Рондо ќе спрема „дипломска“ додека трае локаутот
Некои НБА-кошаркари не размислуваат на кошарка во ова за нив исклучително „жешко“ лето. Додека поголемиот број се загрижени каде ќе ја продолжат кариерата доколку се пролонгира разрешницата на „локаутот“, плејмејкерот на Бостон Селтикс, Рајжон Рондо, се одлучи да се врати на колеџ и да ги заврши почнатите факултетски обврски. Во средношколските денови, Рондо беше дел од кошаркарската академија „Оук Хил“, од каде што доби стипендија да го продолжи своето образование на Универзитетот во Кентаки. На 20-годишна возраст, тој се одлучи да се пријави на НБА-драфтот (во 2006 година), а откако таму му се насмевна среќата, студентските денови беа оставени во мирување и заменети со печалење на професионалниот кошаркарски „долар“.
Во услови кога најсилната светска кошаркарска лига се наоѓа во буквален „ќор-сокак“, Рондо нагласи дека за него ова е идеалниот период да ги реализира неопходните 40 часа предавања, за да ги исполни условите за дипломирање. Во меѓувреме, плејмејкерот на Истокот на годинешниот Олстар учествуваше и во хуманитарни активност, помагајќи во изградбата на нови кошаркарски терени во Бостон. Оригиналноста на неговата великодушен ангажман се состоеше во податокот што Рајжон Рондо донираше по 500 американски долари за секоја украдена топка во текот на сезоната, што значи дека вкупно подарил 77 илјади долари.
http://www.time.mk/read/NONE/360f123bd8/index.html