Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па мислам дека се е кажано во овој цитат... Кога ќе дознаеш што е љубов ќе сфатш дека цел живот си бил само заљубен во она за што си мислел дека е љубов."Љубовта се развива споро, потребно е време за да засакаш некого. За да засакаш некој силно, со целото тело и душа потребно е време, денови, недели, месеци и години. Љубовта не паѓа од небо! За нејзе е потребно да се вложи многу труд, за да се одржи. Од друга страна, заљубеноста удира во глава (па и во тело). Не може да засакате некој после една средба, затоа што не можете таа личност за тоа време да ја запознаете доволно за навистина да ја засакате. Обично на почетокот луѓето облекуваат најдобро однесување и ставаат најдобри маски за прикривање на лошите особини, па затоа добро е да се размисли за онаа изрека: ЉУБОВ на прв поглед. Може да бидете привлечени од нечиј физички изглед, негово/нејзино однесување, реакции, но пред вас има долг пат додека ја засакате навистина таа личност.
Љубовта се фокусира на една личност, а заљубеноста на повеќе.
Кога сакате искрено и длабоко, сакате само една личност поради самата каква е во целина со сите свои мани и доблести. Заљубена личност може да биде истовремено заљубена во повеќе личности. На пример, девојка може да е заљубена во две сосема различни момчиња, бидејќи во нејзината глава тие се совршени. Во својот ум таа ги комбинира нивните особини и мисли дека е заљубена во двајцата - најверојатно не сака ни еден од нив.
Љубовта познава толеранција, додека заљубеноста...
Кога сакате некого не ви е важно како изгледа, вниманието ви е насочено кон карактерот, чувствата, идеите, амбициите, ставовите на вашиот партнер. Ќе си поставувате разни прашања кои ќе ви покажат колку имате заедничко, а што повеќе заедничко - тоа повеќе шанси за поголема љубов. Исто така љубовта ве води кон препознавање на доблестите и мани кај партнерот и кај себе. И што е најдобро, со тоа ќе помогнете да изградите зрела врска.
'Да се заљубиш не значи и да сакаш; може да се заљубиш и мрзејќи.'
Љубовта е несебична, а заљубеноста себична.
Љубовта содржи многу повеќе од емоции. Во љубовта не само што ќе имаш потреба за љубов, туку ќе имаш потреба да му го дадеш на партнерот истото она кое и тој тебе, па дури и повеќе. Заљубеноста е свртена исклучиво кон себе, повеќе си оптеретен со тоа што можеш да извлечеш од таа врска. Се чувствуваш одлично кога партнерот ти е во близина, затоа што повеќето твои емоции се поврзани со гордоста која ја имаш кога некој друг ќе сфати дека таа личност ти припаѓа тебе.
Љубовта дава сигурност, а заљубеноста несигурност.
Ако сакаш и ако си сакан, ќе имаш доверба и сигурност во врската. Нема да си преокупиран со врската, туку ќе имаш време за себе и други важни работи во својот живот. Од друга страна, заљубената личност ќе се бори со чувствата и ќе се обидува со посесивна љубомора да го надгледува својот партнер. А потоа и сами знаете дека следуваат расправии за ситници, солзи или нервирање до бесвест.
Хесе вели: "Сте биле заљубени, нели? И тоа повеќе пати, дали сум во право? Но сеуште не знаете што е љубов. Не знаете, тврдам! Ви се случило да плачете цела ноќ? И лошо да спиете цел месец? Можеби сте пишувале песни и по малку сте играле со идејата за самоубиство? Секако, знам како е тоа. Но, тоа не е љубов, љубовта е нешто друго..."
Љубовта ја препознава реалноста, а заљубеноста ја отфрла.
Кога има љубов имате здрав и реален пристап кон било кој проблем во врската. Но, тоа секако дека не значи дека љубовта се обидува да ја намали важноста на проблемот кој настанал, напротив, таа го согледува од сите страни и на партнерите останува да најдат адекватно решение.
Заљубеноста ги отфрла расните, образовните, карактерните разлики кои кога-тогаш ќе испливаат на површина. Заљубеноста вели дека тоа не е важно, дека ако се сакаат сето тоа само од себе ќе се реши. Но, нема! Можат некое време да се прикриваат, заљубениот пар преминува преку сите разлики.
Не знае секој да сака, да сакаш не е лесно. Повеќето луѓе се плашат од љубовта, сакаат да ја имаат - но се плашат. Односно, тие се плашат да се отворат пред некој, затоа што тогаш стануваат ранливи."
Но, мене ме интересира што мислите за тоа дали еднаш може да се заљубиш или сте од оние луѓе кои би се заљубиле во секој партнер доколку го извлече тоа од вас? Дали само еднаш се сака вистински, чисто и искрено или ...?
Дали сте дошле во ситуација да се замислите дали сте
сакале некого, да се посомневате во своите чувства?
Затоа некој друг што ти е исто така мил, нежен и добар несакајќи може да направи да го засакашХм...не верувам дека човек само еднаш може да се заљуби,но не мислам дека некој може да извлече од мене да се заљубам во него.Или го чувствувам тоа или не.Според мене чувства не можат да се извлекуваат.Или ги имаш или ги немаш.Може некој да направи да го гледаш како мил,нежен,добар и слично,но да направи да го сакаш не.
Па за првово. Може повеќе пати. Мене бар ми се има десено.Fortune напиша:1.Но, мене ме интересира што мислите за тоа дали еднаш може да се заљубиш или сте од оние луѓе кои би се заљубиле во секој партнер доколку го извлече тоа од вас? Дали само еднаш се сака вистински, чисто и искрено или ...?
2. Дали сте дошле во ситуација да се замислите дали сте сакале некого, да се посомневате во своите чувства?