Природна медицина

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.077
On the long run, maybe. Алтернативната медицина како овошје, тревки и штоне не ја прифаќам многу.
Посебно не кога дошол нож до коска, и ми треба инстантно лекови.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Пишав и во дежурната.... да пишам и тука пошо ми треба помош!

Од природнава медицина нешто за ПРЕвисоки Тригилицериди?

Ви благодарам однапред!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пишав и во дежурната.... да пишам и тука пошо ми треба помош!

Од природнава медицина нешто за ПРЕвисоки Тригилицериди?

Ви благодарам однапред!
Исфрли го компирот од исхраната, вежбај минимум 30 минути дневно, батали алкохол и цигари, на благо заборави некој период, шеќер исто така и овошни сокови. Стај се на диета и избегнувај масна храна. Конзумирај лук, риба, мешункасти плодови.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
386
Поени од реакции
98

Со нане против болки во стомакот

Во народната медицина нането се покажало како природен лек при: стомачни заболувања (пролив и надуваност, болки на стомакот), заболувања на дишните патишта (воспаление на уста, грло и при кашлица), нервоза, болести на жолчната кеса и жолчните патишта, цревни заболувања, болести на црниот дроб итн.
Овој стар лек посебно често се користи при болки во стомакот. Со помош на нането ќе ја одстраните надразнетоста на желудникот, сите проблеми со варењето на храната, гасовите и надуеноста.
Валеријана против нервоза и за добар сон

Во народната медицина коренот од валеријаната широко се употребува во вид на тинктура и сируп како природно средство на смирување. Во некои земји се употребува и како природен лек против ракот.
Успешно се користи во анти-пушачките третмани затоа што ефикасно го прочистува организмот од наталожениот никотин, ја намалува потребата за цигари, нервозата и вознемиреноста. Со успех се користи при проблеми со несоница, тегоби при патување, а и во секојдневниот живот на епилептичарите за подобро поднесување на кризните грчеви и напади.
Чајот од коренот на валеријаната успешно се користи при лекување на сите нервни заболувања. Се постигнуваат извонредни резултати при епилепсија, хистерија, хипохондрија, нервоза, вознемиреност, несоница, грцеви околу срцето, нервозни грчеви на душникот, астма, грчеви и болки во желудникот и цревата, при подуеност на цревата, повраќање, вртоглавица. Се препорачува и за лекување на невротска главоболка.
Бројни иструвања покале дека валеријаната го враќа нормалниот сон без никакви негативни последици, а покрај тоа не создава зависност, што е случај со таблетите за смирување и за спиење (седативи).
Ѓумбир против мачнина

Зачините не се само состојки кои го подобруваат вкусот на јадењата, туку можат да послужат и како делотворен домашен лек бидејќи содржат драгоцени состојки...
Коренот од ѓумбирот содржи етерични масла и лути состојки (гингерол), кои го смируваат нервниот систем, го поттикнуваат лачењето на плунка, желудечните сокови и жолчката. Со тоа мастите побрзо согоруваат. Оваа состојка ја поттикнува и работата на цревата и исфрлањето на штетните материи од организмот.
Кога станува збор за лековитите својства на ѓумбирот, одамна е познато дека тој е одлично природно средство за смирување на сомачната нервоза. Исто така, консумирањето на ѓумбирот може да ги смири незгодните мачнини кои ги имаат патниците на бродовите за време на крстарење.
Се уште со сигурност не се знае како ѓумбирот дејствува против мачнина, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека ѓумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.
Научниците претпоставуваат дека ѓумбирот ги блокира сигналите во мозокот кои поттикнуваат на повраќање и така не ослободуваат од мачнината. Некои истражувања дури покажале дека ѓумбирот дава подобри резултати при утринска мачнина отколку лекот драмамин, со тоа што ѓумбирот, за разлика од драмаминот, не предизвикува поспаност.
Бромелин против воспаление и болка

Бромелинот го има во големи количини во ананасот. Оваа состојка ги ублажува воспаленијата и го намалува отокот при акутните воспаленија на синусите, грлото, помага при артрит, гихт и го забрзува оздравувањето после операции и повреди.
Бромелинот е природен лек против настинка и бронхит, бидејќи го разредува секретот во дишните патишта и го олеснува неговото искашлување. Некои истражувања дури покажале дека кај некои воспаленија, бромелинот би можел да се користи наместо антибиотик. За да ова својство на ананасот целосно се искористи, се препорачува консумирање на ананас помеѓу оброците, инаку ензимите се искористуваат за процестот на варење на храната. Бромелинот се наоѓа во петелките и во плодот на ананасот, но се инактивираат со топлина. Затоа конзервираниот ананас не се добар извор на овие ензими, па најдобро е тој да се консумира свеж.
Научниците сметаат дека бромелинот ги разградува протеините во крвта и на тој начин го намалува воспалението, кое предизвикува болка. За разлика од препаратите од аптеките, кои како несакани ефекти можат да имаат болки во желудникот и срцеви тегови, бромелинот е потполно сигурен и не предизвикува никакви несакани ефекти. Затоа, конусмирајте свеж ананас.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ГРОЗЈЕ -младост за кожата. Благодарение на својствата на антиоксидансите го содржат најдобрите козметички препарати. Освен тоа, го прочистуваат организмот и може да спречи инфаркт. Грозјето е богато со витамини А, Б и Ц и со разни минерали.
Поради разните антиоксиданси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите.
Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот.
Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје. Консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

БРУСНИЦА - Содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), голема концентрација на витамин Ц, калиум и растителни влакна. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.
Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото.
Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.
Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото.
Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови).
Брусницата го подобрува и видот.

БАНАНА - содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение. Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.
Бананите се природен лек против срцевите заболувања и високиот крвен притисок
Бананите се полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок. Таа е природен лек за слабокрвност бидејќи е богата со железо. Корисна е за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудочната киселина, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување.

АЛОЕ ВЕРА - Природната алое верата содржи: калциум, магнезиум, витамини А, Ц, Е, Б12 и Д, германиум, есенцијални масни киселини, ензими, 18 амино киселини итн.
Сокот од алое вера е сврстен во еден од најдобрите прочистувачи на телото и внатрешните органи, поточно на желудник, црн дроб, бубрези, слезина, мочен меур.
Ја одржува влажноста, сјајот и еластичноста на кожата, преку неа се зголемува производството на колаген, помага при лекување на изгорениците на телото (од сонце или од зрачење) и ја ублажува болката, се користи и при лекување на хемороиди, дерматитис, црвенило, иритации, псоријаза, воспаление на очи, а воедно и успешно ги измазнува брчките.
Го одржува организмот стабилен и го чува имунолошкиот систем од болести како рак, тумор, сида, го редуцира шеќерот во крвта кај дијабет I и II, а исто така ги редуцира и воспалителните процеси како колитис, артритис, гастритис.
Игра важна улога и при заздравувањето на оштетените ткива и уништување на патогените организми. Затоа е и добра за одржување на оралното здравје, поточно на устата и забите.

МАНДАРИНИ - Во 100 g мандарини има 30 mg витамин Ц (100 g портокал има 50 mg витамин Ц), а тука се и витамините од Б групата, минералите калциум, магнезиум, цинк, па дури и 160 mg калиум, минерал кој е, покрај другото, заслужен и за правилната работа на срцето.Најважни фитохемикалии на мандарината се флавоноидите и терпеноидите, а жолтеникавата боја потекнува од ксантофилот. Мандарината, значи, во својот состав има бета каротини, а со разградувањето на бета каротините се синтеизира витаминот А кај човекот, кој витамин е заслужен за добриот вид и нежната и еластична кожа.

КАЛИНКА - Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.
Кората од плодот најчесто се употребува за чај против дијареја и цревни паразити.

ПОРТОКАЛ - изобилува со витамин Ц, калиум, тијамин, фосфор Г, липонска киселина (витамин Б9) и витамин Б6. Портокалот има многу позитивни страни. Тој е многу добро средство за мрсна кожа, ја освежува и чисти кожата. Богат е со бета каротин, моќен антиоксидант што се грижи за нашите ќелии.
Калциумот во портокалот ги зајакнува забите и коските. Служи и за одржување на нормален крвен притисок и подобрување на функцијата на мускулите. Една чаша цеден портокал дневно го спречува повторното појавување на каменот во бубрег.
Витаминот Ц го спречува крвавењето, го забрзува зараснувањето на исекотините и ги зајакнува крвните садови и капилари помагајќи им да ги спречат срцевите удари.
Го намалува ризикот од срцеви заболувања, нивото на холестерол и крвен притисок, го подобрува имунолошкиот систем, преку големите количини на калиум, кои се наоѓаат во портокалот, се храни телото, помага при создавањето на нови ќелии, спречува создавање на различни видови на рак (вклучувајќи ги ракот на дојка и на простатата).

