Една од попознатите богохулни молитви е познатата „молитва до Пресвета Богородица“. Неа можете да ја прочитате на следниов линк:
http://preminportal.com.mk/content/view/2825/54/
Овде би сакал да издвојам одредени стихови од таа молитва и да ги анализирам преку призмата на Божјото Слово:
Во твои раце ја предавам мојава душа.
Христос, Давид, маченикот Стефан итн сите Божји луѓе во Библијата на Господ Му ги предале своите души, а не на блажената Марија.
"Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината." (
Псалм 31:5, Библијата)
"Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце." (
Лука 23:46, Библијата)
"И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”" (
Дела 7:59, Библијата)
Радувај се, непорочна Мајко безмажна,
Блажената Марија имала маж - Јосиф.
"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос" (
Матеј 1:16, Библијата)
Подари ми долг век и продолжи ми го животот како некогаш на Езекија,
Господ му го продолжи животот на Езекија, а не блажената Марија.
"Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години."
(
Исаија 38:5, Библијата)
О Владетелке на ангелите и Господарке на мирот
Господ владее со Ангелите, а не блажената Марија.
Исус е наречен Кнез (Владете) на Мирот, а не блажената Марија.
"Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот." (
Исаија 9:6, Библијата)
Царице моја сефална,
Блажената Марија Царица? Библијата конзистентно учи дека има само Еден Цар на Небото - Бог.
Водителке на сите христијани,
На Христијаните водач им е Христос, а не блажената Марија.
„Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.” (
Исус, Јован 8:12, Библијата)
О капино несогорлива,
Господов ангел му се јави на Мојсеј преку несогорлива капина, а не блажената Марија.
"Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина" (
Излез 3:2, Библијата)
Ти си лекарка на болните и спасение на светот.
Господ е Лекарот на болните и Спасение на Светот, а не блажената Марија.
Владичице, ти припаѓам,
Христијаните му припаѓаат на Бог, а не на блажената Марија. Всушност, и блажената Марија му припаѓа на Бог, затоа што е Негово создание.
„Зашто ангел од Бога, Кому Му припаѓам и Кому Му служам, застана до мене ноќеска,“ (
Апостол Павле, Дела 27:23, Библијата)
Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите!
Исус Христос јавно кажа дека Јован Крстителот е најголем меѓу родените од жена, а следствено и поголем од блажената Марија.
"Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јован Крстител, но, најмалиот во царството небесно е поголем од него. "
(
Исус Христос во Матеј 11:11, Библијата)
Некој од католиците и православните забележуваат дека блажената Марија сега е во Царството Небесно и затоа е поголема и од Јован и од сите. Но ова е чудна логика, бидејќи сите христијани се во Царството Небесно, вклучувајќи го и Јован Крстител. А кој какво место и позиција има таму - знае само Бог.
"да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил."
(
Исус Христос во ев. Матеј 20:23, Библијата)
Со самото тоа што ние се дрзнуваме да делиме позиции и положби на Небото (по некоја си своја логика и критериуми), ние го узурпираме Бог од Божјиот престол и сакаме таа улога да ја земем во свои раце. Такво нешто проба да направи Луцифер, но заради тој обид беше исфрлен од небото. Затоа треба да внимаваме да не го следиме неговиот пример, за да не не снајде и нам истата судбина како него.
Патем, имајте предвид дека Исус ја кажал горната изјава во моментот кога и блажената Марија и Јован Крстител биле на Земјата. Затоа да се оградиме од човечки филозофии и да ја прифатиме Христовата едномислена и јасна изјава дека никој не се воздигнал повеќе од Јован Крстителот.
Радувај се, проповед и слово на сите пророци!
Слово на сите пророци??? Единствен пророк што (маргинално) ја спомнува блажената Марија е Исаија и тоа пророкувајќи за Христос, а не за неа.
Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел! (
Исаија 7:14, Библијата)
Значи само Исаија и само едно пророштво. За предавникот Јуда, на пример, има повеќе (две) и подетални пророштва отколку за блажената Марија. Оттаму сосема е неоправдано и неиздржано блажената Марија да се нарекува проповед и слово на сите пророци, знаејќи го фактот дека (освен Исаија) тие воопшто не проповедале за неа и воопшто не ја спомнувале во нивните книги/пророштва.
Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на мачениците!
Пофалбо на апостолите? Па апостолите НИТУ ЕДНАШ не ја спомнале блажената Марија во своите посланија. Таа е спомната само еднаш (и тоа маргинално) во почетокот на Делата на апостолите, но ниту еднаш во нивните посланија. Во евангелието по Марко и Јован воопшто и не е спомнато раѓањето на Исус Христос. Очигледно и недвосмислено е дека апостолите проповедале и го славеле Христос, Бог, а не блажената Марија или било кој друг човек.
Радувај се, избавителке моја од погубна смрт!
Бог е Тој што може да не избави од смрт, а не блажената Марија!
„Ете, Бог е мое спасение, се надевам, не се бојам веќе, зашто Господ е моја сила и песна, Тој е мој избавител.” (
Исаија 12:2, Библијата)
Радувај се, најславно чудо на вселената!
Најславно чудо? Послано и од Христос, од Христовите чуда? Од Христовото воскресение? Немам коментар!
Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе!
Христос е карпата на верните и спасение на сите луѓе, а не блажената Марија!
„...зашто пиеа од духовната Карпа, која ги следеше, а таа Карпа беше Христос.“ (
1 Коринтјаните 10:4, Библијата)
Радувај се, безбедност на сите умрени!
Тешко им на умрените ако се надеваат на Марија.
Радувај се, застапничке моја во денот на Судот!
Христос ќе биде нашиот застапник на Судниот ден.
"Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?" (
Римјаните 8:34, Библијата)
"и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исус Христос, Праведникот." (
1 Јованово 2:1, Библијата)
Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке!
Поoпеана и од Бог? Бог е нашиот заштитник и покровител!
Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш!
Господ им дава (земна) слава на Владетелите!
Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите,
Не сите! Христијаните припаѓаат под заштитата на Господ.
Владетелке на светот и Господарке на сите,
Господ е Владетел на светот и Господар на сите (вклучувајќи ја и блажената Марија), а не таа!
Заклучок: Христос, а не блажената Марија!
Еден од клучните слогани на реформацијата на Црквата бил и сеуште е: Soli Deo Gloria! (
Само Божјата слава!)