- Член од
- 17 јануари 2011
- Мислења
- 614
- Поени од реакции
- 410
Новото законско решение предвидува за малолетниците да се зголеми бројот на задолжителни часови за практична обука за 30%, а возачот-почетник на возраст од 16 до 18 години нема да може да вози надвор од границите на општината во која живее.
Младите во Македонија со наполнети 16 години ќе можат да добијат возачка дозвола од Б-категорија. Министерството за внатрешни работи изготви измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во кои се предвидува малолетниците да почнат со обука и практични часови за возење, веднаш штом ќе наполнат 16 години.
Новото законско решение предвидува за оваа категорија да се зголеми бројот на задолжителни часови за практична обука за 30%. Исто така, возачот-почетник на возраст од 16 до 18 години нема да може да вози надвор од границите на општината во која живее.
"Формирана е комисија која веќе ја изготви првичната верзија на решението. Сега се чека мислење од Министерството за правда, бидејќи треба да се провери во делот на санкционирањето на малолетниците, дали овие одредби се косат со некој друг закон. Немаме прецизен рок кога овие измени ќе бидат пуштени во Собрание", вели Иво Котевски, помошник-министер за внатрешни работи. .
Постојната регулатива дозволува малолетниците да почнат да учат да возат шест месеци пред да наполнат 18 години, но возачката дозвола може да ја добијат откако ќе станат полнолетни.
Во МВР велат дека со новото решение ќе се зголеми безбедноста на патиштата како резултат на поквалитетната обука и поголемо искуство на возачите и ќе се намали бројот на сообраќајни прекршоци поради управување на моторно возило без возачка дозвола.
"Во 2010 година имало 12.424 прекршоци 'управување со моторно возило без возачка дозвола'. Тоа значи без положен возачки испит, со несоодветна категорија на возачка дозвола, или неважечка дозвола. Без возачка дозвола учествувале во 448 сообраќајни незгоди со потешки повреди, во кои 18 лица загинале, а 657 се повредени. Од вкупно 448 сообраќајни незгоди со потешки последици во кои учествувале возачи без возачка дозвола, 314 незгоди се предизвикани по нивна вина, каде загинале 14 лица, а 474 се повредени", вели Котевски.
Новите мерки за претпазливост кај малолетниците ќе бидат уште поригорозни отколку сегашните за возачите-почетници. Сега во првите две години возачот - почетник не смее да вози во време од 23 часот до 5 сабајле, освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години и не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати.
Како дел од националната стратегија за подобрување на безбедноста на патиштата и Бугарија ја намали границата за полагање возачка дозвола на 16 години. Во Србија, пак, возачка дозвола можат да добијат малолетници на 17 години.
Преземено од www.vest.com.mk