуваме до таму што ги посрамуваме екипи кои секогаш биле на врвот, и сме сигурни во осмина финале ( небитно на компетицијата) и одиме кон...јасно... МЕДАЛИ!!!
Дали ви се верува?
Сеуште се совземам со ова што ни се случува, и би кажал само дека ова е најдоброто нешто што може да се случи со и во нашава мала земја која по спортот е позната само по казните од официјалите поради местенки!
Браво, легенди наши! Ова е успехот кој ќе се памти цел живот на сите што сме го доживеале!