Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.882
Брзо ми помина некако утакмицава, иако очекував патот и времето да ме утепаат тотално :D
Уште една победа на гостувњата и повторно без примен гол.
И одново тешко стигнавме до неа. Охрид кој како што разбрав играл десеткуван, беше повлечен на својата половина и постојано се бранеше.
Нашиве стартуваа со Ивановски и Ѓурчиновски на местото на Стојковиќ.
Стандардно си играа и Симов, Вајс, Вељановски, Илиевски, Бојовиќ, Петров, Лико и Оса :)
Премногу комбиниравме во цела утакмица. Мислев дека нема да дадеме гол.
Не ми е јасно што сакаа да направат? Да не сакаа со топка да влезат во гол:tapp:
Не им текнуваше дека од ЧИСТА ПОЗИЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ ШУТИРА....
Се виде дека Фичо многу ни фалеше во овие средби. Но денес некако се чуваше, имаше некоја полушанса со удари од свртување ама повеќе се чуваше.
Лико вади мозоци, ама клакво лошо нафрлување има тоа е лудо едно...
Треба подитно да земат да го тренираат да нафрла. Али душа е човекот :D
Кога паднаа головите он како споулавен се радуваше а и го остави срцето на терен, па си доби заслужени овации од нас.
Конечно во вториот дел им текна дека треба да се шутира. Изигравме една акција по лево, али лошо нафрлување, но натрча Мичка и даде прекрасен гол во негов стил. Силно по земја, од статива во мрежа :D
За урнебес на трибините.Уф колку ми е мило што им дадовме гол во тој момент. Пошто баш тогаш почнаа да играат многу педерски, со остри стартови а тоа наидуваше на аплауз кај домашната публика...
Осдново не сум задоволен со судењето. Сите сумливи ситуации во нивна полза се судеа...
Досуден беше и сомнителен офсајд кога Фичо излезње сам пред гол (ќе видиме од снимките).
И нова утакмица која беше доказ дека АЛИ НЕМА ШТО ДА БАРА ВО ТИМОТ....
Каменињо...
Играч на натпреварот, Оса :cuc::cuc::cuc:

Да се вратиме и на навивачките теми. Гостување како што само може сда се посака. Од Скопје тргнавме три полни автобуси (околу 170 луѓе), во Охрид не дочекаа уште толку:pos:
Мислеам дека бевме нешто помалку од 300 луѓе, и со тоа ги продолжуваме нашите одлични гостувања годинава. Навивањето на почетокот слабо, за пред полувреме да биде урнебес. Имавме неколку пароли во врска со пшресудите од кале. Имаше мини баклијада, и секако добро навивање во цедлиот меч.
Очекував повеќе Охридска публика. Најавуваа спектакли но ништо од тоа...
Рибари ги гледав дека пафтаа цело време, навиваа, ама искрено освен некој повремен свиреж ништо друго не им чув. Мада таков е стадионот што нема никакво ехо, па којзнае како сме се слушале и ние :)
Мора да ги пофалам дека имаа добра димнијада.
И секако како и сите други курнази, после меч ни покажуваа средни прсти :pos:
Бујрум, на нивни терен бевме повеќе од нив, Комити има во Охрид уште од вчера. Многу мрзам некој кога се прави квази фраер. Немаше потреба од такви провокации...
Инаку имавме и публика од охрид :D А во нашиот автобус дојде и 70 годишно старче
:D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
0-2 ... ТОА МИ СЕ СВИЃА !!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.882
Заборавив да го издвојам и младиот Ранѓеловиќ кој позитивно изненадува. Каков гол бапна ауууууу...
Лико му ја дава по земја и овој со надворешна. Голманов се збуни, правецот на топката беше бајаги непредвидлив иииииии ГОООООООООООООООООЛ:D
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.730
Поени од реакции
3.111
Брзо ми помина некако утакмицава, иако очекував патот и времето да ме утепаат тотално :D
Уште една победа на гостувњата и повторно без примен гол.
И одново тешко стигнавме до неа. Охрид кој како што разбрав играл десеткуван, беше повлечен на својата половина и постојано се бранеше.
Нашиве стартуваа со Ивановски и Ѓурчиновски на местото на Стојковиќ.
Стандардно си играа и Симов, Вајс, Вељановски, Илиевски, Бојовиќ, Петров, Лико и Оса :)
Премногу комбиниравме во цела утакмица. Мислев дека нема да дадеме гол.
Не ми е јасно што сакаа да направат? Да не сакаа со топка да влезат во гол:tapp:
Не им текнуваше дека од ЧИСТА ПОЗИЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ ШУТИРА....
Се виде дека Фичо многу ни фалеше во овие средби. Но денес некако се чуваше, имаше некоја полушанса со удари од свртување ама повеќе се чуваше.
Лико вади мозоци, ама клакво лошо нафрлување има тоа е лудо едно...
Треба подитно да земат да го тренираат да нафрла. Али душа е човекот :D
Кога паднаа головите он како споулавен се радуваше а и го остави срцето на терен, па си доби заслужени овации од нас.
Конечно во вториот дел им текна дека треба да се шутира. Изигравме една акција по лево, али лошо нафрлување, но натрча Мичка и даде прекрасен гол во негов стил. Силно по земја, од статива во мрежа :D
За урнебес на трибините.Уф колку ми е мило што им дадовме гол во тој момент. Пошто баш тогаш почнаа да играат многу педерски, со остри стартови а тоа наидуваше на аплауз кај домашната публика...
Осдново не сум задоволен со судењето. Сите сумливи ситуации во нивна полза се судеа...
Досуден беше и сомнителен офсајд кога Фичо излезње сам пред гол (ќе видиме од снимките).
И нова утакмица која беше доказ дека АЛИ НЕМА ШТО ДА БАРА ВО ТИМОТ....
Каменињо...
Играч на натпреварот, Оса :cuc::cuc::cuc:

Да се вратиме и на навивачките теми. Гостување како што само може сда се посака. Од Скопје тргнавме три полни автобуси (околу 170 луѓе), во Охрид не дочекаа уште толку:pos:
Мислеам дека бевме нешто помалку од 300 луѓе, и со тоа ги продолжуваме нашите одлични гостувања годинава. Навивањето на почетокот слабо, за пред полувреме да биде урнебес. Имавме неколку пароли во врска со пшресудите од кале. Имаше мини баклијада, и секако добро навивање во цедлиот меч.
Очекував повеќе Охридска публика. Најавуваа спектакли но ништо од тоа...
Рибари ги гледав дека пафтаа цело време, навиваа, ама искрено освен некој повремен свиреж ништо друго не им чув. Мада таков е стадионот што нема никакво ехо, па којзнае како сме се слушале и ние :)
Мора да ги пофалам дека имаа добра димнијада.
И секако како и сите други курнази, после меч ни покажуваа средни прсти :pos:
Бујрум, на нивни терен бевме повеќе од нив, Комити има во Охрид уште од вчера. Многу мрзам некој кога се прави квази фраер. Немаше потреба од такви провокации...
Инаку имавме и публика од охрид :D А во нашиот автобус дојде и 70 годишно старче
:D
Ne kaza kolku izede na straza :D
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Прекрасно гостовање,ние што отидовме со комбе стигнавме во Охрид накај 12 часот со цел да си го искористиме денот за бањање и слично:)! Таму се најдовме со уште 20 Комити кој стигнале еден ден порано и тргнавме накај стадион(бевме вкупно околу 30 души),интересно беше што 50 метра позади нас идеа Рибари кој беа околу 100 души и отпеавме заедно една песна а потоа си влеговме на трибина без никакви провокации:)!Само што влеговме,пристигнаа уште 3 автобуса кои беа тргнати од Скопје,бевме бројка околу 250 души и се навиваше добро со оглед дека беше премногу топло!Ке ги пофалам и Рибари кои направија солидна атмосфера со неколку запалени димни и направија натпреварот да биде по возбудлив,за крај поздрав и до Влатко Гроздановски кој сам по свој воља ни плати дел од трошокот за комбето:)!
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Ејј само да не не вратат ко лани таму...

@ Saber

Кога го прочитав првиот ред,рече си бил преморен ова она,и викам сеа некој краток извештај 7-8 реда...ама џабе не се може со тебе ;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.882
hahaha nema vrska sea :P tuku posle sileks igrame so bregalnica tamu :D gostovanjeto so ti go zborev deka pten sakam da idam tamu :D
Одиме нормално, и се враќаме со три бода.
Силекс паѓа милијарда посто, а со Брегалница мислам дека конечно ќе видиме со каков квалитет располагаме. Тешко гостување...
После тоа и Гроздановски ќе игра па ќе биде полесно.
А Остоја ќе игра уште од мечот со Силекс :)
Кога се враќа Стојковиќ знае ли некој?
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Стајте го бе да пишува извештаи за на komiti.org :D
Иначе честито нека ни е победата, не ми се верува уште дека сме без примен гол. Само напред ! :)
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.730
Поени од реакции
3.111
Одиме нормално, и се враќаме со три бода.
Силекс паѓа милијарда посто, а со Брегалница мислам дека конечно ќе видиме со каков квалитет располагаме. Тешко гостување...
После тоа и Гроздановски ќе игра па ќе биде полесно.
А Остоја ќе игра уште од мечот со Силекс :)
Кога се враќа Стојковиќ знае ли некој?
Tepame u Stip :D
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Стајте го бе да пишува извештаи за на komiti.org :D
Иначе честито нека ни е победата, не ми се верува уште дека сме без примен гол. Само напред ! :)
И ја тоа викам,ама многу пари бара за пишувањето:icon_mrgr: Се шалам нормално,сега може не треба,ама за 3тиот број на фанзинот обавезно го ставам на список :)
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Влатче звер како што пиша Кире,сакаше целиот трошок од комбето да го плати он,секако ние не дозволивме и плативме по пола,ни купи и едно 40 лименки пиво за по пат,неможевме да го одбиеме за тоа,ептен ке се наљутеше :D...

Најинтересен момент денес ми било,кога чекавме пред стадион,еден член од Рибари извика и јас навивам за Вардар,со Рибари идам за курташак,и пешее со нас песни и после отиде на трибина со нив хахаха
 

Kajgana Shop

На врв Bottom