ДИЊА - содржи голема количина вода, а релативно малку калории, така што, таа е погодна како диетална исхрана, како дуереик и за чистење на организмот, а исто така содржи и корисни состојки: бакар, бета каротен, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони, витамин А, витамин Б-комплекс, витамин Ц, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, манган, минерални соли, натриум, ниацин, органски киселини, пантотенска киселина, селен, сулфур, тианин, фолна киселина, фосфор и цинк. Како лековит дел во исхраната се користи плодот. Облогите од дињата (кришки или кора од диња) се добри против изгореници.
Поради своите состојки доста поволно дејствува на организмот кога се во прашање: акни, алергии, анемија, астма, заболувања на жолчката, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, главоболка, дебелина, губење на помнењето, дијабетис, екцем, импотенција, катаракта, мамурлук, отекувања на телото, некои врсти на рак, неплодност, несоница, остеоартритис, остеопороза, пад на имунитетот, зголемена температура, превенција од болести на органите за варење, настинки и грип, проблеми со бубрезите и мочните канали, проблеми со цревата, проблеми со кожата, проблеми со крвниот притисок, проблеми со метаболизмот, проблеми со простатата, проблеми во бременоста, против сончеви изгореници, инфекции, стрес, при убоди од инсект, хемороиди, херпес, хипертиреоза, хроничен замор, шлог...

БАДЕМ - семето од бадемот е висококалорична храна. Треба да се зема умерено од 10-20 парчиња на ден. Се препорачува на трудници, доилки, спортисти, нервозни особи и кај големи физички напори. Се користи кај зголемена киселина. Од него се припрема пијалак за отстранување на грозница. Ако патите од непријатно зуење на ушите, треба да земете бадем замотан во памук и натопен во бадемово масло и да се стави во увото, постапката да се повторува додека не ни помине.
Бадемите се богати со многу минерали, така што, во 100 грама бадеми има: 2,5 милиграма манган, 2,75 милиграма магнезиум, 3,4 милиграма цинк, 4,3 милиграма железо и 2,48 милиграма калциум. Исто така бадемите се и одличен извор на витаминте Е, и витамини од Б комплексот: рибофлохин, ниацин и тиамин.
Докажано е дека бадемите штитат од срцеви напади, и секојдневно консумирање на 45 гр. бадеми го намалува ризикот од појава на срцеви болести.

ЛЕШНИК - содржи голема количина на масти и белковини и има голема калорична вредност, се препорачува во диетите за поправање и во вегетаријанската исхрана. Виното припремено со свежи и суви листови од леска, се употребува како додатна терапија кај особи кои прележале жолтица, а додека иситнетата кора од леска варена во мешавина од вино и вода се применува како облога кај гнојни чиреви и го убрзува нивното созревање. Ако имате низок притисок, јадете три пати на ден, еден саат пред оброкот по две лажичина излупени лешници. Пола саат пред оброкот јадете 200 грама црно грозје и устата исперете ја со вода

ЦИМЕТ -се употребува за појачување на чајните мешавини наменети за лекување на состојби карактеристични за зимски услови (настинка, грозница, артирт, ревматизам), има антисептичко и тонизирачко дејство, а се користел и за лекување при нарушена дигестија при немање апетит, мрзливи црева, грчеви во стомак и дијареја. Кората од циметот се препорачува и при прекумерно мокрење, полова немоќ при менструални болки, при аменореја и неплодност кај жени, не се препорачува при силни циклусни крварења.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Боранија - содржи околу 91отсто дестилирана вода, околу 5 отсто јаглеродни хидрати, 2,2 отсто белковини и само 0, 3 отсто масти, а нејзината енергетска вредност изнесува само 32 килокалории. Во боранијата има висок процент на минерални материи: калиум, калциум, фосфор, магнезиум, натриум, железо, манган, бакар, цинк и уште неколку олигоелементи. Од витамините има најмногу витамин Ц, бета-каротин, витамин и витамини од Б-групата. Боранијата содржи мошне корисни органски киселини - јаболкова и лимонска киселина. Свежата боранија содржи и некои непотребни компоненти како што се: оксална киселина, мочна киселина, пурински бази и еден протеин - фазин, кој е отровен. Фазинот со термичка обработка целосно се разложува и станува безопасен. Поради тој факт, не треба да се јадат сирови мешунки од боранија.
Освен наведените корисни хранливи состојки, боранијата содржи и неколку ретки состојки што имаат лековито својство. Една од нив е инозитолот, кој има својство да го зајакнува срцето, го оптимализира и го регулира метаболизмот на калциумот. Содржи супстанција што има способност да го оптимализира бројот на белите крвни зрнца, кои особено се намалуваат при честа и неконтролирана употреба на синтетички антибиотици. Во мешунките од боранијата се наоѓа и една супстанција од групата глукокинини, која има својство и дејство слично на инсулинот.
Таа супстанција го нормализира нивото на шеќерот во крвта и тоа бавно и долготрајно, а не нагло како инсулинот. Боранијата има и детуративно својство - му помага на организмот да се ослободи од навлезените или создадените токсични супстанции и на тој начин ја помага функцијата на црниот дроб. Боранијата има и диуретично својство - го зголемува излачувањето на урината и затоа е препорачливо да ја консумираат сите луѓе, а особено тие со ревматски тегоби, луѓе во чија урина се појавил албумин, како и луѓе кај кои е констатирано високо ниво на уреа во крвта.

Грашок - Само 100 гр грашок го снабдува организмот со десет пати повеќе белковини, за разлика од внесувањето виршла со пржен компир или парче торта со шлаг.
Грашокот долго време нé држи сити бидејќи е богат со баласти материи и полека поминува низ дигестивниот тракт. Високиот процент на овие материи во грашокот има уште една предност – ги намалува зголемените вредности на холестеролот. Освен тоа, овој вкусен и здрав зеленчук содржи значајна количина магнезиум. Доволно е само малку да биде издинстан, и станува вистинско антистрес јадење.Грашокот можеме слободно да кажеме дека е идеално јадење за децата, тој ја враќа енергијата, ја зголемува концентрацијата, го засилува сврзното ткиво, го подобрува видот, ја јакне косата и учествува во градењето на мускулната маса.

Леќа - се вбројува во групата на зрнести мешунки. Има околу 40 сорти на леќа, кои ги разликуваме според бојата, големината и обликот.Леќата е позната како многу вреден енергетски продукт. Во 100 грама леќа содржи 338 калории, изобилува со витамин Б, и големо количество јаглено хидрати.
Леќата не содржи заситени масни киселини, ниту штетен холестерол, а е извонреден извор на растопливи и нерастопливи влакна. Исто така таа е богат извор на витаминот Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк.
Високата содржина на витаминот Б6, ја прави леќата поволно да делува на нервниот систем, а со голема содржина на железото исто така ја прави леќата, да биде корисна во спречувањето на слабокрвност.
Растопливите масла го намалуваат нивото на гликозата и холестеролот во крвта, со што се намалува потребата за инсулин кај лицата заболени од дијабетес.
Нерастопливите влакна ја подобруваат "столицата".
 
Член од
2 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
кој сака алое вера http://www.facebook.com/?ref=home#!/flpmk



ГРОЗЈЕ -младост за кожата. Благодарение на својствата на антиоксидансите го содржат најдобрите козметички препарати. Освен тоа, го прочистуваат организмот и може да спречи инфаркт. Грозјето е богато со витамини А, Б и Ц и со разни минерали.
Поради разните антиоксиданси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите.
Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот.
Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје. Консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

БРУСНИЦА - Содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), голема концентрација на витамин Ц, калиум и растителни влакна. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.
Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото.
Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.
Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото.
Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови).
Брусницата го подобрува и видот.

БАНАНА - содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение. Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.
Бананите се природен лек против срцевите заболувања и високиот крвен притисок
Бананите се полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок. Таа е природен лек за слабокрвност бидејќи е богата со железо. Корисна е за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудочната киселина, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување.

АЛОЕ ВЕРА - Природната алое верата содржи: калциум, магнезиум, витамини А, Ц, Е, Б12 и Д, германиум, есенцијални масни киселини, ензими, 18 амино киселини итн.
Сокот од алое вера е сврстен во еден од најдобрите прочистувачи на телото и внатрешните органи, поточно на желудник, црн дроб, бубрези, слезина, мочен меур.
Ја одржува влажноста, сјајот и еластичноста на кожата, преку неа се зголемува производството на колаген, помага при лекување на изгорениците на телото (од сонце или од зрачење) и ја ублажува болката, се користи и при лекување на хемороиди, дерматитис, црвенило, иритации, псоријаза, воспаление на очи, а воедно и успешно ги измазнува брчките.
Го одржува организмот стабилен и го чува имунолошкиот систем од болести како рак, тумор, сида, го редуцира шеќерот во крвта кај дијабет I и II, а исто така ги редуцира и воспалителните процеси како колитис, артритис, гастритис.
Игра важна улога и при заздравувањето на оштетените ткива и уништување на патогените организми. Затоа е и добра за одржување на оралното здравје, поточно на устата и забите.

МАНДАРИНИ - Во 100 g мандарини има 30 mg витамин Ц (100 g портокал има 50 mg витамин Ц), а тука се и витамините од Б групата, минералите калциум, магнезиум, цинк, па дури и 160 mg калиум, минерал кој е, покрај другото, заслужен и за правилната работа на срцето.Најважни фитохемикалии на мандарината се флавоноидите и терпеноидите, а жолтеникавата боја потекнува од ксантофилот. Мандарината, значи, во својот состав има бета каротини, а со разградувањето на бета каротините се синтеизира витаминот А кај човекот, кој витамин е заслужен за добриот вид и нежната и еластична кожа.

