Што е моментов со државно знаме на свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
На кое ниво сме и ние ...:noze: ама долга и друга тема е тоа....
Мене лично знамето на свадба би ми го уште толку разубавило моментот,(секако снашчето ке има главна улога во тоа),но знаме го гледам како некој вид традиција...не милион знамиња како овие наши "индијанци" што ги имаме,туку едно нормално и да го носи оној што го води орото... и ако тоа го правите само да се покажете како патриот,подобро не го правете затоа што така нити станувате патриот нити ке натераш други да бидат патриоти,правете го чисто ако ви прави кејф за себе...
 
Aко земаш албанка пример рецимо, какво знаме ќе ти се вее на свадбата брат?

images
 
Треба да се развиори и знамето на Европската Унија, да покажеме дека се залагаме за евроинтеграции.:D
Сериозно, муабетот со знамињата можам да го сфатам некако, ама што е финтата со пукање на свадба?Кај мене пред зграда, пред некоја година се мажеше една девојка, и се погоди зетот некој си џандар...Кога се распукаа тоа колегите негови, како што беа сите испоискочени по тераси ( за подобро да го проследат свечениот настан) , абе пола комшии ќе ми изгинеа. :pos:
Curiosity killed the cat - за малку ќе се потврдеше поговоркава.
 
Треба да се развиори и знамето на Европската Унија, да покажеме дека се залагаме за евроинтеграции.:D
Сериозно, муабетот со знамињата можам да го сфатам некако, ама што е финтата со пукање на свадба?Кај мене пред зграда, пред некоја година се мажеше една девојка, и се погоди зетот некој си џандар...Кога се распукаа тоа колегите негови, како што беа сите испоискочени по тераси ( за подобро да го проследат свечениот настан) , абе пола комшии ќе ми изгинеа. :pos:
Curiosity killed the cat - за малце ќе беше така.:D

Поубо за ова да беше темава...
 
Да знам што е патриот и патриотизам и такви срања. Да срања! За мене сите тие бакрачи поврзани со патриотизам се гола вода. Секогаш кога ќе го прочитам овој збор добивам нагон за повраќање. Сите знаете да бидете "патриоти" да се чукате во гради, да се дерете Македонијаааааа по форуми. И штом некој ќе искаже мислење спротивно на вашите убедувања, одма е татковиномразач, одма се претвара во предавник, ајде да го бесиме на плоштад оти да не, се во името на патриотизмот. Нек пукну душмани!!!!!!!111
Вие сакајте си ја Македонија ама од такво сакање никој аир не видел и никој не ти брани да си чуваш приверзоци, твое право.

Тогаш твој е проблемот што погрешно го разбираш зборот патриот и што ти смета секоја традиција и секој кој си ја сака својата земја, нејзината култура и историја.
А твоите обвинувања не се вредни за коментар.
 
Остави знамето мене не ми е јасно зошто колите се китат со пуфки и се прегорува свирката од свирење.
 
Тогаш твој е проблемот што погрешно го разбираш зборот патриот и што ти смета секоја традиција и секој кој си ја сака својата земја, нејзината култура и историја.
А твоите обвинувања не се вредни за коментар.

Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен патриотски став (и националистичките политички движења и патриотизмот можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).

Фино
 

Пофино што го избегнуваш следново:

„Патриотизам е поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но патриотизмот вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Патриотизмот подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата.“

Фалачаопријатно.
 
Да не се лажеме премногу розов дојде овој цитат, реалноста е друга. Вториот дел, е оној кој го доловува моментот а не ова.
 
Албанците веат албанско знаме само ради провокација, као „еве ни се може и ништо не ни можете“. Македонците веат како провокација на нивната привокација „еве бе и ние можеме“. Толку од овој муабет.
 
....забегавте од тема.....
....прво знамето на свадба не е нешто ново...измислено сега...туку е многу стар ритуал....кај многу народи низ Европа и Азија (посебно Азија)....и вообичаено е за било која организирана поворка (со исклучок на погреб)....знамето може да биде државно....религиско.....знаме на одредено семејство или клан....

....знамето симболизира....дека станува збор за организирана група на луѓе....претставува знак на распознавање....и и овозможува предност на поворката (колоната)

....во најголемиот број држави...употребата на знамињата е строго регулирана со закон и обавезно покрај употребеното знаме (доколку не е државно) мора да стои и државното знаме

...инаку и на Албанска свадба во Македонија....според правилата....покрај албанското знаме треба да го има и државното (одредени Албанци го почитуваат тоа....и тоа е пример за нормален однос кон државата во која што живееш)

...и бидејќи на форумов има доста навивачи од различни спортски клубови...чисто за споредба....кога одат организирано на утакмица....носат знаме на клубот...односно симболизираат дека се работи за организирана група...но по закон....треба да го истакнат и државното знаме

и кога сме кај знамињата.....ИСТАКНУВАЊЕ НА ЗНАМЕ НА ДРУГА ДРЖАВА БЕЗ ПОКРАЈ НЕГО ДА СЕ ИСТАКНЕ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ ВО СИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ (СО ИСКЛУЧОК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ПРЕТСТАВУВА ПОВРЕДА НА СУВЕРЕНИТЕТОТ, АГРЕСИЈА И ПРЕТСТАВУВА КРИВИЧНО ДЕЛО КАЗНИВО СО ЗАКОН
 
Колку што знам бајракот со јаболка на врвот е дел од Македонските свадбени обичаи, а дали јас ке ставам државно знаме, дали ке ставам од комшија некој или пак знамето на хипиците тоа е моја приватна работа па нели е демократија секој може да прави што сака ?!? тд што го дрвите со безвезни муабети кој е патриот а кој не е кога 90% од вас ги негирате обичаите кој Македонскиот народ ги практикувал неколку века предходно. Ако не ви чини не го правете тоа на ВАШИТЕ свадби.
Ме испровоциравте со коментарите кој 80% ви се безврска ама несакам а и немам многу време да забегувам на други теми :icon_mrgr:
 
Значи кој очај владее овде на темава, уствари кој ќе размислам подобро во државава. Не сакам да цитирам никого зашто не би сакала да се замарам со глупости, ама сериозно - очајни сте.

Ние самите сме си криви за се што ни се случува, никој не ни е крив, а згора на тоа и малку ни е. Реално за ништо не не бидува, дури ни за да се избориме за подобар живот во државава ама затоа пак за гомна јадење сме први.

Ме интересира зашто вас ви смета знамето на нечија свадба? Не можете оро да изиграте или не ви пропаѓа јадењето што ви го сервираат? Не, стварно ме интересира, што е проблемов. Како што викаше професорката моја на времето "Никој не гледа за себе, само гледате на комшијата да му умре овцата" и стварно е така. За греота сме луѓе.

п.с. Да не бидам сфатена погрешно, ја не сакам да веам знаме на мојата свадба уствари не ни сакам свадба и такви церемонии, ама ако комшијата сака, па која сум да јадам гомна наоколу дека е прост, глуп, грд (и не знам што уште не кажавте на темава) ?
 
А најсмешно ми е нешто друго на форумов, преполно е со оние 'мудри и паметни' луѓе кои ги осудуваат таквите чинови да речеме што не се радуваат толку многу на странски инвестиции (како што беше сендвичарава) и што се ствара еден вид зависност, што оделе на протести за името, што ваделе знаме како се квази патриоти и итн .. уствари тие паметни луѓе (или сметаат дека се такви) не сфаќаат дека всушност они се неписмени што осудуваат некого за тоа што он го сака - ако сте толку паметни и слободни во умот што се вика мислењето ќе ви беше поинакво а не ..

На крај краева ние ништо не правиме оставете не, си ја сакаме државата а вие гледајте си го својот двор. И јас можам сега да изнаредам еден куп работи кои не ми се допаѓаат на нашите Македонски свадби.. сакаат да испаднат модерни а уствари испаѓаат нешто друго.

Ама не .. денеска во мода е да бидеш модерен Европјанин и да мислиш дека сo тоа си автоматски паметен :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom