За Б92 што ја секоа и баш и не ми е жал до толку, освен тенис на неа ретко нешто друго гледав, ах да и емисиите за криминалот во српскиот фудбал им беа добри.
Она што ме иритира е што мојот кабелски оператор треба јавно на плоштад да го обесат. Се случува на почеток на месец да немам канал 5, телма или некоја друга и горе да пиши: boom tv, ве молиме да уплатите за месец тој и тој, или пак некој друг програм е поврзан со MaxTv. Значи од мува маст вадат, се што ние гледаме се уствари дел од boom, MaxTv, и сателитска за која сигурен сум дека не плаќаат воопшто ништо за отклучување на програми.
И тоа не е криминал?
Квалитетот на македонските телевизии во споредба со тие од Србија, Хрватска па и Босна е мизерен
Минимун 5 сати на ден се емитуваат рекламите за идиоти од владата, после тоа следат Јанко, Миленко, Латас, па тек тук некоја серија ќе дат, ама од пред 3-4 години да е сезоната, дури и Pink е на македонски сабтајтл сега... Со еден збор не ми се пали телевизор, а баш сакам да гледам телевизија. Nova, RTS 1&2, Sky sports, Viva, Digital C, сите заминаа во историјата...
Иднината ја гледам само во YouTube и слични сајтови каде ќе се емитува тв програма online, а телевизорите ќе имаат софтвер бла бла бла и ќе можиш да гледаш било која програма тргајќи само интернет. Ова е веќе реалност ама кај нас во догледно време тешко да ќе дојди, па и да дојди нашиот интернет е прескромен за таква работа.