Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Океј, ве читам страници уназад како се буните што имате 4 задолжителни предмети во еден семестар и морам да прашам, аман стварно е до толку тешко?? Даа знам уште не сум почната, од 15ти ќе видам што ме чека, ама гледам се буните за 4 предмети..А што да речат другиве факултети кај што има и по 5-6 (ај да не претерам со 7) предмети во семестар?? Се навраќам уште еднаш на прашањето: Стварно е толку многу тешко? :eek:
(Немој да ме плашите сега уште непочната аман :\ )
Не е тешко не ги слушај нека не те лажат :)
Ако си учиш на време лесно е и се се положува, а за потешкото тука сме ние поискусните да помагаме, само ако не досадувате премногу со прашања :pos:
 
Јас морам да прашам нешто...Што кога бројот на сите кредити од сите години ти е помал од 240-минимумот за дипломирање? Јас пред малку пресметав, сите задолжителни заедно со изборните вкупно ми носат 234 кредити...А бидејќи сега треба да презапишам некој предмет не можам два изборни да земам (ако тоа е дозволено).
 
Како мислиш имаш помалку ? Значи ако веќе презапшуваш предмет или предмети најважно е во тој семестар да не ти надминува збирот на кредити 35 односно можеби ќе можеш да си ги пишеш сите ако ги натокмиш кредитите или ќе си пишеш уште една година плус за тие што нем,а да ги ислушаш
 
Имам просек за до 40 кредити да запишам...Па ако се точни кредитите на веб страната, како што броев-помалку од 240 имам...
 
Имам просек за до 40 кредити да запишам...Па ако се точни кредитите на веб страната, како што броев-помалку од 240 имам...
Да и јас сега баш сметав според странава немам 240 хаха значи јас мислам вака дека до 3 година треба да ги сметаш според водичот кој ни го дадоа зш тогаш имаше некој со поќе кредити од сега така испаѓат
 
Кога ќе прочитам како се жалите за четири предмети во семестар, се присетувам на мојот трет семестар. Имав и основи на менаџмент, основи на маркетинг, дигитална економија и финансиски менаџмент - се на се едно убаво купче од скоро две илјади страници материјал.
 
Има ли тука некој паметен што ги препишал задачите математика од испитот сега во август? :)
 
Кога ќе прочитам како се жалите за четири предмети во семестар, се присетувам на мојот трет семестар. Имав и основи на менаџмент, основи на маркетинг, дигитална економија и финансиски менаџмент - се на се едно убаво купче од скоро две илјади страници материјал.

Е убаво што се јави. :)
Ај ако не те мрзи кажи нешто повеќе за предметиве, што треба да се учи, дали треба да одиме на предавања, какви се професорите...
И се мислам еден од овие воопшто да не го учам и да го оставам за во Јануари, па ти си ги веќе поминал и што мислиш, дали и кој предмет да го оставам за во Јануари?

Фала однапред. :D
 
ima nekoj sto polaga MIS utre? tocno e vremeto na stranata na faks??? aj ako znae nekoj neka pise od golema pomos bi mi bil pozzz
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom