ВИП ги остави корисниците без мрежа!
Веќе е добро познато дека мобилниот оператор ВИП постојано има проблеми со мрежата, која, како за чудо, знае магично да ја снема кога најмногу ви треба, но ова веќе ги помина сите граници.
На денешен ден, 24.08.2011 (среда), уште од 2 часот по полноќ, мрежата на ВИП целосно падна! Според она што можеме да го видиме и прочитаме по социјалните мрежи, а богами и да го искусиме и самите, мрежа нема речиси еден час!
До кога ли ќе трае хаосот што го предизвика ВИП и како ли ќе се оправдаат за овој неверојатен пропуст не знаеме, но она што со сигурност го знаеме е дека после ова ВИП ќе загубат многу корисници. Кои се вашите искуства?
извор