Возачка дозвола на 16 години во Македонија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата AlaNF0rD
  • Време на започнување Време на започнување
Новото законско решение предвидува за малолетниците да се зголеми бројот на задолжителни часови за практична обука за 30%, а возачот-почетник на возраст од 16 до 18 години нема да може да вози надвор од границите на општината во која живее
Младите во Македонија со наполнети 16 години ќе можат да добијат возачка дозвола од Б-категорија. Министерството за внатрешни работи изготви измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во кои се предвидува малолетниците да почнат со обука и практични часови за возење, веднаш штом ќе наполнат 16 години.
Новото законско решение предвидува за оваа категорија да се зголеми бројот на задолжителни часови за практична обука за 30%. Исто така, возачот-почетник на возраст од 16 до 18 години нема да може да вози надвор од границите на општината во која живее.
"Формирана е комисија која веќе ја изготви првичната верзија на решението. Сега се чека мислење од Министерството за правда, бидејќи треба да се провери во делот на санкционирањето на малолетниците, дали овие одредби се косат со некој друг закон. Немаме прецизен рок кога овие измени ќе бидат пуштени во Собрание", вели Иво Котевски, помошник-министер за внатрешни работи.
Постојната регулатива дозволува малолетниците да почнат да учат да возат шест месеци пред да наполнат 18 години, но возачката дозвола може да ја добијат откако ќе станат полнолетни.
Во МВР велат дека со новото решение ќе се зголеми безбедноста на патиштата како резултат на поквалитетната обука и поголемо искуство на возачите и ќе се намали бројот на сообраќајни прекршоци поради управување на моторно возило без возачка дозвола.
"Во 2010 година имало 12.424 прекршоци 'управување со моторно возило без возачка дозвола'. Тоа значи без положен возачки испит, со несоодветна категорија на возачка дозвола, или неважечка дозвола. Без возачка дозвола учествувале во 448 сообраќајни незгоди со потешки повреди, во кои 18 лица загинале, а 657 се повредени. Од вкупно 448 сообраќајни незгоди со потешки последици во кои учествувале возачи без возачка дозвола, 314 незгоди се предизвикани по нивна вина, каде загинале 14 лица, а 474 се повредени", вели Котевски.
Новите мерки за претпазливост кај малолетниците ќе бидат уште поригорозни отколку сегашните за возачите-почетници. Сега во првите две години возачот - почетник не смее да вози во време од 23 часот до 5 сабајле, освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години и не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати.
Како дел од националната стратегија за подобрување на безбедноста на патиштата и Бугарија ја намали границата за полагање возачка дозвола на 16 години. Во Србија, пак, возачка дозвола можат да добијат малолетници на 17 години. Р.Фотиновска
 
зошто- оти ќе им дадат (купат) самоубиствено оружје (-дозвола)?
Не оти ќе треба казните да им ги плаќаат, со ова ќе се укине само една казна, а тоа возење без возачка, а ќе се изродат неколку други како на пример, возење без надзор, возење надвор од општина and etc
 
зошто- оти ќе им дадат (купат) самоубиствено оружје (-дозвола)?
Поголеми трошоци за родителите, во вид на казни за неправилно паркирање, возење без надзор од постара особа навечер, возење без ремен, возење во алкохолизирана состојба,..... Додај ја и цената на горивата и поправката на возилото лупнато во некоја бандера.
Немаме култура за да им дадеме возила на 16 годишњаци.
 
Не оти ќе треба казните да им ги плаќаат, со ова ќе се укине само една казна, а тоа возење без возачка, а ќе се изродат неколку други како на пример, возење без надзор, возење надвор од општина and etc
и ова држи вода, али повеќе сум за она погоре ко причина o_O
 
Немаме култура за да им дадеме возила на 16 годишњаци.
Кога сме веќе кај културата ни е на многу ниско ниво (глобално земено), а посебно сообраќајната култура мислам дека 80%(ако не и повеќе) од возачите ја немаат :tapp:
 
Поголеми трошоци за родителите, во вид на казни за неправилно паркирање, возење без надзор од постара особа навечер, возење без ремен, возење во алкохолизирана состојба,..... Додај ја и цената на горивата и поправката на возилото лупнато во некоја бандера.
Немаме култура за да им дадеме возила на 16 годишњаци.
тој што имал пари да купи кола и плати возачка на 16 годишњак - нема да му претставува трошок за поравки и оправки, важно синчето ќе го возака курето низ улиците-ќе прави прекршоци колку повеќе толку гордиот тато ќе плаќа и ќе се фали низ градот колку платил за ремен, за пајак служба -трофеи од син му- сигурно нема да се пофали со неговиот успех у школо ;) а и што ќе му е - и онака ќе оди на некој од приватните факултети
сигурно текстилец нема да го стори истото- неговото синче ќе пешачи , па кога ќе напуни 18 -ќе го условува со -пр.упиши факултет па ќе ти уплатам за вожња.....
а тоа дека немаме основна сообраќајна култура - се слагам
 
Епа драги гледачи и читатели ова е закон последица од - лавчињата,коњот и тиа качениот на него,капијата, и осталим смртници тако звани мада факери у минатото.
Сеа се прашувате шо тресам зелени ? - епа владата има дупче или дупка огрооомна и сеа мора да ја покрие. А како ако не со ваков закон каде што ќе ги напали младите да ги тераат своите родители да полагаат за кола кое чини 20к + .

Со овој закон ќе се зголеми работата во болниците,погребалните служби,ќе се зголеми побарувачката на места на гробиштите,повеќе никролози по бандерите етц.

КАТАСТРОФА
 
Мислам дека тинејџер помлад од 18 не е доволно зрел за да вози кола, тоа се години коа тинејџерот е зелен и праи глупости (пие, пробува марихуана и разни работи) такада мислам дека не треба да се дава возачка дозвола на 16 годишни тинејџери. Нивната е цел е само да пијат и да се глупираат и вака само ќе се зголеми бројот на несреќи.. (сум имал и јас 16 години и искрено кажувам дека не би бил способен да возам тогаш)
 
Од ваков закон стварно нема потреба. Има потреба од укинување на законот кај што возач што нема 2 години искуство не смее да вози после 23. Многу е тиња....

Што е тиња бе читај во Црна Хроника сообраќајни несреќи... Малце се и две. И казните се малце треба да бидат 1000 евра за непочитување.
 
Тие што мислат дека државата го прави ова за пари нека не полагаат на 16 туку нека си чекаат 18 ... ако може некој да одолее :pos:
 
Мислам дека тинејџер помлад од 18 не е доволно зрел за да вози кола, тоа се години коа тинејџерот е зелен и праи глупости (пие, пробува марихуана и разни работи) такада мислам дека не треба да се дава возачка дозвола на 16 годишни тинејџери. Нивната е цел е само да пијат и да се глупираат и вака само ќе се зголеми бројот на несреќи.. (сум имал и јас 16 години и искрено кажувам дека не би бил способен да возам тогаш)

И 18 години се премалку за возачка. Наместо да го пролонгираат на 21 они сакаат да го намалат и тоа со главна функција ПАРИ. Ајде нека кажат која авто школа ги финансирала за избориве што лупаат ваков недоквакан закон. Дете од 16 ќе се држи до правилото „забрана надвор од општина“, он џам витка, а не па кола.
 
Тие што мислат дека државата го прави ова за пари нека не полагаат на 16 туку нека си чекаат 18 ... ако може некој да одолее :pos:

А ти како мислиш дека е ?
Еве ја сум 16 и се осеќам дека не сум дораснат за кола и нема да полагам сега, ама некои други (80 %) не се свесни за тоа и не размислуваат така.
 
Ми се допаѓа законот. Понекогаш е хитно и мора да отиде нешто да земе/плати/остави и сл. со автомобилот бидејќи татко му е презафатен а мора одма тоа нешто да се земе/плати/остави и сл. И баш тогаш и полиција ќе го сретне и ќе ја земе платата на татко му. И така малолетници возат, со законот барем ќе возат без страв од казни и полиција ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom