S
Shellshock nam67
Гостин
ne zaboravi deka mnogu srpski vladeteli bile krunisani od ohridski arhiepiskopi da ne zaboravi prijatelov corbadzijataДали и како МПЦ се „одвоила“ е малце подлабока и почуствителна тема за која би требало да се вклучи повеќе сива маса па да се даде некаков коментар вреден за одговор. Сепак, решив, иако го избегнувам овој подфорум извесно време, да одговорам на коментарот (кој не е вреден за одговор), оти или цитираново е резултат на незнаење, или пак е малициозно.
Охридската Архиепископија, поточно Патријаршија е втемелена во времето на Самуил, на почетокот на вториот милениум од новата ера, некои два века пред пеќката патријаршија. Василиј II, откако расчистил со Самуиловата држава, ја свел на архиепископија, но таа продолжила да постои и да го шири влијанието. А српската црква формирана на дел од териториите под влијание на ОА, неканонски е формирана во почетокот на 13 век. Во таа смисла, за тоа што е каконско а што не, интересна е преписката меѓу охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан и никејскиот патријарх (во тоа време Цариград е под власт на крстоносците, па ромејската црква и василевсот имаат седиште во Никеја). Така, канонски нели, се проблематизира и самото постоење на СПЦ. Исто така, укинувањето на ОА во 18 век, купувањето со злато на црковната власт во вардарскиот дел на Македонија од страна на СПЦ по балканските војни се прашања кои заслужуваат внимание кога станува збор за тоа што е каконски неправилно.
А идеи за обнова на ОА, односно на МПЦ имаме и порано - Григор Прличев, Теодосиј Гологанов и други.
Секако, во прашање е политика а не вера, но тука не се може ништо. Во сите вери политиката си го прави своето.Тоа додава дополнителен зачин во целата каша, па така е поинтересно.
--- надополнето: Sep 3, 2011 4:27 PM ---
Повели, вклучи се што е вредно за вклучување, каноните на православните цркви се мошне јасни и прецизни за тоа што е раскол, за тоа што е канонска црква (не зборам според Бог и Библијата, туку според православните цркви). Факт е дека МПЦ се одвоила од СПЦ со тоа што не добила од неа автокефаќност и бунтовнички самата си самопрогласила афтокефалност, спротивно на каноните на православните цркви и тоа ја прави расколничка црква - затоа и целиот православен свет не ја признава за канонска.
koj ne ja priznava , sedi miren ukrainskata crkva kade e crnogorskata kade e, samiot temel na spc e nekanonski i nekanonski e dignata na patrijarsija
Точно е тоа дека СПЦ неканонски е формирана, но еден век подоцна таа се покајува, Охридската Архиепископија и дава автокефалност и таа станува канонска црква и во литургиско единство со неа. Проблемот со СПЦ е решен. Од тогаш па натаму не постои никаков проблем за канонското постоење на СПЦ меѓу православните цркви.
ima eden del kade sv kiril im se obrajka na latinite zosto napravile svoja azbuka a ne ja prifatile latinskata mislam toj del ti odgovra tokmu na ovaat tvoja raskolnicka tema.