КАЛИНКА - Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.
Кората од плодот најчесто се употребува за чај против дијареја и цревни паразити.

ПОРТОКАЛ - изобилува со витамин Ц, калиум, тијамин, фосфор Г, липонска киселина (витамин Б9) и витамин Б6. Портокалот има многу позитивни страни. Тој е многу добро средство за мрсна кожа, ја освежува и чисти кожата. Богат е со бета каротин, моќен антиоксидант што се грижи за нашите ќелии.
Калциумот во портокалот ги зајакнува забите и коските. Служи и за одржување на нормален крвен притисок и подобрување на функцијата на мускулите. Една чаша цеден портокал дневно го спречува повторното појавување на каменот во бубрег.
Витаминот Ц го спречува крвавењето, го забрзува зараснувањето на исекотините и ги зајакнува крвните садови и капилари помагајќи им да ги спречат срцевите удари.
Го намалува ризикот од срцеви заболувања, нивото на холестерол и крвен притисок, го подобрува имунолошкиот систем, преку големите количини на калиум, кои се наоѓаат во портокалот, се храни телото, помага при создавањето на нови ќелии, спречува создавање на различни видови на рак (вклучувајќи ги ракот на дојка и на простатата).

ДИЊА - содржи голема количина вода, а релативно малку калории, така што, таа е погодна како диетална исхрана, како дуереик и за чистење на организмот, а исто така содржи и корисни состојки: бакар, бета каротен, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони, витамин А, витамин Б-комплекс, витамин Ц, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, манган, минерални соли, натриум, ниацин, органски киселини, пантотенска киселина, селен, сулфур, тианин, фолна киселина, фосфор и цинк. Како лековит дел во исхраната се користи плодот. Облогите од дињата (кришки или кора од диња) се добри против изгореници.
Поради своите состојки доста поволно дејствува на организмот кога се во прашање: акни, алергии, анемија, астма, заболувања на жолчката, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, главоболка, дебелина, губење на помнењето, дијабетис, екцем, импотенција, катаракта, мамурлук, отекувања на телото, некои врсти на рак, неплодност, несоница, остеоартритис, остеопороза, пад на имунитетот, зголемена температура, превенција од болести на органите за варење, настинки и грип, проблеми со бубрезите и мочните канали, проблеми со цревата, проблеми со кожата, проблеми со крвниот притисок, проблеми со метаболизмот, проблеми со простатата, проблеми во бременоста, против сончеви изгореници, инфекции, стрес, при убоди од инсект, хемороиди, херпес, хипертиреоза, хроничен замор, шлог...

БАДЕМ - семето од бадемот е висококалорична храна. Треба да се зема умерено од 10-20 парчиња на ден. Се препорачува на трудници, доилки, спортисти, нервозни особи и кај големи физички напори. Се користи кај зголемена киселина. Од него се припрема пијалак за отстранување на грозница. Ако патите од непријатно зуење на ушите, треба да земете бадем замотан во памук и натопен во бадемово масло и да се стави во увото, постапката да се повторува додека не ни помине.
Бадемите се богати со многу минерали, така што, во 100 грама бадеми има: 2,5 милиграма манган, 2,75 милиграма магнезиум, 3,4 милиграма цинк, 4,3 милиграма железо и 2,48 милиграма калциум. Исто така бадемите се и одличен извор на витаминте Е, и витамини од Б комплексот: рибофлохин, ниацин и тиамин.
Докажано е дека бадемите штитат од срцеви напади, и секојдневно консумирање на 45 гр. бадеми го намалува ризикот од појава на срцеви болести.

ЛЕШНИК - содржи голема количина на масти и белковини и има голема калорична вредност, се препорачува во диетите за поправање и во вегетаријанската исхрана. Виното припремено со свежи и суви листови од леска, се употребува како додатна терапија кај особи кои прележале жолтица, а додека иситнетата кора од леска варена во мешавина од вино и вода се применува како облога кај гнојни чиреви и го убрзува нивното созревање. Ако имате низок притисок, јадете три пати на ден, еден саат пред оброкот по две лажичина излупени лешници. Пола саат пред оброкот јадете 200 грама црно грозје и устата исперете ја со вода

ЦИМЕТ -се употребува за појачување на чајните мешавини наменети за лекување на состојби карактеристични за зимски услови (настинка, грозница, артирт, ревматизам), има антисептичко и тонизирачко дејство, а се користел и за лекување при нарушена дигестија при немање апетит, мрзливи црева, грчеви во стомак и дијареја. Кората од циметот се препорачува и при прекумерно мокрење, полова немоќ при менструални болки, при аменореја и неплодност кај жени, не се препорачува при силни циклусни крварења.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Многу од корисниве овошја, да речеме за пример грозје, сливи ги нема во зима, па затоа сакав да прашам дали ако ги конзумирам суви, знаете има суви сливи и суво грозје тие се исто така полезни и не ги губат добрите својства што ги имаат во свежа состојба.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Многу од корисниве овошја, да речеме за пример грозје, сливи ги нема во зима, па затоа сакав да прашам дали ако ги конзумирам суви, знаете има суви сливи и суво грозје тие се исто така полезни и не ги губат добрите својства што ги имаат во свежа состојба.
СУВИ СЛИВИ - се особено хранливи и имаат лаксативни својства (ако страдате од нередовно празнење на цревата , омекнете ги сувите сливи во вода и се консумира наредното утро). Консумирањето суви сили исто така помага при забавувањето на развојот на атеросклерозата, воспалителни болести кои доведуваат до кардиоваскуларни заболувања

СУВО ГРОЗЈЕ - го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина. Покрај тоа, добро е за видот, исто како и морковот.
Сувото грозје поради значително намаленото присуство на водата има поголема енергетска вредност отколку свежото - 269 килокалории. И процентот на јаглените хидрати е поголем и изнесува околу 70 отсто, белковини околу 3 отсто и растителни влакна 7 отсто. Присуството на минералите во 100 г суво грозје е значително поголемо во однос на 100 г свежо грозје, а количеството на витамините од Б -групата и витаминот Ц е значително помало во однос на свежото грозје.

СМОКВИ - содржат витамини А и Ц, фолна киселина и ниацин. Воедно полни се со семе. Тие влијаат на зголемување на мобилноста и бројот на сперматозоидите. Се смета дека во одредена мера влијаат на спречување на стерилитетот кај мажите.
Сувите смокви се богати со влакна, па затоа тие го регулираат варењето на храната. Консумирање на 3 или 4 суви смокви наутро, пред доручек, ќе го забрза и олесни варењето на храната. Од витамини, сувата смоква содржи малку витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и К, а минерали:калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган, железо, селен, бакар и цинк.

ЗЕЛЕНА САЛАТА - Во себе содржи многу минерали од кои најмногу калциум, железо, магнезиум, јод, манган, кобалт, никел, силициум и бакар, а од витамините Ц, бета-каротин, готово сите витамини од Б групата и витаминот Е. Зелената салата била славна уште од античко време, заради својот млечен сок, кој најмногу го има во коренот, во лисните ребра и младите стебленца. Овој сок се нарекува лактукариум и делува помалку како опиум, само што не е воопшто штетен. Во медицината е потврдено дека лактукариумот ја ублажува болката и нервната напнатост и допринесува за добар сон. Затоа ако имате проблеми со несоницата, пробајте пред спиење да изедете малку зелена салата.Зелената салата не штити од вишок на килограми, но и од малигни заболувања. Со консумирање на четири чинии салата неделно, можно е да се намали ризикот од појава на рак на белите дробови. Најдобра заштита на белите дробови се постигнува со комбинација на умерена физичка активност и зголемен внес на зелена салата во исхраната.

КОМПИР - содржи околу 60 различни фитосоидиненија и низа важни минирели како калциум, фосвор, бакар, цинк и железо. Во компирот ги има и витамините Б1, Б2, и Б9. Богат е со витамин Ц, кој значително ја подобрува апсорпцијата на железото од компирот. Компирот содржи јаглехидрати, особено скроб, белковини и мала количина на масти. Најголем дел од белковините и витаминот Ц се наоѓаат веднаш под кората.
Компирот содржи многу важни биолошки активни протеини. Овие протеини го штитат организмот од болести и предвремено стареење, а покрај тоа имаат способност и да го намалат високиот крвен притисок. Препорачливо е компирот да се вари со кората. За уште подобар ефект за здравјето, компирот треба да се конзумира изладен. Тогаш во компирот се зголемува уделот на т.н.р отпорен скроб, кој е несварлив и не се апсорбира во танкото црево. На овој начин несварливиот скроб дејствува како пробиотик кој го потикнува растот на корисните бактерии во цревата, а го намалува бројот на патогените микроорганизми. Несварливиот скроб има и други корисни својства дава чуство на ситост, го подобрува искористувањето на калциумот и поволно влијае на нивото на шеќер во крвта.Пржениот компир не е здрав за организмот. Со консумирањето на пржен компир, во организмот се внесува многу поголема количина на заситени масти. Затоа, нутриционистите советуваат дека ваквиот вид на оброк треба да се избегнува.

