Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
За каква омраза зборуваме во констатацијата дека Челзи никогаш не бил почитуван од Барселона?
Добро, тогаш кажи ми зошто тврдиш дека Челзи никогаш не бил почитуван од Барселона?
 
2 0 0 9. 5 п е н а л и.
Со Манчестер Јунајтед редовно има глупости од ко тие и Челзи се главни играчи за титулата, па сметам дека има каква-таква взаемна почит, барем меѓу клубовите ако еве ја нема меѓу навивачите.
 
Зашто бе оваа омраза толкава? :D

Заради ова.

Мејрелеш ме инспирира.

Со ова шо го прајме, веќе ни Ливерпул не се плаши од нас. :notworthy:

Најнова вест од Кобам: Лукаку, Стариџ, Мата, Дрогба и Меирелеш се пакуваат за Мадрид. Мата вози, а Дрогба ќе ја враќа колата назад.
 
Аватарот мој кажува за тој натпревар...
Сепак тоа нема врска со почитта на Барса кон Челзи, тоа беа судиски грешки кои го чинеа Челзи финале.
 
Добро, тогаш кажи ми зошто тврдиш дека Челзи никогаш не бил почитуван од Барселона?
Јасен беше еден каталонски новинар во емисии од Chelsea TV по повод ривалствата со Манчестер Јунајтед, Барселона и Ливерпул во последните години, а конкретно по тоа полуфинале во 2009та - какво е мислењето за Челзи таму.
 
Јас го прашав Фантом, а не вас. Затоа што норвешкиот судија Овребо не досудил пенал на Челзи-Барселона, тоа значи дека Барселона не го почитува Челзи? Фантом, рече дека Барселона никогаш и не го почитувала Челзи, а колку што јас знам светот не е создаден во 2009та.
 
Фантом и одговори, а зошто, не му е јасно и него. Викав за Манчестер Јунајтед болна ароганција, ама ова не знам како да го опишам веќе, не сум толку учен.
 
Неколку прашања до Фантом.
Фантом ти навиваш за Челзи или за некој друг тим.
Од кога е Абрамович во клубот тебе не ти чини ни Мурињо,Хидинг,Боаш,Карлито.
Играчите ? Управата?
Се за тебе не чини така?
 
Јасен беше еден каталонски новинар во емисии од Chelsea TV по повод ривалствата со Манчестер Јунајтед, Барселона и Ливерпул во последните години, а конкретно по тоа полуфинале во 2009та - какво е мислењето за Челзи таму.
Јас тврдам дека поголемиот дел од навивачите на Барселона го сметаат Челзи за посилен од тоа што ти велиш дека е.
А, ако ти даваш реална слика за силата на Челзи, тоа значи дека тие навивачи на Барселона дури и го преувеличуваат, т.е. го сметаат Челзи и за посилен од тоа што е.
Не знам зошто мислиш дека не го почитуваме Челзи, кога на сите форуми што ги читам(форуми за Барселона фанс), за најголема пречка на Барселона во Европа, секогаш се наоѓаат Реал, Челзи и Јунајтед.
--- надополнето: Sep 1, 2011 12:16 AM ---
А ти што знаеш околу тоа колку Челзи е почитуван од Барселона?
Мене ме прашуваш? Ако е да, е не па ти знаеш.
 
Неколку прашања до Фантом.
Фантом ти навиваш за Челзи или за некој друг тим.
Од кога е Абрамович во клубот тебе не ти чини ни Мурињо,Хидинг,Боаш,Карлито.
Играчите ? Управата?
Се за тебе не чини така?
Навивам за Челзи, мада на голема дистанца е појќе симпатизирање отколку навивање, ама суштината е таа.

Кој рекол дека Мурињо не чинел?
Хидинк беше непрактичен избор со годините, без споредувања со Фергусон и слични ќе замолам, пошто истите се неосновани.
Анчелоти очигледно јаки приказни знаел да продава, бев прв овде шо го дочека со големо одобрување, ама и исто еден од првите кои очекуваа шо поскоро негово заминување.
Боаш? Доправа ќе видиме. Ама тргна исто ко неговиот претходник.

Играчите? Управата? Моментално менталитетот на цел тим е сомнителен, од играчи до тренери; а за управата нема шо да се коментира дали чини или не - ако Шефот пушти пари, ќе има музика. Ако не, нема музика. Едноставно.

Да сумираме, не чини менталитетот кој го гледам од Челзи, вклучувајќи ги и резервите на Челзи тука. Па и младинците, ама ајде не мора за нив сега. Друго, не чини еден дел од играчкиот кадар, ама не е толку голем тој дел и се средува со прав менталитет. Кој, ко шо рековме, моментално го нема.
 
I zaboraviv da prasam: Do koga ke go zbirame otpadot od Liverpool? Od Barca sto sobravme sobravme, otide po gjavolite, ama od Liverpool be?
 
Јас тврдам дека поголемиот дел од навивачите на Барселона го сметаат Челзи за посилен од тоа што ти велиш дека е.
А, ако ти даваш реална слика за силата на Челзи, тоа значи дека тие навивачи на Барселона дури и го преувеличуваат, т.е. го сметаат Челзи и за посилен од тоа што е.
Не знам зошто мислиш дека не го почитуваме Челзи, кога на сите форуми што ги читам(форуми за Барселона фанс), за најголема пречка на Барселона во Европа, секогаш се наоѓаат Реал, Челзи и Јунајтед.
--- надополнето: Sep 1, 2011 12:16 AM ---

Мене ме прашуваш? Ако е да, е не па ти знаеш.

Aјде просветлиме тогаш,секогаш сум подготвен да примам нови информации кои не сум ги знаел.
--- надополнето: Sep 1, 2011 12:26 AM ---
Сеа ми текна и жив ќе се изедам.Не му ја дадовме 14-ката на Лукаку мислејќи дека Модриќ ќе дојде и ја чувавме за него.
Глупаци тешки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom