Креационизам наспроти еволуционизам

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Се е в ред со нивната желба покрај бизнисот да придонесат за проширување на видиците кај човекот. Проблем е што добиените податоци се базираат постојано на погрешни изворни информации и мерења. Наводно се корегираат со нови, подобрени...но по извесен период дознаваме дека ни тие нови не се точни, него повторно се базираат на оние зборови кои ги болдирав и обоив -веруваат, сметаат... Така човекот паѓа од една во друга замка...од едно неточно во друго неточно кое не се разликува по ништо од ова тврдење за мозоците.

Како пример го посочив линкот каде некој верува дека без природниот сателит нашата земја ќе немала некои проблеми...клучниот збор во сиве овие информации е -верувам...како и во религиозните верувања.
Види не сум баш убеден дека се се базира на погрешни информации и мерења. Секогаш во вакви дискусии ја земам за пример медицината. И мислам дека многу напреднала во последните децении во корист на човештвото.

Ако тврдењето ти се однесува на работи од типот староста на земјата дали е 450 милиони или 4,5 милијарди години, или дали првиот хомосапиенс се појавил пред Х години , тогаш слободно може да се земат со доза на резерва или верба како што велиш, НО истите тие податоци не гледам како го инхибираат развојот на човештвото.

Додека пак Црковните догми и толкувања имаат апослутно ИНХИБИТОРНА улога во развојот на човештвото.

За мене лично тоа е голема разлика.
Никој нема да отиде да во крстоносна војна заради различна старост на земјата, ниеден муслиман нема да се самоубие заедно со група "неверници" заради тоа што некој промашил пред колку време живееле диноисаурусите.

Мислам дека треба сам да го преиспиташ болдот што си го напишал, бидејќи ја изедначуваш "дупката" што ја остава зад себе "црковната вистина", со грешките кои се прават во науката, без разлика со која цел се направени. Пак ќе ти ја напоменам медицината тука.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
За мене лично тоа е голема разлика.
Никој нема да отиде да во крстоносна војна заради различна старост на земјата, ниеден муслиман нема да се самоубие заедно со група "неверници" заради тоа што некој промашил пред колку време живееле диноисаурусите.
Нема да војува заради староста на земјата, но одредени теории може да злоупотреби. На пример социјалниот дарвинизам говори за општеството, за социјална еволуција (ако некој повеќе знае, нека ме корегира...не ми е позната таа област), но се злоупотребува во име на еугениката, расизмот, нацизмот...примерот со ножот е корисен во вакви ситуации на дистинкција помеѓу употреба и злоупотреба. Ножот го користиме за леб, но некој го користи за да повреди, убие.

Види не сум баш убеден дека се се базира на погрешни информации и мерења.
па од првичниот текст за месечината видовме дека се работи за цели 200 милиони години разлика, т.е. грешка. Пред некоја деценија најверојатно информациите биле сосем поинакви од овие кои досега биле во оптек како сознанија. Како ќе ја разликуваме грешната од точната информација во овие тврдења? Никако, останува да веруваме на зборот на научните тимови и образовниот систем кој ќе ги вметне во наставниот план тие информации.
Ако тврдењето ти се однесува на работи од типот староста на земјата дали е 450 милиони или 4,5 милијарди години, или дали првиот хомосапиенс се појавил пред Х години , тогаш слободно може да се земат со доза на резерва или верба како што велиш, НО истите тие податоци не гледам како го инхибираат развојот на човештвото.
па и не е мала разликата за да може да се вметнат сите фосили и стебла на развој на животот. Едно е животот да се развие за 400 милиони, сосем друго за 4.5 милијарди. Треба да се вметне точен број гранки од стеблото со одреден број во секоја гранка, фамилија, род вид...Како да пробуваш да вметнеш внук, син и татко во размак од 20 или 60 години ;)
Види не сум баш убеден дека се се базира на погрешни информации и мерења. Секогаш во вакви дискусии ја земам за пример медицината. И мислам дека многу напреднала во последните децении во корист на човештвото.
има подобрувања, но последните неколку децении воглавно револуционерен напредок и сузбивање или стабилизирање на одредени болести и состојби нема. И тоа е за размислување...со далеку помалку средства и опрема пред 1-2 века учените успевале да стигнат до откритија врз кои во основа се базира денешната медицина. Една епрувета, сад за титрирање и лампа била доволна да се најде причинителот за беснило, лекови против болести кои уништувале половина Европа за кратко време, вакцините, примената на серумот, габата како убиец на повеќето бактерии, алфа бета и гама зраците...да не набројувам. Имаме јака технологија и стручњаци, слобода за делување (каде црквата нема удел во прохибицијата во истражувањата)...сепак резултатите не се зачудувачки.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Нема да војува заради староста на земјата, но одредени теории може да злоупотреби. На пример социјалниот дарвинизам говори за општеството, за социјална еволуција (ако некој повеќе знае, нека ме корегира...не ми е позната таа област), но се злоупотребува во име на еугениката, расизмот, нацизмот...примерот со ножот е корисен во вакви ситуации на дистинкција помеѓу употреба и злоупотреба. Ножот го користиме за леб, но некој го користи за да повреди, убие.

па од првичниот текст за месечината видовме дека се работи за цели 200 милиони години разлика, т.е. грешка. Пред некоја деценија најверојатно информациите биле сосем поинакви од овие кои досега биле во оптек како сознанија. Како ќе ја разликуваме грешната од точната информација во овие тврдења? Никако, останува да веруваме на зборот на научните тимови и образовниот систем кој ќе ги вметне во наставниот план тие информации.
па и не е мала разликата за да може да се вметнат сите фосили и стебла на развој на животот. Едно е животот да се развие за 400 милиони, сосем друго за 4.5 милијарди. Треба да се вметне точен број гранки од стеблото со одреден број во секоја гранка, фамилија, род вид...Како да пробуваш да вметнеш внук, син и татко во размак од 20 или 60 години ;)
има подобрувања, но последните неколку децении воглавно револуционерен напредок и сузбивање или стабилизирање на одредени болести и состојби нема. И тоа е за размислување...со далеку помалку средства и опрема пред 1-2 века учените успевале да стигнат до откритија врз кои во основа се базира денешната медицина. Една епрувета, сад за титрирање и лампа била доволна да се најде причинителот за беснило, лекови против болести кои уништувале половина Европа за кратко време, вакцините, примената на серумот, габата како убиец на повеќето бактерии, алфа бета и гама зраците...да не набројувам. Имаме јака технологија и стручњаци, слобода за делување (каде црквата нема удел во прохибицијата во истражувањата)...сепак резултатите не се зачудувачки.
Види секојпат со шпекулација и различен "вкус" за успешноста на одредено поле можеш да дојдеш до можност да изнегираш полно позитивни работи.

Скептицизам постои и отсекогаш постоел.

Можеш да кажеш и дека Барса е послаба од Реал и да наведеш многу факти во корист на тоа тврдење, ама де факто во моментов не е така.

Работите кои се дискутираат а немаат можност да бидат "измерени" секојпат ќе оставаат можност за скептицизам.

Затоа во ваквите случаи се земаат за релевантни и поточни работите што ќе ги прифатат поголем број на луѓе.

Приознавам, секојпат се привлечни теориите на заговор, но сепак некојпат треба навистина да се измерат работите во однос на нанесувањето штета или добрина на напредокот на човештвото.

А во моментов мораш да признаеш многу нешта одат во прилог на науката, а не на религијата и црквата како нејзин гласноговорник.

Многу потрагично е што црквата секојпат се обидувала да го спречи или во најмала рака да го минимизира некое ново научно открите, додека спротивното не се случува, науката не се обидува да ја дискредитира црквата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
А во моментов мораш да признаеш многу нешта одат во прилог на науката, а не на религијата и црквата како нејзин гласноговорник.
И претходно сум пишал,...не мора да ги исклучуваш техничките, природните науки и религиозните толкувања. Може и да се надополнуваат пошто немаме крајни сознанија за нештата. Не мора ставовите да се црно-бели. Затоа и вакви строги поделби на едни против други (како и она -во Бог или во наука) не се баш адекватни. Доколку се раководиме по оваа поделба, голем број медицински лица, инжењери, уметници, биолози...би се откажале од нивниот позив, т.е. не би се ни школувале заради нивните погледи на нештата дека Бог лечи, Бог гради, Божја убавина, Бог дава и зема живот... Напротив...како беше она, третиот пат :)
Види секојпат со шпекулација и различен "вкус" за успешноста на одредено поле можеш да дојдеш до можност да изнегираш полно позитивни работи.
не ги негирам позитивните работи, изумите кои помогнале (стент, колк од титаниум, слични подобрувања...) за подобрување на здравјето и слично...знам отприлика што напредок имаше пошто мојот родител пред еднаипол деценија беше доктор и претставник за една (сега странска) медицинска фирма па случајно бев одблиску запознаен со таа област.Има ствари за кои нема лек освен "дрогирање" со опијати или црево низ стомак со ќесе надвор, срцеви болни...но не е ова таква тема. Од тоа време наваму се нема нешто многу сменето (подобрувања и подобра технологија, да, но нешто повеќе...).
Не се работи за верување или неверување во заговор, тоа е друга приказна...отсуствуваат револуционерни откритија, изуми по кои биле запаметени одредени епохи и лучности, кои дале и те каков придонес како темел за развој во многу области. Би требало во поглед на % да се и далеку повеќе со оглед на достапната техника.
 
Скраја да е дека се нештата само црно-бели. Поделбата Бог - Наука е наметната низа години наназад од Црквата, не од наукта.
Доколку би биле флексибилни Ватикан и останатите, тогаш да можеби и ќе се надопонуваат. Се слагам.

А што би било револуционерно во денешно време во медицината?

Дали би било револуционерно откритие лек против рак или дијабет?

Според мене тоа би било револуционерно, и според она што го гледам и читам, веројатно за 4-5 години дијабетот ќе биде ко обична настинка. Со канцерот е слична ситуација.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Извини, ама историја отсекогаш ми била слаба страна. :confused:
Секогаш исто. Кога се нема разумен одговор, ваквите коментари се најчести. И како да се дискутира, кога нема некој озбилен атеист кој навистина ќе се нафати да одговори.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Од што почнува евулуционизмот? Каде е неговиот почеток?
Секогаш исто. Кога се нема разумен одговор, ваквите коментари се најчести. И како да се дискутира, кога нема некој озбилен атеист кој навистина ќе се нафати да одговори.
Ај појасни го прашањето. На која Еволуција мислиш? На теоријата на Еволуцијата? Или мислиш на некое движење Еволуционизам? Биди конкретен што сакаш да знаеш.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ај појасни го прашањето. На која Еволуција мислиш? На теоријата на Еволуцијата? Или мислиш на некое движење Еволуционизам? Биди конкретен што сакаш да знаеш.
На теоријата, бидејки пракса не постои, дај објасни ми ја Теоријата на еволуцијата, што зема како појдовна основа?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
На теоријата, бидејки пракса не постои, дај објасни ми ја Теоријата на еволуцијата, што зема како појдовна основа?
И покрај твојата зајадливост и скриени намери во прашањето, ќе те удостојам со одговор.

Најпростите животни форми, едноклеточните организни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom