Живеење заедно без брак

Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
А што е разликата во живеење заедно и живеење во брак. Мене ми е исто, истата личност си и така и така
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Дали ова важи и за хомосексуалците?
Па не колку што знам ја. Вонбрачната заедница после една година се изедначува со брачната и правно се верифицира. Кај нас за да биде брачна заедница треба да биде " заедница помеѓу жена и маж " ( не знам точно како стои) што значи ако не биде тогаш е пречка за склучување на брак. Брачните пречки, по аналогија, се гледаат и кога вонбрачната е подолга од една година и кога треба да произведе правни последици ( пр. расправање на оставина и сл.) У случајов би било " заедница меѓу маж и маж" :) и нивната вонбрачна заедница не би имала никакво правно дејство. Исто на пример и вонбрачна заедница меѓу брат и сестра не би била призната.
Не знам дали баш точно е регулирано во законот, али прилично сум сигурен дека во судска пракса е вака
 
С

Сатори

Гостин
Ќе можеш да наследиш исто ако си живеел повеќе од една година со вонбрачниот другар, или точно кажано ако сте живееле во " трајна животна заедница" . А најчесто луѓето што не се решаваат да стапат во брак поради икс причини, а живеат заедно, тоа го прават подолго време. Така да исто ти се фаќа.

Во врска со темата, денеска бракот е само чисто официјализирање на врската и веќе чиста формалност, барем во најголемиот дел од државите. Правните последици се скоро исти, и останува само онаа традиционалната страна на бракот, како некоја свеченост и официјалност што и се придава на односот. Уствари се сведува на тоа што сакаат двајцата.
Прегледај си го уште еднаш член 29 и види што е таксативно набројување па ќе разговараме за наследување на вонбрачни партнери.Потенцирам!
Леа, знаеш дека заедниците на хомосексуалците не се правно регулирани. :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам али пак да прашам си викам може нешто се сменило во закончињата на гвујо.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
pa ima golema razlika da sum vo brak so nekogo i da ne sum vo brak so nekogo ama da zhiveam so nego....ako na pr imame deca a ne sme vo brak a zhiveeme zaedno toa dete ke bide vonbracno
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304
Затоа што ако живеете заедно а не сте во брак нема да можеш како вонбрачен партнер ништо да наследиш според законот за семејство и законот за наследување.Освен тој мал детал и попатно фактот дека ќе ти биде многу полесно да бараш издршка при евентуално разделување, нема апсолутно никаква разлика.

Јас од лично искуство можам само да кажам дека да живееш со некој и да не си во брак е погрешна инвестиција, освен ако не сакаш да си го заштитиш наследството.Настрана правните аспекти, бидејќи не сум голем поборник за разводот, уште помалку за абортус и сите тие слични пост-модернистички срања, би влегла во брак само ако сум 100% сигурна дека ќе биде траен и дека тој човек сакам да го гледам секој ден до крајот на мојот живот.Ако не најдам таков човек, зошто воопшто би играла улога на домаќинка за некој друг со кого не сакам да влезам во брачна заедница.
Сатори дијар, зар има нешто на светов што можеш да го гарантираш со 100%?
Јас од искуство можам да ти препорачам само да бидеш подготвена на се и секогаш со резерва, а другото што си е твое ќе си дојде:pipi:
 
С

Сатори

Гостин
Ќе си дојде, ама мораш да се снајдеш додека да почне да доаѓа. :X3:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Прегледај си го уште еднаш член 29 и види што е таксативно набројување па ќе разговараме за наследување на вонбрачни партнери.Потенцирам!
Леа, знаеш дека заедниците на хомосексуалците не се правно регулирани. :)
Да. Во право си. Комплетно заборавив дека кај нас наследување во вонбрачна заедница не е предвидено, мада е една крајна нелогичност. Посебно коа ќе видиш дека во се друго се изедначени. Или дека вонбрачните деца наследуваат како брачните, а вонбрачен другар не наследува како брачен. Плус и во закон за семејство е напишано дека вонбрачна заедница е изедначена со брачна во односите на издршка и имотни односи( наследувањето е имотен однос). Имаат противречност, ама тоа се дешава коа препишуваат закони од СФРЈ и ги применуваат денес, божем за континуитет да имало. Иначе не мислев на тие од член 29, туку тоа " трајна животна заедница" го напишав за да ја опишам вонбрачната заедница, али глеам дека сум ја утнал терминологијата.
Иначе, nice shot :)
 
When it comes to law, always.
Инаку, јас не се сложувам со тоа дека треба да има комплетно изедначување, ако дојде до тоа тогаш можеме слободно да го укинеме бракот како општествен начин за регулирање на меѓучовечките односи и да живееме во општество во кое ќе треба да се докажува кохабитацијата на двајца вонбрачни партнери за да може да се оствари правен однос.
А јас сум правник, не ми се допаѓа таков тип на „анархија“, иако се сложувам комплетно со тоа дека имаат контрадикторности како во терминологија, така и во пракса, ама па треба човек да го види законот за работни односи и фактот дека средното е задолжително за да му стане се јасно за нашиот правен систем. :)
 
Абе не дека и ја сум за укинување, ама денешните услови бараат да има комплетно изедначување. Ако само го формализираш односот не добиваш нишо битно, освен тоа што викаш, сигурно докажување на еден вид на потраен однос помеѓу две лица. А и во денешно време не е многу тешко да докажеш дека две лица живееле заедно без да бидат во брак. Ја мислам дека не фер посебно во денешно време кога го имаме целиот тој либерален и егалитаристички концепт на уредување на општествени односи да се инсистира секој пар да мора да се подложи на општествено-институционално верифицирање на врската за да си користи придобивките што било кој правен систем природно им ги овозможува на партнерите, барем во денешно време.
Иначе за вториот дел, да не почнуваме зш има многу за критика, а темата не е за тоа:). Најблиско нешто што го имаме до правна држава е систмот на напредување во кариерата што го имаат нашите партии, базиран врз количина на залепени плакати и вкупност на искинати гласни жици на митинзи. Можда и костимисаните ЈАГ млади приправничиња и стажанти кои си играат право
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
pa ima golema razlika da sum vo brak so nekogo i da ne sum vo brak so nekogo ama da zhiveam so nego....ako na pr imame deca a ne sme vo brak a zhiveeme zaedno toa dete ke bide vonbracno
ептен голема разлика! ќе ти викаат дека живееш во конкубинат!!
децата треба да се продукт на љубов, а не на нешто друго.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Стапувањето во брак со сите тракатанци и давачки по мене е глупост.
Јас не морам, ниту сакам на некој да му докажувам дека ке живеам со некој до крајот на животот, или пак на државата да и докажувам дека одбирам една особа со која ке го поминам остатокот од животот. Тоа си е моја лична работа, што ке рпавам јас, не мора цел свет да знае.
Едноставно или ја сакам или не ја сакам, ако престанам да ја сакам ке се разделам на културен начин, а вака треба триста глупости па судови па заебанции.
Друго зошто јас да ветувам во црква дека ке останам дури смртта не не раздели со таа особа?
Со тоа што се обврзуваш, самиот си се заробуваш,од слобода сам се обврзуваш, и си кратиш од слобода.Во истиот момент кога ке го направиш тоа си ставен под притисок на обврската, значи сам си го створил проблемот од старт, и затоа постои поголема веројатност да посакаш слобода преку шарање со очи и раце. Доколку не си се обврзал немаш никаков проблем ништо не ти е скратено и си тераш како што ти сакаш, односно работите се одвиваат нормално, си ја имаш девојаката која си ја сакаш, си имаш слобода и ништо не ти фали. Но тоа е долга тема околу црквата си имам ја посебна филозофија околу тоа.
Да сумирам се на се, јас не чувствувам потреба дека треба да докажам во црква, во матично, и пред едно 500 луѓе дека сакам некоја особа,преку создавање на решетки околу мене, едноставно јас си ја сакам и тоа е доволно за мене, другите кои ги онадува. Тоа е моето разбирање.
Единствено бидејки со таа личност ке имам деца, единствено поради тоа би се запишал во матично, за тие да не си имаат проблеми со лоповскава држава, иначе јас тоа ништо не признавам и прифаќам.
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
живеењето заедно без брак е добро само да не се претера со годините
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Дефинитивно да...треба да се проба и тоа барем едно 6 месеци да се живее заедно, па да се види дали ќе се преживее :uvo:
Со 6 месеци ништо нема да дознаеш. Како прво додека сте дечко и девојка и да живеете заедно на одреден период знаете дека тоа ќе помине и можеби ќе се однесувате во најдобро светло. Бракот не е само живеење заедно. Значи со бракот (барем тој брак каков што треба да биде, не денешните жени се и после 2 месеци развод) формираш заедница во која ти и партнерот егзистирате се надоградувате и сте едно - никој неможе да ве раздели (тој ти е најдобар другар, а не другарка ти со која го озборуваш дечко ти). Јас зборувам од искуство. Живеам заедно со дечко ми веќе 8 години. Не од што „сакавме да пробаме“, туку на факултет прва година разделени во различни станови видовме дека не бива сакаме да сме заедно постојано и затоа после 2 та година почнавме заедно да живееме. Е сега каде го разграничувам јас тоа да живееш заедно и да си во брак. Кога се враќаме во родниот град јас си одам дома да спијам и он си оди дома да спие, значи се додека не склучиме брак јас нема што да барам во нивната куќа. Може тоа го гледам од правен аспект меѓутоа јас во таа куќа се уште немам ништо. Неговата соба не е и моја, таа е само негова. И не само за материјалните работи, незнам може сум патријахално воспитана (знам дека ќе има реакции за наредната реченица)- ама сега им припаѓам на родителите, кога ќе сум во брак ќе му припаѓам на мажот ми. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom