еве ме...
гордо одам, уште некоја бора на измаченото и оцврснато лице, нова тетоважа на раката : два мауси вкрстени, во позадина се гледа монитор на кој пише „БАН“ а мониторот го држи орел кој со клунот раскинува синџир кој се обиткува околу рутер (бежичен)..... Арно ме банираа , станав од пред компјутер, (мрсна флека сум напраил на тапацирот од седење) сум се дотерал, намирисал и сум слегол в град и си фатиф љубовница !
Него сакам да им укажам на админите (најдобрите луѓе на цел свет, супер карактери и прекрасни личности, за кои имам само најубави мисли и желби) дека треба да воведат некои новости при банирање. Чоек в затвор ќе го клат па има право да прошета низ дворо некој сат да земи воздух, да протегне нозе.... значи во теко на бано да може секој баниран да има пристап по сат два на форумо (нешо ко шетња по кругот). може на пример од 11 до кај 1 поручек и после пак назад в самица.(бан).