ГРАВ - изобилува со витамини и минерали како што се калиум, магнезиум, калциум, цинк, витамин Б-6, витамин Ц.
Има скоро идеален нутритивен состав. Тој е побогат со протеини и од месото.
Гравот не треба да се јаде со месо, риба и јајца, бидејќи со нивна комбинација се зголемува киселоста на крвта и мочката. Високата содржина на јагленохидрати, пред се скроб, дава долготрајно чувство на ситост, а со оглед на тоа што има помал гликемиски индекс од другите скробни намирници, гравот е дозволен во исхраната на дијабетичарите (во мали количини!).
Гравот го намалува нивото на холестеролот во крвта, ги врзува токсините во цревата и помага за нивно исфрлање. На тој начин, гравот го чисти организмот од токсини.
Поради високата содржина на фолни киселини, гравот им се препорачува на трудниците за нормално развивање на плодот.
Поради содржината на фитинските киселини, се ограничува консумирањето на гравот во терапии на анемија и остеопороза, бидејќи фитинската киселина ја отежнува апсорпцијата на железото и калциумот од цревата.
Гравот е тешко сварлива намирница. Лушпата на гравот е богата со сирови влакна и други материи кои несварени пристигаат во дебелото црево и така настануваат процеси на трулење, што доведува до чувство на надуеност и појава на гасови.
Лицата кои страдаат од желудечни, цревни и срцеви заболувања би требало да јадат грав во помали количини, поради неговата тешка сварливост, како и поради неговата тенденција дад го зголемува нивото на киселини во желудникот. Поради високата количина на протеини, гравот треба да го јадат во умерени количини и лицата со бубрежни заболувања.

ОРИЗ- богат со минерали: фосфор, калиум, магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт. Од витамини, оризот најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б. Оризовата вода е природно средство против пролив.
Поради големата содржина на скроб и калиум, како и поради неговата лесна сварливост, оризот се препорачува за диетално лекување на желудечното и цревното воспаление и на проливот. Научно е докажано дека оризот, поефикасно од било која друга житарица, го зголемува излачувањето на мочката, па затоа тој им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит).Тој е диуретик, добро делува на воспаление на дебело црево, одлично се справува со пролив и висок притисок.

ПЧЕНКА - богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот. Варена или печена, пченката е природен заштитник против низа дегенеративни заболувања како што се: рак, Алцхајмерова болест, болести на срцето и крвните садови и други.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Македонка фала за информација, само ме интересира дали ги имаат оние антиоксиданси како и во свежите или се губат кога се суви. Како што разбрав кај сувото грозје се намалувал Витаминпт Ц, а мене баш тоа ме интересира антиоксидансите дали ги има во исти количини, и ако ги нема дај ми предлог во зима кое овошје или зеленчук да го консумирам кое изобилува со антиоксиданси. Јас ги консумирав овие мислејки дека изобилуваат со антиоксиданси.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Македонка фала за информација, само ме интересира дали ги имаат оние антиоксиданси како и во свежите или се губат кога се суви. Како што разбрав кај сувото грозје се намалувал Витаминпт Ц, а мене баш тоа ме интересира антиоксидансите дали ги има во исти количини, и ако ги нема дај ми предлог во зима кое овошје или зеленчук да го консумирам кое изобилува со антиоксиданси. Јас ги консумирав овие мислејки дека изобилуваат со антиоксиданси.
Затоа зимно време ги има и лимоните, портокалите, јаболкото, кивите.....
Секојдневно научниците откриваат нови антиоксиданси. Најважни антиоксиданси на кои досега им е испитано дејството се: селенот, витамин Е, витамин Ц, каротеноиди, полифенол, коензим Q-10.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Мене салепот ми помогна за дишните патишта, за сите кои имаат хроничен бронхитис им препорачувам да го пробаат овој лек. :)

Салеп

Неколку збора за салепот . . . Тоа е всушност билка од родот на Orchis sp. од која се користи коренот, односно грутката. Здравите, сочни и развиени грутки се откопуваат кога билките цветаат или потоа. Собраните грутки се мијат со ладна вода, потоа се држат неколку минути во топла вода за да се деактивираат ензимите во нив, па се сушат на сонце. Заради големата количина на слузи која ја содржи, од коренот се подготвува густа, вискозна течност, која популарно се нарекува салеп.

