Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Види не сум баш убеден дека се се базира на погрешни информации и мерења. Секогаш во вакви дискусии ја земам за пример медицината. И мислам дека многу напреднала во последните децении во корист на човештвото.Се е в ред со нивната желба покрај бизнисот да придонесат за проширување на видиците кај човекот. Проблем е што добиените податоци се базираат постојано на погрешни изворни информации и мерења. Наводно се корегираат со нови, подобрени...но по извесен период дознаваме дека ни тие нови не се точни, него повторно се базираат на оние зборови кои ги болдирав и обоив -веруваат, сметаат... Така човекот паѓа од една во друга замка...од едно неточно во друго неточно кое не се разликува по ништо од ова тврдење за мозоците.
Како пример го посочив линкот каде некој верува дека без природниот сателит нашата земја ќе немала некои проблеми...клучниот збор во сиве овие информации е -верувам...како и во религиозните верувања.
Ако тврдењето ти се однесува на работи од типот староста на земјата дали е 450 милиони или 4,5 милијарди години, или дали првиот хомосапиенс се појавил пред Х години , тогаш слободно може да се земат со доза на резерва или верба како што велиш, НО истите тие податоци не гледам како го инхибираат развојот на човештвото.
Додека пак Црковните догми и толкувања имаат апослутно ИНХИБИТОРНА улога во развојот на човештвото.
За мене лично тоа е голема разлика.
Никој нема да отиде да во крстоносна војна заради различна старост на земјата, ниеден муслиман нема да се самоубие заедно со група "неверници" заради тоа што некој промашил пред колку време живееле диноисаурусите.
Мислам дека треба сам да го преиспиташ болдот што си го напишал, бидејќи ја изедначуваш "дупката" што ја остава зад себе "црковната вистина", со грешките кои се прават во науката, без разлика со која цел се направени. Пак ќе ти ја напоменам медицината тука.