Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Сарказмот не е навреда "синко", ако се навреди што да ти правам, твој проблем! Не сум јас оној што користеше квалификации како ненормален, фрик, будала....и слично нели?.....
Е сега очигледно дека дали намерно или случајно, упорно мешаш баби и жаби! Лавеј има напишано цела книга со наслов Сатански Ритуали, и ти тврдиш дека таа била дел од идеологијата! Што е тотална невистина. Оваа книга е пародија на христијанските ритуали и нема никаква врска со идеологијата на Лавеј. Далеку од тоа дека Сатанизмот е само исмевање, идеолошкиот дел се зацртан во 11-те сатански правила на земјата, 9-те сатански изјави и 9- сатански гревови, со кој се дефинираат особините кој ги има еден Сатанист. Настрана од ритуалите кој ги споменав, има и три вида на ритуали кој не се никаква иронија, и служат за канализирање на емоциите и енергијата на Сатанистот.
Што се однесува до правење анкета што мислеле луѓето за Лавеј или Сатанизмот, ако сакаш реални мислења а не производ на стереотипи и предрасуди, потребно е анкетираните да имаат соодветно познавање за темата, во спротивно како сакаш објективно мислење ако никој не ни чул за Лавеј?!
Одговорот ти беше даден, но тебе не ти е до одговорот, туку по секоја цена сакаш да омаловажуваш. Дали не ти кажав дека Сатаната овде не е антропоморфен ентитет, туку симбол опишан и дефиниран преку 9-те сатански изјави? Исто како што и кај христијанските атеисти бог не е антропоморфен ентитет, туку збир од морални и етички правила кој тие ги сметаат за вистински.1. Кога ќе се појави христијански атеист на форумов или кога ќе го упознаам во живо или негде ако упознаам ќе го прашам. Тебе те прашувам како сатанист а ти ми одговараш како македонски политичар. Зошто сте атеисти а религија? Па еве има и христијани атеисти. Зошто не ја водите државата добро? Ама и вие не ја водевте државата добро. Одличен одговор синко.
Чекај сега! Значи кога е христијанството во прашање тогаш не е копи - пејст, туку "продолжение"?! А кога е Сатанизмот во прашање тогаш е копи пејст? Тоа што евреите не го признаваат "продолжениево" за тебе нема врска? Солидна логика нема што!2. Христијанството е продолжение на јудеизмот, еврејската религија или како сакаш. Сам Исус бил обрежан, посетувал синагога, ја читал Тората итн... Се претставил како Спасител, проповедал некои работи, надоврзани на веќе постоечката Тора некој верувале во тоа и го прифатиле, други не верувале и не го прифатиле. Не копирал ништо, самиот бил Евреј којшто го продолжил тоа во кое верувал.
А што очекуваш ти? Ми велиш дека...пази - ТИ ЛИЧНО НЕ СИ МОЖЕЛ ДА ПРИФАТИШ и тоа е кредибилитетот што си го поставил?! Тоа не е прашање, тоа е лична и субјективна оценка, за која воопшто не ми е гајле....Најискрено.3. Твојот обид за цинизам, не дава одговор за кредибилитетот што го поставив. Ама па нели не ме чуди кога преку цинизам и лични навреди сакаш да ја скриеш твојата неможност да одговориш на некои прашања.
Дали за тебе човек кој се моли на ѕид, или човек кој верува во змии што зборуваат, е некој со здрав разум, изграден став и нормален човек? И ако е, тогаш што е разликата?Дали ти сериозно мислиш дека некој со здрав разум, изграден став и нормален човек, ќе помисли дека тој бил нормален, или дека нешто не е како што треба у ситуацијава.
Не сериозно, за овој тип уствари дискутираме цело време?
--- надополнето: Aug 25, 2011 10:28 AM ---
Физичката сила не е моќ. И булдожерот има многу физичка енергија во него, но без човекот не е ништо.интересен концепт кој заедно со уште некои концепти или не го разбирам (можда се однесува на големите сили Русија, Америка, наоружавање...) или ако секој проба да го следи (како луѓе и единки), мајка земја ќе стане прилично крвава планета. Попуштањето кон нечија моќ честопати е гласот на разумот, а не неспособност и немоќ.
Ако личност икс не изигрувал надмоќ, сега неговиот сосед ќе беше жив, без процеп направен од секира во мозокот. Или пак се работи за економска моќ и надмоќ, економска предност, предност на работна позиција која пак е добиена со...а која не е всушност моќ на личноста туку на економската состојба и работната позиција.
Или друг е концептот на оваа т.н. моќ и способност? Стварно не го разбирам па еден пример ако може.
Моќта била еквивален на силата се до појавата на луѓето, од тој момент, еволуцијата и дала нова форма на "моќта". Има многу животни кој се физички посилни од било кој човек, но сепак му служат на човекот а не обратно.