Забрана за планинарење?

  • Креатор на темата Креатор на темата KoNtEjNeR
  • Време на започнување Време на започнување

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Слушнав дека поради пожариве имало некаква забрана од 10 дена за планинарење, а за водно ми кажаа као деме може до средно, до крс не.

Дали знае некој од кога до кога е забраната ? Дали може барем до средно да се оди ? или па по патот дали може до врв ?
 
Ако идеш по патот со моторно возило, тогаш тоа не е планинарење. ^^
 
Пешки можеш секаде да одиш, нели тоа е целта на планинарењето?
 
Има забрана за движење низ шума до 3 септември мислам, поради пожариве. Ако те видат одма лепат казна.
Само не сум сигурен за датумов, така пред некој ден некаде мислам дека прочитав.
 
Ако идеш по патот со моторно возило, тогаш тоа не е планинарење. ^^
Пешки можеш секаде да одиш, нели тоа е целта на планинарењето?

кој спомна кола ?
спомнав по патот дали може да се оди, во смисол дали е забраната за во шума по патчињата и слично или ке може по патот само движење...
Да помислиш дека планинарењето се одвива со кола... ?!?!?!
или само колку да се постира нешто ?
 
Да прашам до кој датум е забранава за планинарење?
 
Ја па те разбрав за било какво движење нагоре, а тука спаѓа и кола и све тоа. Чил аут. :)
 
Да прашам до кој датум е забранава за планинарење?

Зголемената појава од шумски пожари ги мобилизира домашните власти. Поради топлотниот бран, а со цел превенција, во наредните десет дена се забранува целосно движење низ шумите во земјава, од 17 часот попладне до седум часот наутро. Ваквата забрана ќе важи до трети септември.

извор
 
Кога веќе целта на забраната е да се спречат шумски пожари зошто трае само од 17 до 07ч.? Само во тој период може да се предизвика пожар, во 12 на пладне не може?

Да не ме сфатиш погрешно, прашањево не е само за тебе, едноставно тебе те цитирав.
 
Како што е тргнат Гриевски со закониве, и биквата ..Р" ќе ја забрани од употреба. Иначе да, во Прилепско секој ден избувнува по некој пожар.
 
ке видиме граѓаните колку ќе ја почитуваат , барем оние кои веќе стекнале навика да одат на водно :)
 
Кога веќе целта на забраната е да се спречат шумски пожари зошто трае само од 17 до 07ч.? Само во тој период може да се предизвика пожар, во 12 на пладне не може?

Да не ме сфатиш погрешно, прашањево не е само за тебе, едноставно тебе те цитирав.

одат на претпоставка, дека нема да одиш на најтоплото да правиш пожар :) :) :)
 
Владата денеска ја продолжи 24 часовната целосна забрана за движење во шуми и шумски појаси на целата територија на Македонија, од 3-ти до 10-ти септември.
Oд страна на јавното претпријатие Македонски шуми, додека трае целосна забрана на движење во шумите, воведено е и 24 часовно патролирање низ шумите.
Законот за шуми предвидува казна за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната за движење во шума, која се движи од две до три илјади евра“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom