Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Штета што Алфа изгледа само по два преноси од коло ќе пренесува, а може најмалце по 4 да прават.
На веб страната им пишуваше дека по 3 преноси ќе има секое коло. Ма да, идеално би било по 4, еден у сабота, еден во пладневен еден во вечерен термин во недела и еден во понеделник. :rolleyes:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Лани се случуеше кога даваа само по два натпревари, па ништо чудно и годинава така да биде.
Значи класика за Македонскиве ТВ. Почнуваат да пренесуваат некое првенство, даваат првата сезона по 4-5 утакмице од коло, и после секоја година само намалуваат додека не стигнат на 1-2 утакмице.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе битно Реал,Барса,дерби наптреварите ќе ги даваат дали 2 или 3 не е битно.Мислам дека по потреба би можеле да даваат и други доколку се интересни.Никој нема да им замери ако во Понеделник играат Сарагоса-Сосиедад и не го даваат.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Примера стартува овој викенд




Штрајкот на фудбалерите во Шпанија заврши. Овој викенд ќе се играат натпреварите од второто коло на Примера согласно распоредот на натпреварување.

Тоа е резултат на успешно завршените разговори меѓу Здружението на професионални фудбалери во Шпанија и раководството на Шпанската фудбалска лига. Двете страни најдоа решение и наскоро ќе биде потпишан колективниот договор.

Клучен беше маратонскиот состанок што траеше 12 часа од среда попладне до четврток рано наутро. Кога не можеа повеќе да работат, преговарачите на двете страни накратко заминаа на одмор, а потоа повторно седнаа на маса денеска во 10.30 часот и договорија соработка и потпишување на сите потребни документи.

Второто коло ќе се игра како што е планирано: Реал во недела ќе гостува кај Сарагоса, Малага во првото дерби гостува на Севиља, додека во понеделник се игра и вториот дерби меч на колото, каде на Ноу камп се среќаваат Барселона и Виљареал.

Останува да се договори терминот на одигрување на првото коло, кое заради штрајкот не се играше во минатиот викенд.

Најизгледен датум за тоа е 28 декември, но своја согласност мора да дадат играчите кои во тој период се на Божиќните празници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1973365F10EA2B4BB27AF2C0816F16AD
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.634
Поени од реакции
22.664
2007-08 и 2008-09 на Сител, секој викенд даваа само по 2 натпревари. На Барселона и на Реал.
Не се сеќавам, ама изгледа кога беше Ел Класико, само неа да ја даваа. :tapp:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ко што глеам овие ретардиве вечерва нема да пренесуваат. Па првата утакмица кој и да игра се пренесува бе да му е*ам.... само за утре има Сарагоса - Реал :D и дербито Севиља - Малага.

Нема ни за у понеделник пренос, само прегледот... :eek:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Спортинг - Сосиедад, добар натпревар, го гледав второто полувреме на нет. Јака игра од двете страни, два црвени...

Одилчно отварање на сезоната.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.634
Поени од реакции
22.664
13та минута, 3 гола на Местаља. :)
Солдадо во 2 минута за 1-0. Во 7ма минута Солдадо си дава авто-гол, а во 13та, Акоста го комплетира пресвртот за Сантандер.
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Човек ви даде прст вие рака сакате, треба да не пренесува алфа па да тражите стримови, така да не кењајте многу за алфа да не останете и без то бар не тие што навивааме за еден од двата најголеми ривали БАРСА и реал.
И добро е што овој штрајк заврши и конечно да си гледаме фудбал и да се надеваме дек оваа сезона ке има права битка за титулата до последно коло.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Луѓе каков натпревар бил овој Валенсија,стајте хајлајтс кога ќе излезем,гледам при крајот губи 2-3 бев излезен идам сега гледан 4-3...
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Страшна утакмица, трилер на Местаља како минатата сезона против Малага. Солдадо хет-трик плус автогол = 4 голови, тешко дека ќе го стигнат Меси и Роналдо :D

 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.634
Поени од реакции
22.664
Прво води Валенсија со 1-0, па после губи со 1-3, на крајот победува со 4-3. :vozbud:

Солдадо опасен дечко, дава голови за сите екипи. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom