Секако дека не е оправдана но, тоа е. Веќе е длабоко навлезена и тешко би се искоренила. А и во секој случај да би почнала да се искоренува, секогаш ќе има такви што ќе продолжуваат да заработуваат од неа. За музичка пиратерија зборам конкретно!
Туку да гледаме од друг аспект. Како прво, во последно време нашите пејачи почнаа да ги продаваат албумите по прилично ниски цени, да речеме на Ноне и двата албума беа 80 денари, на Јован Јованов 150, на Каролина 250, на Верица Пандиловска 100... Но и покрај тоа, ние повторно не го купуваме тоа ниту пак одиме по пазарче да го бараме туку чекаме некој да го купи и да го стави на Интернет и ние да го симнеме. Јас конкретно гореспоменативе албуми сите ги купив освен од Верица (неа не ја слушам толку) а имам и поприлично симнувано (зборувам за македонски) но ме нервира што ги преснимуваат на 128 kbps или па ги ставаат одреден период па ги бришат.
Забележувам на некои сајтови (конкретно српски) дека музиката е ставена од ПРОМОТИВНИ ЦЕЛИ и дека тој што го симнува тоа должен е во рок од 24 часа да ја избрише од компјутер бидејќи сајтот не сносел одговорност за поставеното. Ова се смета пиратерија или не? Баш ме интересира.
Освен тоа, што би рекле за популарните странски пејачи како Бритни Спирс, Кристина Агилера, Џастин Тимберлејк итн.? Замислете од нивните дискографски куќи да фатат да ги реметат сите што ставиле нивни песни по сајтови, па нема крај. Тие знаат дека има таква пиратерија и дека албумите се екстремно скапи за поголемиот дел од населението, па затоа “лебот“ (куќите, јахтите) ги вадат од настапи и промоции и евентуално ако се нечии заштитни лица.
На бугарската телевизија Планета еднаш една пејачка коментираше дека не и пречи тоа што нејзините албуми ги преснимуваат на Интернет од тоа што “била свесна дека нема секој пари да го купи тоа“. Бидејќи кај нив мислам дека дискографската компанија ги диктира цените без да ги консултира пејачите, рече дека некоја обожавателка од Америка и пратила меил во кој вели дека не може да купи нејзино CD и таа и ги испратила на маил песните