Превисоките цени

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
па јас напишав погоре, да, има такви што трошат толку пари, со татко професор митаџија (500 евра за оценка), со мајка докторка во државна (500 евра да ПРОБА да те излекува), со баба инспекторка (барем 100 евра за да не те казни), со дедо цариник (1000-5000 евра за некој среден бизнис нелегален преку граница) ееееееее, за такви? за да ти се исмејуваат што немаш 400 денари за посета на пелистер и тоа пешки??ееее, нека засучи ракави, нека заработи поштено и чесно по фабрикине, тогаш ке ја прашам, има за 100 денари да плачи, солзи да лее...
 
Апсолутно точно...
Од 1000 до 3000 некој да троши надвор е многу.
Ретки се таквите што можат тоа да си го дозволат во денешно време (не велам дека нема исклучоци), ама тие се во помал број.
Дефинитивно треба да имаш татко и мајка „рокфелери“ за да си дозволиш да трошиш толку многу.
А башка и да трошиш 1000+ не е нормално.
Да искачаш еднаш у месецот да речеш да ги потрошиш...ама јас како што излегувам секој ден и стигнувам да отидам на кафе и да се изжуркам и да се видам со 398535 пријатели тоа неможам ни да го помислам а камо ли да си го дозволам...
НЕ! Треба да имаш мајка и татко КРЕТЕНИ шо ќе му дадат 3000 денари на детето за излегување.
Не е крива пуфлата шо се курчи на форумов оти троши по толку во вечер, и’ ги дале, туѓи се, ќе си ги троши... Криви се тие што и ги дале
 
А зар и верувате во лагите ? девојчето има 14 години а вика испаѓала со кола и трошела по 3000~ денари.. мало морген тоа.
 
Верувале ние или не, факт е дека има доста такви, ако таа лажи, има еден куп како неа што стварно се расфрлаат со на тате парите
 
Искрено јас не верувам, треба буквално да си ненормален да трошиш 50 евра за еден ден.. безразлика колку имаш пари.
 
А ти се сомневаш дека нема такви ненормални? Изгледа не си видел...
Јас сум видел и не ме чуди
 
Благодарам што ме поправи друже...можеби бев премногу благ со терминот „рокфелери“ хахахахаха! ;) :pos:
 
Дечки, а да ја баталевте малку Ивановска од муабетот. Девојчето се избриша од форум. Дека нејзе или на нејзините родители ќе им дојде памет се сомневам, ама не знам зошто да се троши енергија за девојче кое не е на чисто со самото себе си.
 
Кој филм го испука девојчево. Патем цениве стварно немаат смисла, човек неможе на раат да се изнапие.
 
Читав се од прва до последна страна и морам да искоментирам: Кога бев млад (читај 18 години , во една друга држава под име СФРЈ) барав пари од мама и тато. Тогаш стандардот беше поголем, иако моите и тогаш кукаа дека многу трошам. Сега имам фамилија, заработувам над просечно и можам да си дозволам да излезам и да се забавувам (читај „пијам“) без да се секирам колку сум потрошил. Од друга страна, само ја знам колку р'мбам за тие пари и ОДБИВАМ да плаќам цени кои некои од скопските локали имаат наведено.
Пред некој ден, седнувам во Енрико на салата, порачуваме со колегата вода, келнерот вика само флаширана. ОК, донеси. Кога дојде сметката ќе паднев од стол - литро Горска 120 денари.
Поентата ми е, се додека мама и тато даваат пари, па макар тие да имале и незнам какви примања, нема да ги цениме парите и 1000 или 5000 денари ке бидат само листови хартија во боја. Ама обидете се малце да си го запотите газот, обидете се да живеете сами и ќе видиме дека многу повеќе ќе ги цените парите.
 
Колку беше лесно на мама и на тато парите да се трошат. Не беше битно дали пијачката е 100 или 1000 денари. Сега е малку потешко да се дадат 120 денари за литро вода. Мислам стварно немаат смисла некаде цениве.
 
Moре не на мама и на тато... на св.Павле нека се парите 120 денари за литро Горска вода (случајно соработувам со нив знам која им е набавната) иди над 500% ќар... НЕ ДААМ БЕ АЛО!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom