Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
па нели рекорд нешто против раул...ау ... ќе играл...сеа што е ова.. Бонера го стаил , Ел Ш и Пипо не...
И не само рекордот, искуствотото, па колку пати само не спасувал...:cuc: иако има 38 години, сите знаеме колку малку му треба да постигне гол. Некогаш не се доволни дриблинзите (Робињо), талентот (Пато) и корпулентноста (Ибра) за да се даде гол, видовме против Тотенхем на 180 минути не успеавме да постигнеме гол, потребна е среќа/магија/умешност како сакате наречете ја која овој "стар младич" ја поседува, тоа е дарба тоа не се учи. Има моменти кога доволно е само да се појави на теренот во последните 10тина - 15 минути како со Реал Мадрид лани и да ја крене атмосферата на цел тим, не мора да постигне пак два гола :LOL:

еве за болдот
Oi oi oi oioioioi Pippo Inzaghi Segna per noi !
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Инзаги беше најавен да игра и денеска,ама го немаше ниту на клупа..Се повредил и тоа е единствената причина заради која не е пријавен..
Еве изјава на Алегри..Се надева дека набрзо ќе се врати.Не се луди да го исклучат,ги исполнува сите услови и брка рекорд.
МОРА ДА МУ ГО ПРОДОЛЖАТ ДОГОВОРОТ НА УШТЕ 1 ГОДИНА ! НЕМА СМИСЛА РАУЛ ДА Е ПРЕД ВАКОВ ИГРАЧ :)
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Значи повреда било причината што не е пријавен и нема да е 100% фит, се надевам за 1/8 финале ќе го пријават...
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
Слики од мечот со Комо
--- надополнето: Sep 1, 2011 9:14 PM ---
Значи повреда било причината што не е пријавен и нема да е 100% фит, се надевам за 1/8 финале ќе го пријават...
Колку беше максималниот број на промени во Јануари тројца така ?
Ако е така таман за Pippo, Ganso и Montolivo :icon_lol:

Иначе за претходниот пост, тотално се согласувам која корист од Гатузо кој секако паузира 5 утакмици, а пак Бонера
подобро повереден ќе го земам Инзаги.
Незнам која му е логиката тука на Алегри. :rolleyes:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
4 Мислам дека паузира Гатузо, 5 беа вкупно една веќе минатата година си одлежа. Па ако е така ќе се врати таман за со Барса на Сан Сиро. Инаку ова со Инзаги стварно некако жал ме фаќа, не зборам за Алегри што не го повикал или такво нешто... туку ова едноставно значи дека толку изгледа беше од него, сезонава ќе ги закачи копачките.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Јас да сум ко Пипо со една нога ќе трчам и ќе го срушам рекордот пред Раул..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
До некаде добар потег на Алегри што не го пријави Инзаги нема потреба за групите, за 1/8 односно по нова година кога ќе дојдат уште 1-2 играчи (Гансо и евентуално и Монтоливо доколку Фиорентина не сака да остане без пари) :pos: плус Инзаги и Ел Шарави ќе бидат пријавени за втората фаза во ЛШ тогаш најмногу ќе бидат потребни.:)
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
Тешко Гвардиола :oops: :pos:


--- надополнето: Sep 1, 2011 11:26 PM ---
До некаде добар потег на Алегри што не го пријави Инзаги нема потреба за групите, за 1/8 односно по нова година кога ќе дојдат уште 1-2 играчи (Гансо и евентуално и Монтоливо доколку Фиорентина не сака да остане без пари) :pos: плус Инзаги и Ел Шарави ќе бидат пријавени за втората фаза во ЛШ тогаш најмногу ќе бидат потребни.:)
Subsequent registration
17.17 For all matches from the start of the first knockout round, a club may register
a maximum of three new eligible players for the remaining matches in the
current competition. Such registration must be completed by
1 February 2008 at the latest. This deadline cannot be extended.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.506
Поени од реакции
8.192
Само не сватив, во што е подобар Гансо од Аквилани од Ночерино... Престани да размислуаш волку ограчничено, Милан не зема светска класа играчи, Милан ПРАВИ светска класа играчи.
Се што сакам да кажам е дека често, за да направиш светска класа играч треба и доста пари да фрлиш, разбираш..Само да те потсетам - Руи Коста,Неста,Шевченко,Пато, па и кака до некаде...Неможе од секое дрво дудук да биде...
АКВИЛАНИ Е ФЕЈЛ, соочи се со тоа...
Никаде не реков дека лош ни беше трансфер периодот во глобала гледано, бидејки ги зедовме Таиво,Мексес,Шарави...ама да пуштивме уште 20тина милиони ќе земевме играч СВЕТСКА класа од типот на Хамшик...
А да, и престани да размислуваш толку арогантно...Поздрав од мене...
п.с Оваа година очекувам многу од Емануелсон...
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
599
Поени од реакции
407
А баш се понадевав ќе има шанси Инзаги да си го брка рекордот и да ги полни со голови Бате, Плзен и Барса(фетиш му се шпанскиве тимови не скокајте одма :)). Али ајде Алегри знае најдобро кој му се спремни за полусезонава.

Сега мал осврт на летово. Со исклучок на Пирло(1 гол 2-3 асистенции и 100000 балон топки) костурот на тимот остана непроменет. Местото каде што највише дуваше минатата сезона е зајакнато со солиден лев бек. Исто така донесен е и централен дефанзивец кој во било кое време може да ги менува Неста и Силва за да не го замараме Бонера многу. Нападот остана непроменет што и беше за очекување со оглед на фактот дека во Италија беше најефикасен. Средината горе доле според мене сега за сега е со истите можности. Ќе се чека нареден трансфер период да се додаде некој ball playing играч.

Сепак најважното нешто што произлезе од ова лето е што конечно после 2005 имаме т.н. depth во тимот. Ако нешто не оди на клупата ќе има играчи кои можат да го променат текот на натпреварот. Касано, Аквилани, Ночерино, Емануелсон се голем напредок наместо стандардните измени во неколкуте минати сезони Гатузо, Јанкуловски или некое дете од примавера. Додајте го и фактот дека Алегри е година побогат со искуство на водење голем клуб и сума сумарум не очекува интересна сезона. Последователна титула во Сериа А немаме од времето на Капело па би бил задоволен со освојување на двојна круна во Италија сезонава и барем 1/4 финале во ЛШ
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Се што сакам да кажам е дека често, за да направиш светска класа играч треба и доста пари да фрлиш, разбираш..Само да те потсетам - Руи Коста,Неста,Шевченко,Пато, па и кака до некаде...Неможе од секое дрво дудук да биде...
АКВИЛАНИ Е ФЕЈЛ, соочи се со тоа...
Никаде не реков дека лош ни беше трансфер периодот во глобала гледано, бидејки ги зедовме Таиво,Мексес,Шарави...ама да пуштивме уште 20тина милиони ќе земевме играч СВЕТСКА класа од типот на Хамшик...
А да, и престани да размислуваш толку арогантно...Поздрав од мене...
п.с Оваа година очекувам многу од Емануелсон...
Логиките ти се упм... Аквилани е фејл, а Хамшик е СВЕТСКА КЛАСА... Што има направено Хамшик повеќе од Аквилани жити се... не го тупи сега...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom