Одземање деца за питачење!

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Лесно е за сместување. Грујо ќе удри една лопата и после 5-6 години ќе биде готов домот :pos:(ако не најдат)
ќе одат само на преспивање во центарот , а дење пак низ улиците да питачат:mad:
Од септември ќе биде отворен транзитен центар за децата за кои никој не води грижа. Неодговорните родители ќе бидат остро казнувани
кој би нудел 24-часовна грижа за децата на улица. Топол чај, храна, капење и чиста постела, се само дел од услугите кои децата ќе можат да ги добијат во центарот
Подолго од 24 часа не можеме да ги задржиме без нивна волја.:eek: Капацитетот на објектот ќе биде околу 30-ина деца,
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6D88495B4BCA6E48830F0CF13C4AC114
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Lurtz, izgleda posle tvojava objava- iako po edna godina(verojatno so zakasnuvanje go chitnale postov) se reshija na prevzemanje merki za trganje na decata od ulicite-
kolku ke bide uspeshno- ostanuva da vidime:)
Ме потсети со овој пост нешто што читнав вчера...како ги бројат оние што се на улица.

Еве нешто кое за мене е нелогично.

Обука за спроведување претходно попишување на лицата на служба во Aрмијата на Република Македонија во државата и во странство и на лицата-бездомници во периодот од 1 до 15 септември 2011 година

Како ќе ги прашаат, кај ќе ги најдат повеќето, што ќе ги прашаат и со кои документи? Ако можат да ги најдат повеќето, ако можат да ги испрашаат за податоци...
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
од тепка:pos:
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

H

HITCH

Гостин
Како ќе ги прашаат, кај ќе ги најдат повеќето, што ќе ги прашаат и со кои документи? Ако можат да ги најдат повеќето, ако можат да ги испрашаат за податоци...
Луѓето се знаат точно по име и по презиме и каде може да се најдат. Тоа може да се среди за 1 (еден) ден. Проблемот е: што после?

Работава е многу посложена, отколку што мислат во министерството. Треба огромен тим од професионалци кои ќе работат со децата, повеќето се деликвенти, кои имаат и огромна полициска историја. Треба простор каде што ќе бидат сместени тие деца, сеедно дали тоа ќе биде дневен престој, полудневен престој или подобро речено тоа ќе биде престој на определено или неопределено време. Не знам колку државата може да најде: социјални работници, педагози, психолози, дефектолози... луѓе кои имаат искуство со оваа категорија, а не неискусни кадри да се вежбаат на нив.

Мислам дека нема да успее овој проект, бидејќи суштински не се опфаќа, премногу е површно. Планираат децата да бидат тргнати од улица и згрижени во домови, ок и после??? Нема никаква програма, според која стручните лица ќе се водат. На овие деца ќе треба некој да им го испланира времето до минута, за да стекнат друга навика, а Бога ми и за да им излезат од глава сите дубари. Се работи за деца кои се со тешки криминални дела, деца кои се со тешки здравствени проблеми, деца без никакво образование, премногу агресивни деца со кои треба да се почне од нула. Овој проект е можност да се вработат неквалификувани кадри, кои наместо да ја подобрат работата ќе ја доусложнат. Ваков проект не може да водат луѓе кои немаат поим каква е ситуацијата на терен, а уште помалку кои прочитале некаде како тој проблем е решен, ама во друга држава. Законите и ситуацијата на терен во Македонија е многу поразлична од другие држави. Треба да се изработат посебни проекти, а не да се преземаат од други држави или невладини организации.

Го потсетувам министерот дека се работи за деца, а не за возрасни луѓе.
 
The Wolf

I solve problems.
Член од
25 август 2010
Мислења
88
Поени од реакции
65
Нека ги спастрат сиропиталиштата прво. На ништо не личат, воспитувачките пушат цигари со децата, малите јадат ќотек и не добиваат образование како што треба и пак ги расте улицата, само што овојпат наместо да питачат, крадат и завршуваат на дроги. Многу малку штитеници на домови излегле саглам луѓе, токму затоа што сите би поддржале казна за родителите, но не би направиле ништо во насока на тоа да им го подобрат животот на тие дечиња. Fucking hypocrites.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
транзитниот центар ке биде само почеток на процедурата за трајно одземање на родителските права

Транзитен центар во кој ќе бидат згрижени децата од улица ќе биде отворен во Скопје на почетокот на септември. Центарот ќе работи 24 часа и ќе им нуди целодневна грижа на децата од улица. Надлежните очекуваат дека тој ќе придонесе за поголема ефикасност во борбата против отстранувањето и згрижувањето на децата од улица.
- Дневните центри за деца на улица функционираат осум часа и тоа досега се покажа неефикасно од аспект на тоа што по поминатите осум часа, децата повторно се враќаат на улица поради несовесноста на нивните родители. Во транзитниот центар ќе ги сместиме децата од улица и ќе може да ги задржиме во период од 24 часа, којшто сосема ќе биде доволен да се поведе иницијатива за одземање на родителското право, а Министерството за внатрешни работи да поведе соодветна кривична пријава против несовесните родители, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристески по денешната заедничка прес конференција со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска најави 24 часовни заеднички активности со Министерството за труд и социјална политика и интензивирање на контролите на местата за кои има информации за зачестена појава на малолетничка деликвенција.
- Промената во системот за работа на социјалните служби, како и промената во начинот на однесувањето во смисла на постапувањето по овие конкретни пријави очекуваме да даде резултат бидејќи заканата од казна за одземање на родителското право е сериозна закана која секој родител би требало реално да ја согледа и соодветно да постапи ако се соочи со една таква ситуација, рече Јанкуловска.
Покрај транзитниот центар планирано е во соработка со Министерството за транспорт и врски да биде отворен и интервентен згрижувачки центар за деца во ризик којшто најверојатно ќе биде сместен во просториите на Железничката станица.
Според Министерството за труд и социјална политика, во изминатиот период од три години во дневните центри за деца на улица згрижени биле повеќе од 631 дете. Одземено е родителското право на две семејства, а во тек е постапка за одземање кај уште две семејства. Изминатата година против 119 лица преземени се различни видови мерки за намалување на малолетничката деликвенција во Скопје. Поднесени се 30 кривични и 42 прекршочни пријави.
Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за внатрешни работи ќе превземат кординирана акција за решавење на овој проблем.
Министрката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека во наредниот период се планира зачестена контрола на местата каде што има зачестена појава на малолетничка деликвенција и таа контрола ќе биде 24 часа.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски нагласи дека и покрај тоа што низ дневните центри за деца на улица поминале 631 дете, а во моментов дневно се згрижуваат 159 деца, тоа се покажало нефикасно бидејќи во овие центри децата биле згрижувани само 8 часа, а потоа тие повторно се враќале на улица и проселе.
Ќе отвориме 24 часовен транзитен центар во кој ќе бидат сместени децата кои ќе бидат најдени на улица и тие ќе бидат задржени 48 часа. Тоа е период кој е доволен за покренување на постапка за одземање на родителските права на несовесните родители и да се поднесе кривична пријава кон нив, изјави Ристовски.
До сега одземени се 11 деца од две семејства. Одземените деца ќе бидат сместувани во згрижувачки семејства и или во некоја од државните установи.
Покрај транзитниот центар планирано и отварање на уште еден интервентен центар, за згрижување на вакви деца, кој најверојатно ќе биде сместен во просториите на главната железничка станица.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Луѓето се знаат точно по име и по презиме и каде може да се најдат. Тоа може да се среди за 1 (еден) ден. Проблемот е: што после?
Да, истото и мене ме занима. Него пошто треба да се преземе целосна акција (возрасни и деца)...ако ги знаат до еден, зошто пример дозволувале досега да се случува децениски проблем од децата, нивните родители и бездомниците со питачење, крадење, дрогирање, пијанчење и влегување во дуќани, плашење на минувачи (па и физички пресметки околу градски ѕид со граѓани и припадници на обезбедување на фирми)...Во тој случај ако истите служби/институции кои го знаеле и толерирале сето ова, сега да ветат решавање, подобрување на состојбите...нешто не е како што треба.

Зошто на пример ова
Деца се дрогираат на улица, државата гледа и молчи

Дечиња на возраст од 7-8 години се „боцкаат“ во центарот на Скопје, надлежните немоќни
Момчиња на возраст од седум-осум години седнаа на еден од тревниците во строгиот центар на Скопје.

Или ова...тукуречи карши ...............

Зградата-убиец стана јавна куќа
Десеткатната грдосија повторно е дом на скопските питачи, скитници, проститутки, бездомници...

Го потсетувам министерот дека се работи за деца, а не за возрасни луѓе.
ако се работи на системско решавање на проблемот, мислам дека и возрасните треба да се вклучат во активностите за решавање на овие проблеми, тие се извор и работодавец на децата на семафори и на плоштад ;) Вчера додека се враќавме, кај јаја паша на едно моторче со приколка (од каде падна една лименка на улица па додека едно дете да застане и го собере...направи таков застој и колона, како премиер да поминува) успеав некако (двапати, пошто не ми се веруваше) да избројам ...млада пар роми (на 20 дветри години) имаа 4 деца у приколка и едно бебе во раце.

Нека ги спастрат сиропиталиштата прво. На ништо не личат, воспитувачките пушат цигари со децата, малите јадат ќотек и не добиваат образование како што треба и пак ги расте улицата, само што овојпат наместо да питачат, крадат и завршуваат на дроги. Многу малку штитеници на домови излегле саглам луѓе, токму затоа што сите би поддржале казна за родителите, но не би направиле ништо во насока на тоа да им го подобрат животот на тие дечиња. Fucking hypocrites.
точно
 
H

HITCH

Гостин
Да, истото и мене ме занима. Него пошто треба да се преземе целосна акција (возрасни и деца)...ако ги знаат до еден, зошто пример дозволувале досега да се случува децениски проблем од децата, нивните родители и бездомниците со питачење, крадење, дрогирање, пијанчење и влегување во дуќани, плашење на минувачи (па и физички пресметки околу градски ѕид со граѓани и припадници на обезбедување на фирми)...Во тој случај ако истите служби/институции кои го знаеле и толерирале сето ова, сега да ветат решавање, подобрување на состојбите...нешто не е како што треба.
Државата до сега ќутеше бидејќи ова е многу тежок проект. Финансиски, стручен кадар, координација помеѓу државните институции, невладин сектор, а слободно можам да кажам и целото цивилно население ќе треба да биде активирано. Многу луѓе не знаат дека постојат казни со кои се санкционира давањето на парични средства на лицата кои питаат.

Нема каде да ги сместат сите! Нема професионален кадар кој ќе ги згрижи. Има куп социјални работници без ниту еден ден пракса, а за работа да не правам муабет. Тие луѓе, сеедно на возрасната граница (иако пристапот е многу поразличен и комплициран) треба некој да ги згрижи и да работи со нив во соодветни услови. Овие деца откако ќе бидат одземени од родителите треба да бидат сместени во дом. Во исто време треба да се почне со работа, односно со „превоспитување“ на родителите, а родителите за да бидат соодветно едуцирани, треба прво да бидат научени на основни работи. Повеќето од тие луѓе се неписмени. Прават деца исклучиво во зима, за да се згрееле, па после ваков одговор џабе е едукација за планирање на семејство или пак заштита од сексуално преносливи болести.
Децата и родителите треба да поминат целосен медицински преглед, кој чини многу пари, оти кај нив треба да се направи и проверка колкаво е мозочното оштетување од лепакот, неправилната исхрана, загадениот воздух, студот, горештиите, од ќотекот кој го добиваат секојдневно... Убаво што им текна за ваков проект, но требаше прво да создадат услови за успешна реализација на проектов. Ова е многу тешка работа, која доколку не се реализира успешно, може да направи многу поголеми компликации.

Децата ќе бидат тргнати од улици, но кој ќе работи на нивна ресоцијализација? Уште повеќе ме интересира како ќе го регулираат понатаму најтешкиот дел, а тоа е згрижување на децата односно посвојувањето, задржувањето на децата во прифатните центри или пак ќе бидат повторно вратени на старателите?

Јас ја поддржувам идеава, но жалам што реализацијата на овој исклучително тежок проект ќе биде неуспешна. Работава ја фатија од крај.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
питачењето е бизнис, и тоа добро разработен. за нив тоа е нормална работа пошто така ги учат затоа што и нив така ги учеле.
со чесни исклучоци никој не пита од мака. пак ке речам бизнис е тоа во кој се експлоатираат најчесто децата, понекогаш жените и старите. зошто прават по 10 деца. па работна сила им е тоа и то за безпари. социјално земаат повеќето ако не и сите, струја кој плаќа кој не за други давачки и да не зборуваме. си имаат љуѓето шема и си ја работат.
често ги гледам истите од битола кога е сезоната во охрид сите таму. е сега ако некој ми рече дека тоа не е бизнис , тогаш стварно незнам што е.
и ако некое дете е малтретирано дома државата ке им го одеземе така ?? барем би требало .
зошто тука да се прави исклучок. нека ги соберат од улица и во поправен дом на 24 часа и опомена на родителите. ако пак ги соберат државата нека ги одземе , за родителите затвор па нека прават пак по 10 деца и нека ги пуштаат да питачат.
никој не може да им забрани да прават по 10 деца( или може)
ама под услов да можат да им пружат барем основни услови за живот. ако не се способни за тоа ги осудуваат децата да прават криминал и како родители тие ја сносат одговорноста, и државата е должна да ги штити останатите од криминал , а криминалците да ги тргни од улиците и нормално да продолжи да се грижи за нив во специјални домови за деца без родители, поправни центри и затвори за малолетници.
звучи малце грубо ама реалноста е таква каква што е.
пак ке напоменам да се работеше за деца од друга националност кои се крајно малтретирани дома, принудувани на проституција и ред други деликвентски работи одма сите ке скокневте за да им се одземе на родителите и да се смести во дом.
зошто питачењето би го третирале поинаку само затоа што се роми.
 
Токму ваквиот паушален пристап лежи во сржта на неспособноста на институциите да го решат проблемот. Поправните центри кои ги заговараш се за малолетници кои што веќе вршеле криминални активности. Ако ги осудиш овие деца на таков вид на "нега", тогаш однапред си подготвил нова генерација "питомци" на КПД "Идризово" и слични институции.

Изразот "реалноста е таква каква што е" во Македонија пречесто се користи како изговор кога институциите треба да преземат конкретни, конзистентни и планирани чекори кон олеснување на некој општествен проблем.
Не ме сфаќајте погрешно, не сум паднат од Марс, па сега да се чудам јас Европеецот како може такви работи кај нас да се случуваат. Едноставно не ми е јасно како до тој степен на никој не му е гајле колку работите се отидени у к**ац. Впрочем, би било многу поискрено кога сите би признале дека единственото што вистински им пречи е што мора бедата на овие деца да им се парадира пред очи. Многу полесно би било за нивната заспана совест да продолжи безгрижно да си нанка да ги пикнат малите во домови и да заборават дека воопшто некогаш постоеле, се' до судбоносниот ден кога ќе се вратат дома од одмор и ќе ја најдат куќата испразнета од заборавените дечиња кои израснале во општествени отпадници и закоравени криминалци.

Ме чуди со каква леснотија ги осудуваш овие деца да бидат третирани како злосторници во годините кога се формираат како личности и кога може да бидат наведени на вистински пат, само кога некој би ги земал под своја закрила. Луѓето не се раѓаат како граѓани, исто како што нема дете што се родило како криминалец. Кога веќе заговарате одземање на децата заради родителска негрижа, идиотски е повторно да бидат втурнати во средина која ќе ги запоставува, стигматизира и понекогаш дури и злоставува. Знаеме како функционираат овие институции и знаеме дека иако се помалото од две зла, разликата е толку незначителна што нема да произведе никакви реални подобрувања во ситуацијата на овие деца.

Или сериозен пристап, или ништо! Доста е од "плукни па залепи решенија"! Идеите кои што ги наведе HITCH се чекор во вистинската насока и додека не се одвојат средства за правилна нивна имплементација, децава ќе питачат, ќе крадат и ќе се дрогираат. Останува прашањето- Каде ви е човештината?
 
темата не беше што се случува во казненопоправните домови и дали таму ке станат поголеми криминалци или не. ако внимателно ме прочита спомнав и домови за деца без родители а не само казненопоправни домови. кои не се огрешиле пред законот( питале само или нешто слично) во дом за деца без родители па ако некој сака да ги вдоми ок пошто родителите очигледно неможат да се грижат за нив или се веќе во затвор, за тие кои се огрешиле каде што им е местото во затвор. објаснете им на тие кои биле жртви на кражба и терор како тоа тие биле обесправени и имале тешки услови за живот. овие му ја испразниле кукјата и заштедата што ја собирал цел живот и државата да ги пушти затоа што имале тежок живот. в затвор па на принудна работа од утро до мрак па да видат прво како се вади лебот и после да нека им текне пак да крадат. овие глупости за затворите доаѓаат директно од запад за нехуман или незнам каков однос према затворениците како тие да се на одмор пуштени таму за заслуги према државата.
не е ова паушален пристап туку едноставен а едноставниот пристап секогаш е подобар и поефикасен од сложениот и комплициран пристап кој и така необразованите љуѓе нема да го сватат. ако грешиш затвор и рмбање од утро до мрак.
поедноставно од ова амин или како велат стравот лозје чува.
п.с човештината ја изгубив кога ме ограбија пред неколку години и полицијата крена раце наводно дека не сум бил многу оштетен а и и така нема што да му прават, за толку малце не се исплаќало да се судат и да одат в затвор, требало повеќе!!!
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Катерина патува со автобус од селото Драчево до центарот на Скопје за да моли за пари, и на сегашните неподносливи горештини и кога температурите не се искачуваат над нулата

Единаесетгодишно девојче проси за да ги прехрани родителите

Нашите деца заслужуваат многу повеќе од оваа соба, но, за жал, ние не можеме да им овозможиме ништо. Со Тања живееме вонбрачно речиси 15 години, и тоа во истово ова собиче. Порано јас работев, носев старо железо, но пред неколку месеци ја повредив половината, па сега не смеам една година да работам никаква физичка работа. Жена ми работеше во фирма, но од таму не и плаќаа никакви придонеси, а згора на сé нé набедија дека намерно не сме се пријавиле во социјално, па ни ја скратија и онака малата помош што ја добивавме. Затоа и ја пуштаме Катерина да бара пари од народот. Мене ми е многу тешко и понижувачко, но од нешто мора да се живее - раскажува Нехат.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82911828144&id=9&prilog=0&setIzdanie=22368
 
Им ја зеле дури и социјалната помош
А после ќе крекаат патриотине штанцај деца . Нели бе имаше едно време субвенции за штанцање деца бе?
Или само за подобните важи ова а?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom