S
smexy
Гостин
Ќе ги сместиме...во каменолом и онака се useless fags.
ќе одат само на преспивање во центарот , а дење пак низ улиците да питачатЛесно е за сместување. Грујо ќе удри една лопата и после 5-6 години ќе биде готов домот (ако не најдат)
Ме потсети со овој пост нешто што читнав вчера...како ги бројат оние што се на улица.Lurtz, izgleda posle tvojava objava- iako po edna godina(verojatno so zakasnuvanje go chitnale postov) se reshija na prevzemanje merki za trganje na decata od ulicite-
kolku ke bide uspeshno- ostanuva da vidime
Ме потсети со овој пост нешто што читнав вчера...како ги бројат оние што се на улица.
Еве нешто кое за мене е нелогично.
Обука за спроведување претходно попишување на лицата на служба во Aрмијата на Република Македонија во државата и во странство и на лицата-бездомници во периодот од 1 до 15 септември 2011 година
Како ќе ги прашаат, кај ќе ги најдат повеќето, што ќе ги прашаат и со кои документи? Ако можат да ги најдат повеќето, ако можат да ги испрашаат за податоци...
Луѓето се знаат точно по име и по презиме и каде може да се најдат. Тоа може да се среди за 1 (еден) ден. Проблемот е: што после?Како ќе ги прашаат, кај ќе ги најдат повеќето, што ќе ги прашаат и со кои документи? Ако можат да ги најдат повеќето, ако можат да ги испрашаат за податоци...
Да, истото и мене ме занима. Него пошто треба да се преземе целосна акција (возрасни и деца)...ако ги знаат до еден, зошто пример дозволувале досега да се случува децениски проблем од децата, нивните родители и бездомниците со питачење, крадење, дрогирање, пијанчење и влегување во дуќани, плашење на минувачи (па и физички пресметки околу градски ѕид со граѓани и припадници на обезбедување на фирми)...Во тој случај ако истите служби/институции кои го знаеле и толерирале сето ова, сега да ветат решавање, подобрување на состојбите...нешто не е како што треба.Луѓето се знаат точно по име и по презиме и каде може да се најдат. Тоа може да се среди за 1 (еден) ден. Проблемот е: што после?
ако се работи на системско решавање на проблемот, мислам дека и возрасните треба да се вклучат во активностите за решавање на овие проблеми, тие се извор и работодавец на децата на семафори и на плоштад Вчера додека се враќавме, кај јаја паша на едно моторче со приколка (од каде падна една лименка на улица па додека едно дете да застане и го собере...направи таков застој и колона, како премиер да поминува) успеав некако (двапати, пошто не ми се веруваше) да избројам ...млада пар роми (на 20 дветри години) имаа 4 деца у приколка и едно бебе во раце.Го потсетувам министерот дека се работи за деца, а не за возрасни луѓе.
точноНека ги спастрат сиропиталиштата прво. На ништо не личат, воспитувачките пушат цигари со децата, малите јадат ќотек и не добиваат образование како што треба и пак ги расте улицата, само што овојпат наместо да питачат, крадат и завршуваат на дроги. Многу малку штитеници на домови излегле саглам луѓе, токму затоа што сите би поддржале казна за родителите, но не би направиле ништо во насока на тоа да им го подобрат животот на тие дечиња. Fucking hypocrites.
Државата до сега ќутеше бидејќи ова е многу тежок проект. Финансиски, стручен кадар, координација помеѓу државните институции, невладин сектор, а слободно можам да кажам и целото цивилно население ќе треба да биде активирано. Многу луѓе не знаат дека постојат казни со кои се санкционира давањето на парични средства на лицата кои питаат.Да, истото и мене ме занима. Него пошто треба да се преземе целосна акција (возрасни и деца)...ако ги знаат до еден, зошто пример дозволувале досега да се случува децениски проблем од децата, нивните родители и бездомниците со питачење, крадење, дрогирање, пијанчење и влегување во дуќани, плашење на минувачи (па и физички пресметки околу градски ѕид со граѓани и припадници на обезбедување на фирми)...Во тој случај ако истите служби/институции кои го знаеле и толерирале сето ова, сега да ветат решавање, подобрување на состојбите...нешто не е како што треба.
Токму ваквиот паушален пристап лежи во сржта на неспособноста на институциите да го решат проблемот. Поправните центри кои ги заговараш се за малолетници кои што веќе вршеле криминални активности. Ако ги осудиш овие деца на таков вид на "нега", тогаш однапред си подготвил нова генерација "питомци" на КПД "Идризово" и слични институции.питачењето е бизнис, и тоа добро разработен. за нив тоа е нормална работа пошто така ги учат затоа што и нив така ги учеле.
со чесни исклучоци никој не пита од мака. пак ке речам бизнис е тоа во кој се експлоатираат најчесто децата, понекогаш жените и старите. зошто прават по 10 деца. па работна сила им е тоа и то за безпари. социјално земаат повеќето ако не и сите, струја кој плаќа кој не за други давачки и да не зборуваме. си имаат љуѓето шема и си ја работат.
често ги гледам истите од битола кога е сезоната во охрид сите таму. е сега ако некој ми рече дека тоа не е бизнис , тогаш стварно незнам што е.
и ако некое дете е малтретирано дома државата ке им го одеземе така ?? барем би требало .
зошто тука да се прави исклучок. нека ги соберат од улица и во поправен дом на 24 часа и опомена на родителите. ако пак ги соберат државата нека ги одземе , за родителите затвор па нека прават пак по 10 деца и нека ги пуштаат да питачат.
никој не може да им забрани да прават по 10 деца( или може)
ама под услов да можат да им пружат барем основни услови за живот. ако не се способни за тоа ги осудуваат децата да прават криминал и како родители тие ја сносат одговорноста, и државата е должна да ги штити останатите од криминал , а криминалците да ги тргни од улиците и нормално да продолжи да се грижи за нив во специјални домови за деца без родители, поправни центри и затвори за малолетници.
звучи малце грубо ама реалноста е таква каква што е.
пак ке напоменам да се работеше за деца од друга националност кои се крајно малтретирани дома, принудувани на проституција и ред други деликвентски работи одма сите ке скокневте за да им се одземе на родителите и да се смести во дом.
зошто питачењето би го третирале поинаку само затоа што се роми.
темата не беше што се случува во казненопоправните домови и дали таму ке станат поголеми криминалци или не. ако внимателно ме прочита спомнав и домови за деца без родители а не само казненопоправни домови. кои не се огрешиле пред законот( питале само или нешто слично) во дом за деца без родители па ако некој сака да ги вдоми ок пошто родителите очигледно неможат да се грижат за нив или се веќе во затвор, за тие кои се огрешиле каде што им е местото во затвор. објаснете им на тие кои биле жртви на кражба и терор како тоа тие биле обесправени и имале тешки услови за живот. овие му ја испразниле кукјата и заштедата што ја собирал цел живот и државата да ги пушти затоа што имале тежок живот. в затвор па на принудна работа од утро до мрак па да видат прво како се вади лебот и после да нека им текне пак да крадат. овие глупости за затворите доаѓаат директно од запад за нехуман или незнам каков однос према затворениците како тие да се на одмор пуштени таму за заслуги према државата.Токму ваквиот паушален пристап лежи во сржта на неспособноста на институциите да го решат проблемот. Поправните центри кои ги заговараш се за малолетници кои што веќе вршеле криминални активности. Ако ги осудиш овие деца на таков вид на "нега", тогаш однапред си подготвил нова генерација "питомци" на КПД "Идризово" и слични институции.
Изразот "реалноста е таква каква што е" во Македонија пречесто се користи како изговор кога институциите треба да преземат конкретни, конзистентни и планирани чекори кон олеснување на некој општествен проблем.
Не ме сфаќајте погрешно, не сум паднат од Марс, па сега да се чудам јас Европеецот како може такви работи кај нас да се случуваат. Едноставно не ми е јасно како до тој степен на никој не му е гајле колку работите се отидени у к**ац. Впрочем, би било многу поискрено кога сите би признале дека единственото што вистински им пречи е што мора бедата на овие деца да им се парадира пред очи. Многу полесно би било за нивната заспана совест да продолжи безгрижно да си нанка да ги пикнат малите во домови и да заборават дека воопшто некогаш постоеле, се' до судбоносниот ден кога ќе се вратат дома од одмор и ќе ја најдат куќата испразнета од заборавените дечиња кои израснале во општествени отпадници и закоравени криминалци.
Ме чуди со каква леснотија ги осудуваш овие деца да бидат третирани како злосторници во годините кога се формираат како личности и кога може да бидат наведени на вистински пат, само кога некој би ги земал под своја закрила. Луѓето не се раѓаат како граѓани, исто како што нема дете што се родило како криминалец. Кога веќе заговарате одземање на децата заради родителска негрижа, идиотски е повторно да бидат втурнати во средина која ќе ги запоставува, стигматизира и понекогаш дури и злоставува. Знаеме како функционираат овие институции и знаеме дека иако се помалото од две зла, разликата е толку незначителна што нема да произведе никакви реални подобрувања во ситуацијата на овие деца.
Или сериозен пристап, или ништо! Доста е од "плукни па залепи решенија"! Идеите кои што ги наведе HITCH се чекор во вистинската насока и додека не се одвојат средства за правилна нивна имплементација, децава ќе питачат, ќе крадат и ќе се дрогираат. Останува прашањето- Каде ви е човештината?
Им ја зеле дури и социјалната помошКатерина патува со автобус од селото Драчево до центарот на Скопје за да моли за пари, и на сегашните неподносливи горештини и кога температурите не се искачуваат над нулата
Единаесетгодишно девојче проси за да ги прехрани родителите
Нашите деца заслужуваат многу повеќе од оваа соба, но, за жал, ние не можеме да им овозможиме ништо. Со Тања живееме вонбрачно речиси 15 години, и тоа во истово ова собиче. Порано јас работев, носев старо железо, но пред неколку месеци ја повредив половината, па сега не смеам една година да работам никаква физичка работа. Жена ми работеше во фирма, но од таму не и плаќаа никакви придонеси, а згора на сé нé набедија дека намерно не сме се пријавиле во социјално, па ни ја скратија и онака малата помош што ја добивавме. Затоа и ја пуштаме Катерина да бара пари од народот. Мене ми е многу тешко и понижувачко, но од нешто мора да се живее - раскажува Нехат.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82911828144&id=9&prilog=0&setIzdanie=22368