Заборавате еден битен факт...девојката исто така размислува да се смири а и дечкото се кае. Најмалку битно е кој е крив, битно е дали да се смират. Ние дадовме неколку логички одговори, но во љубов ако едно нешто нема тоа е логика.
Јас лично навијам да се смират овие двајца. Се заслужува втора шанса. Подобро да си пробаат па да не им испадне него ли подолго време да ги јаде црвот што ќе беше ако беше.
А многу јак филм направивте кој кого напнал кој на кого раскинал
макар што во случајов е ирелевантно. Целава оваа тактичност само замрсува, кажи си што си имаш да си кажеш и на чисто ќе искочи работава аман.