- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Епа зошто не ме прашаш бе болан?Ете, не знам ниту твојата заедница кој и е називот,,,ниту знам во што точно веруваш,
www.crkva.org.mkЕте, дајте слика на вашите храмови, миси, служби...ништо конкретно нема на нет за вас во Македонија.
Камо можеле османлиите да ја деградираат МПЦ, кога МПЦ не постоела пред 1967г? Османлиите ја деградирале Охридската архиепископија. Таа нема врска со МПЦ. Охридската архиепископја била формирана од Византија, по барање на бугарскиот цар Борис за христијанизирање на словенските пагански племиња.епа амен ту дет,...османлиите, а не црковните канони ја деградирале Мак. Православна Црква...
Си го пролистал ни икогаш верскиот закон на РМ? Бидејќи истиот неколку пати беше соборен на Уставен суд (заради несекуларноста и верската нерамноправност и принаклонетоста кон МПЦ), еве ти го последниот верски закон:а од каде знаеш дека не дзоволува? Вие протестантите имате своја заедница, чуму толку се загрижи за другите православни цркви?
http://www.kovz.gov.mk/WBStorage/Files/Zakon_za_pravnata_polozba.pdf
Прочитај го член 9 (3) кај што се вели:
Во надлежниот регистар се запишува црква, верска заедница и религиозна група доколку претходно веќе не е извршена регистрација на таква црква, верска заедница и религиозна група.
И член 10 (1):
Името и официјалните обележја на секоја нова црква, верска заедница и религиозна група треба да се разликуваат од називите и официјалните обележја на веќе регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи.
Порано овој член од законот гласеше вака:
За една вероисповест (православие) може да постои само една верска заедница (алудирајќи на МПЦ).
п.с. Коментарите во заградите се мој додаток.
Потоа го изменија структурно и граматички, ама во суштина остана ист и повторно забранува регистрација на друга православна црква штитејќи ги притоа интересите на МПЦ.
И ова не е наивно грчевито штитење на МПЦ. МПЦ од петни жили агитира кај власта да го задржи монополот и да биде единствен паша на македонската нива, за да може самостојно да ја ора како што ќе посака, дискриминирајќи ги сите останати верски заедници. Само ќе видиме до кога. Кад тад мора да попушти. Не може да тера инат на цел свет и со одолговлекувањето само ја продолжува транзицијата, уназадувањето на нашиот народ и Евро-атланските интеграции на Македонија.
Ништо не правиме. Ставен е како декорација, симбол, христијанско обележје на храмот. И не е само крстот таков симбол. Како христијански симболи се користат и рибата, гулабот, пастирот, светлината и сл. И пак ќе речам: никој не се поклонува пред нив, никој не ги осветува, никој не им се моли, не им врши никакви метании.а што е крстот и што правите со него?
Мажите протестанти не ја сметаат жената за нешто испод, не доминираат над неа и ја сметаат за еднаква пред Бога. Тоа што селективно си цитирал одредени цитати и погрешно ги разбираш, тоа е дург проблем. Во Библијата јасно пишува дека во Христос нема машко и женско, грк и евреин, роб и слободен, (значи нема ни полова, ни етничка, ни економска/социјална дискриминација) туку и дека сите се ЕДНО во Него. (Галатјаните 3:28, Библијата)аха...а вие следите Божјо Слово 100%?
Дали го следите ова? Дали мажите протестанти ја сметаат жената за нешто испод, дали доминираат врз нив, дали ги стрижат ако не се покријат...
дали вака живеете каде жената ја третирате како во исламските држави? Или правите отстапки и ја третирате рамна на мажот и еднква пред Бога?
--- надополнето: Sep 4, 2011 1:33 PM ---
Во Македонија има 3 исламски верски заедници, две адвентистчки цркви (и двете го носат називот адвентистичка), две баптистички (и двете независни и хиерарски одвоени), 3 верски заедници го носат името „евангелска“ (евангелска, евангелско-конгрешанска, евангелско-методистичка).
Зошто не се дозволуваат 2 православни цркви? Зошто ниту една друга верска заедница не смее да го користи зборот „православна“ во своето име? (Во Украина на пример постојат 3 православни цркви)
Што е тоа ако не страв од конкуренција на пазарот и грчевито чување на монополот?