Салепот се препорачува при надразнетост на грлото и на горните дишни патишта бидејќи надразнетата слузница ја обложува со тенок и го запира кашлањето.


Начин на подготовка:
Една лажичка салеп во прав се промешува со малку ладна вода и се додава во половина литар зовриена вода или млеко. Се вари 5 минути со постојано мешање. На крај се засладува по желба. Готовата топла напивка може да се пороси со малку цимет.


извор
 
R

Roten 96

Гостин
Денес се повеќе луѓе се свртуваат кон традиционалните или алтернативните облици на медицината за да си го подобрат своето здравје.Овие начини на лекување имаат холистички пристап т.е го лекуваат лицето како целина со цел да ја обноват природната состојба на рамнотежа и склад во организмот.
Акупунктура
Акупунктурата ги лечи болестите со боцкање на иглите во одредени точки на кожата.Овие точки лежат долж невидливите енергетски текови,медиријани,кои се поврзани со внатрешните органи.Иглите отвораат,го зголемуваат или го намалуваат протокот на енергија (чи) за да се обнови рамнотежата и здравјето.
Александерова техника
Оваа терапија се обидува да спречи низа пореметувања со подобро држење на телото.Оваа техника ја развил австралискиот актер Ф.Матијас Александер (1869-1955) кога открил дека заради лошото држење го изгубил гласот.
Арома терапија
Овој облик на лекување користи силно концентрирани масла,екстрахирани од растенијата.Маслата можат да се користат за масажа,за капење или можат да се вдишуваат.Пионер на модерната арома терапија е францускиот хемичар Рене Гатефос (1881-1950) кој ги лекувал војниците во Првата светска војна.
Додаток: Ружиното масло има смирувачко делување.
Кинеско билкарство
Овој метод на природно лекување е заснован на обновување на рамнотежата помеѓу јин(женското) и јанг(машкото) во енергетските текови на организмот.Според болеста се одредуваат комбинации на растенија кои се земаат во облик на чај,прашак или апче.
Во кинеската медицина за поставување на дијагнозата се користат пет елементи-дрво,оган,земја,метал и вода.
Хиропрактика
Хиропрактичар ја отстранува болката со помрднување на зглобовите,посебно во 'рбетот.Овој метод се користи за отстранување на болките во зглобовите,мускулите и 'рбетот.За основач на модерната хиропрактика се смета американецот Дејвид Даниел Палмер (1845-1913)
Хомеопатија
Хомеопатијата користи мошне мали количества материи кои во големи количества предизвикуваат симптоми од кои пациентот боледува.Целта е да се стимулира одбраната на организмот,со цел тој самиот да се бори против болеста.Основач на хомеопатијата е германскиот лекар Семуел Ханеман(1755-1843)
Хидротерапија
Хидротерапијата ја користи водата,во вид врели и студени капења или мласеви,за да ја поттикне способноста на организмот да си помогне самиот.Првиот центар за хидротерапија во Британија го основал доминиканецот Себастијан Кнајп(1821-1997)
Додаток: Млазеви со врела и студена вода ја поттикнуваат циркулацијата на крвта.
Остеопатија
Остеопатите можат да дијагностицираат и да излекуваат пореметувања создадени среде пореметувања на коскената рамка на телото.Тие со рацете ги масираат и ги мрдаат зглобовите,повторно воспоставувајќи нормални движења.Остеопатијата ја основал американскиот лекар Ендрју Тејлор Стил(1828-1917)
Рефлексологија
Во овој вид на лекување одредени области на стапалото,познати како области на рефлекси,им одговараат на одредени делови на телото.Со вешта масажа на одреденото подрачје се укинуваат препреките во енергетските текови,а на оболениот дел од телото се овозможува да оздрави.Оваа техника ја развила јунис Ингам(1889-1974) во Соединетите Американски Држави.
Шијацу
Шијацу е јапонски збор и значи " притисок на прст".Терапевтот го користи притисокот на стотина површни точки долж меридијанот на телото за повторно да ја воспостави рамнотежата на квалитет и количество енергија.Овој систем го популаризирал Токуџиро Намикоши(1905-1994)
Симболот на јин и јанг претставува склад или рамнотежа во организмот.
Камилица помага во ублажување на мигрената и артритисот.
Јагличе омага кај кожните проблеми.
Занимливости-во кинеската медицина во препаратите за лекување на бубрегот се користат исушени морски кончиња.
Во ајурведската медиина за смалување на мускулните болки се дава месо од змија отровница.
Темата е ја отварам така општо,мислам дека сите имате слушнато за Алтернативна медицина а за нивната примена не знам..еве и мене ме зачудиа наведените терапии и нивните начини на лекување. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom