El Bohemio
Silver Gate
- Член од
- 6 јули 2009
- Мислења
- 1.058
- Поени од реакции
- 943
Јованка Броз некогашната „прва дама“ на социјалистичка Југославија, сопругата на Јосип Броз Тито, пратена е од Москва како агент на советската служба НКВД, пишува белградски „Прес“.
Тајните белешки на најпознатиот титов биограф Владимир Дедијер чувани во Архивот на Словенија, кои до „Прес“ ги доставил новинарот и публицистот Перо Симиќ, освен што докажале дека Јосип Броз за време на шпанската граѓанската војна бил водач на озлогласената единица НКВД за ликвидација на неподобните комунисти, ја откриваат и големата тајна на Јованка дека пред доаѓањето на местото личен секретар на Тито, девет месеци поминала на школување во московската известувачка академија „Ѓержински“.
Дедијер тоа сознание го забележал во разговорот со словенечкиот комунист Јосип Копинч, кој кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век на Дедијер му сведочел дека Иван Стево-Крајчиќ, поствоениот висок комунистички функционер во Хрватска, Јованка во 1945 година ја пратил во Москва на деветмесечно школување на московската известувачка академија.
„Кога се врати во Југославија просто стана домаќинката на Тито“, забележува Копинч вo сведочењето за Дедијер.
Младата Јованка Будисављевиќ, преку Александар Ранковиќ на Тито му ја препорачал нејзиниот воен командант Ѓоко Јованиќ.
„Јованка по завршувањето на обуката во московската академија, стана секретарка на Тито, а индикативно е тоа што се случи откако умре љубовницата на Тито, Даворјанка Пауновиќ“, вели Перо Симиќ, авторот на повеќе биографии за Јосип Броз.
За Јованка Броз досега често се шпекулираше дека работела за странските разузнавачки служби, а како што вели Перо Симиќ , ова откритие кое недвосмислено утврдува дека нејзините наредбодавци се наоѓале во Москва до крај ја разоткрива и мистеријата за нејзиното ненадејно отстранување од политичкиот живот на Југославија неколку години пред смртта на Тито.
Тито со Јованка се појавуваше сe до есента 1977 година, кога ненадејно е исфрлена од листата на патници за посета на СССР, Кина и Северна Кореја.
Тоа произведе голема афера во западните медиуми кои пишуваа за спорот на американската и советската тајна служба, во исчекување на „денот Д“, како што го нарекуваа очекуваниот ден на смртта на Тито.
Во „Хералд трибјун“, европското издание на „Њујорк тајмс“, дури е објавено и дека извор на спорот е фактот дека Јованка Броз сакала да ги осигура своите позиции со воведување на просрпски елементи во врвот на државата со „проруска конспирација“.
"Прес"