ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто се толку глупави со цениве?
Треба ли да им се нацрта дека со помали цени повеќе ќе се испие и поголем профит ќе имаат.
Ј'зк да им е на цела организација и на сите "брендови"...

Од организациска гледна точка не е лошо, се знае што, кој, како, каде.
На помалата сцена имаше рап, па имаше секси девојчици у штикли што беше комично поради природата на настанот...ама не се мешаме во ничива политика нели.

Ме радува што има фамилијарен шмек годинава, имаше доста семејства.
Ама пак...човече 100 денара да даваш за пиво на фестивал посветен на пивото во држава каде што просечна плата е 12 000 денари и каде што најголемите конзументи се дечки кои што уште студираат и немаат свој буџет и работа се граничи со ретардација.
Аман спуштете цени да ви ебам тоа шупаците глупави!!!
 
Гледам сите се жалат на скапите македонски пива...
Па не им ги пијте бе! Купете си Пауланер или некое друго странско.
 
Вчера повеќе пиво имаше на мене, отколку во мене. Фино вака што не се штедат луѓево па се расфрлаат наоколу. :)
 
На мапата меѓу другите пива стои дека ќе има grolsh ама некако не го забележав.Некој ако видел, се напил да каже на кој штанд има или е ефтина финта од организаторот ?
 
Да не беа RATM real tribute band вчера немаше да се соберат толку луѓе ептен беа јаки

 
Бев само на Кирил вчера и беше топ се изнаиграв, другиве бендчиња некако не ме интересираа, атмосверата не е тоа тоа ко на кале, нормално.
Деноиве не одам нишо посебно програмава(за мене), ќе се појавам уште на Рони Сајз у сабота, не ме интересеира ни место ни атмосвера, ни пиво ни нишо, има да се остаам од шизење! :D А, и да го побарам за маж. :D
 
Paulaner пак е 100че? Не даам 70 за скопско па и хиени низ паркингот да ме бркаат.
И лашко темно што пари е?
 
Paulaner пак е 100че? Не даам 70 за скопско па и хиени низ паркингот да ме бркаат.
И лашко темно што пари е?
Лашко темно 80 а светло 70
 
Не сме таков народ, да земе да се организира еден бојкот, да не им отидеме па да си го начукаат пивото кај шо не треба. Догодина 40 ќе биде..
 
Во просект секој трет човек вчера имаше Магнум од надвор внесен, што значи дека нема да им испадне дерењето ко што си фантазираат.
Мислам дека на последениот ден нема да има ќор човек на шанк, пошто очигледно овие мислат дека е ова дискотека или кафана со цениве.

Иначе не е лошо поставено, оддава повеќе впечаток на концерт некој, него на фестивал, ама пак си е фино, осветлено е и прегледност си има, и за разлика од минатите години убаво е темпирано со периодот за да нема мрзнење.
Бев вчера, здравје уште на Рони ќе отидам и доста е.

пс. Кирил треба сериозно да размисли да му даде отказно решение на црнецот, човекон замара и ја убива атмосферата. Настапите пред да го прибере него му беа 200 пати подобри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom