Јованка Броз била руски агент!?

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Јованка Броз некогашната „прва дама“ на социјалистичка Југославија, сопругата на Јосип Броз Тито, пратена е од Москва како агент на советската служба НКВД, пишува белградски „Прес“.

Тајните белешки на најпознатиот титов биограф Владимир Дедијер чувани во Архивот на Словенија, кои до „Прес“ ги доставил новинарот и публицистот Перо Симиќ, освен што докажале дека Јосип Броз за време на шпанската граѓанската војна бил водач на озлогласената единица НКВД за ликвидација на неподобните комунисти, ја откриваат и големата тајна на Јованка дека пред доаѓањето на местото личен секретар на Тито, девет месеци поминала на школување во московската известувачка академија „Ѓержински“.

Дедијер тоа сознание го забележал во разговорот со словенечкиот комунист Јосип Копинч, кој кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век на Дедијер му сведочел дека Иван Стево-Крајчиќ, поствоениот висок комунистички функционер во Хрватска, Јованка во 1945 година ја пратил во Москва на деветмесечно школување на московската известувачка академија.

„Кога се врати во Југославија просто стана домаќинката на Тито“, забележува Копинч вo сведочењето за Дедијер.

Младата Јованка Будисављевиќ, преку Александар Ранковиќ на Тито му ја препорачал нејзиниот воен командант Ѓоко Јованиќ.

„Јованка по завршувањето на обуката во московската академија, стана секретарка на Тито, а индикативно е тоа што се случи откако умре љубовницата на Тито, Даворјанка Пауновиќ“, вели Перо Симиќ, авторот на повеќе биографии за Јосип Броз.

За Јованка Броз досега често се шпекулираше дека работела за странските разузнавачки служби, а како што вели Перо Симиќ , ова откритие кое недвосмислено утврдува дека нејзините наредбодавци се наоѓале во Москва до крај ја разоткрива и мистеријата за нејзиното ненадејно отстранување од политичкиот живот на Југославија неколку години пред смртта на Тито.

Тито со Јованка се појавуваше сe до есента 1977 година, кога ненадејно е исфрлена од листата на патници за посета на СССР, Кина и Северна Кореја.

Тоа произведе голема афера во западните медиуми кои пишуваа за спорот на американската и советската тајна служба, во исчекување на „денот Д“, како што го нарекуваа очекуваниот ден на смртта на Тито.

Во „Хералд трибјун“, европското издание на „Њујорк тајмс“, дури е објавено и дека извор на спорот е фактот дека Јованка Броз сакала да ги осигура своите позиции со воведување на просрпски елементи во врвот на државата со „проруска конспирација“.

"Прес"
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тито не ја стрпа за џабе во затвор :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Џабе им е на американциве и русиве.Тито не бил будала па да не се посомнева.порано или подоцна му станало јасно.Не за џабе се смета за еден од најголемите државници во светот на сите времиња.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
поминато е нејзиното. што и да била си го одработила и сеа си ужива во животот така да.. џабе се било какви информации сега - П.С зашто дури сега е искочена оваа информација? како тоа никој претходно не дошол до овие документи?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
поминато е нејзиното. што и да била си го одработила и сеа си ужива во животот така да.. џабе се било какви информации сега - П.С зашто дури сега е искочена оваа информација? како тоа никој претходно не дошол до овие документи?
Не ужива баш, сиромашна е.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај нешто повеќе околу ова ако може, зашто ме заинтересира а прв пат слушам/читам:)
Братот е најдобро упатен во историјата па може да ме поправи ако некаде згрешам. Од она што го имам читано, Тито како фигура не верува никому. Затоа и бил таков претседател и држел толку народи под контрола. Успевал да го прекине секој акт на поделба или независност. При крајот на своето „владеење“ настанува хаос во Југославија бидејќи се појавуваат одредени крила кој сакаат да го променат тој систем. Затоа и голем број се пикнати во затвори или на Голи Оток.
Јованка му е една од тие мети. Ја смета за руски шпиун и ја сместува во затвор при тоа ја лиши од секакво наследство. Кога он умира мислам дека Јованка е сеуште во затвор. Плус Тито е познат по тоа што имал многу жени така да прашање е колку ја почитувал или ја сакал.
По распадот на Југославија она останува да живее со некоја мизерна апанажа и сама во куќа. Читав некаде по српски медиуми дека толку и биле мизерни примањата што неможела да се прехрани. Нема ни пасош ни документи за да ја бара пензијата на Тито. Последно што прочитав за неа е дека имало некој лудак кој мислел дека и е син и често пати ја прогонувал. Лудакот е затворен од кога е уапсен во дворот на нејзината куќа.
Така накратко од нешто што паметам и нешто што успат сум прочитала.
 
S

Sagan

Гостин
Последно што прочитав за неа е дека имало некој лудак кој мислел дека и е син и често пати ја прогонувал. Лудакот е затворен од кога е уапсен во дворот на нејзината куќа.
Башка, Македонец бил типот... Перо Давидовски.
 
M

Moon Child

Гостин
Братот е најдобро упатен во историјата па може да ме поправи ако некаде згрешам. Од она што го имам читано, Тито како фигура не верува никому. Затоа и бил таков претседател и држел толку народи под контрола. Успевал да го прекине секој акт на поделба или независност. При крајот на своето „владеење“ настанува хаос во Југославија бидејќи се појавуваат одредени крила кој сакаат да го променат тој систем. Затоа и голем број се пикнати во затвори или на Голи Оток.
Јованка му е една од тие мети. Ја смета за руски шпиун и ја сместува во затвор при тоа ја лиши од секакво наследство. Кога он умира мислам дека Јованка е сеуште во затвор. Плус Тито е познат по тоа што имал многу жени така да прашање е колку ја почитувал или ја сакал.
По распадот на Југославија она останува да живее со некоја мизерна апанажа и сама во куќа. Читав некаде по српски медиуми дека толку и биле мизерни примањата што неможела да се прехрани. Нема ни пасош ни документи за да ја бара пензијата на Тито. Последно што прочитав за неа е дека имало некој лудак кој мислел дека и е син и често пати ја прогонувал. Лудакот е затворен од кога е уапсен во дворот на нејзината куќа.
Така накратко од нешто што паметам и нешто што успат сум прочитала.
Не знаев дека била во затвор, фала на информацијата, ако сеуште стојат книгите за Тито дома ќе прочепкам нешто. А сега дека е сиромашна знам, дури се чудев како е можно да остане без ништо:eek:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не знаев дека била во затвор, фала на информацијата, ако сеуште стојат книгите за Тито дома ќе прочепкам нешто. А сега дека е сиромашна знам, дури се чудев како е можно да остане без ништо:eek:
И мене ми беше чудно што денес е таа сиромашна. Сепак е лик од историјата и колку толку треба да и се обезбеди еден пристоен живот и така има 85 години.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.705
Поени од реакции
31.771
bez razlika na se i preku nekoja lichnost mozhe da se poistoveti cel narod ., zatoa od vakvi lichnosti se plashat site i sekade niz svetov i po sekoja cena se obiduvaat da gi zamolchat ., a nokna mora im e ., a shto ako ostavile dokumenti koi ke bidat objaveni posle nivnata smrt., iako bajati svedoshtva ., no nezgidni za celi narodi i sega drzhavi
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Хе хе хе.... значи стариот и буквално во кревет го дупел својот непријател...:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom