Се изначитав се и сешто и пак тапкам(е) во место.
А бе не знам зошто толкава потреба строго да се дефинираат работите. Кој е gay или les, а кој е str8. Ко да не постојат милион нијанси помеѓу. Прави што ти е убаво и уживај. Затоа се викаат чувства/емоции. Тие се антипод на логиката иако влијаат врз неа и се контролирани од неа. Ама навистина не е битно што рекол некој, дали сите сме бисексуални или не. Едноставно не мора да се обележуваме себеси и другите и со тоа да создаваме лоша слика, па да се мразиме. Постојат милиони начин за омраза, пробај да најдеш барем неколку за сакање.
Она што ме лути е тоа што некои луѓе се навикнати се да ставаат во иста корпа: педери, лезбејки, содомичари, педофили, силувачи, наркомани... Како прво, водењето љубов со возрасна личност од ист пол (без присилба) не може да се поистовети со водењето љубов со животно или дете затоа што во овие две ситуации станува збор за суштество врз кое може да вршиме контрола (значи го принудуваме или го манипулираме/лажеме). Како второ, меѓу хомосексуалците и наркоманите многу лесно е да се најде врска. Кога на некого нема да му се дозволи да ужива во животот и во себе како човек, да се сака себеси и другите без предрасуди и да не се запрашува себеси зошто воопшто се родил (да, бидејќи не се јасно дефинирани, да не речам можеби и тотално непознати причините зошто некој е/станал хомосексуалец или хомосексуалка), ништо чудно ако тој/таа поради потиснатите нагони забега во дроги и други наркотични супстанци. Луѓето што не се реализираат себеси стануват депресивни, па посегнуваат или кон лекарства (што би се рекло легални џанкери) или кон хероини, кокаини, за подоцна да посегнат и по туѓите пари (со цел сега да ги задоволат и потребите за пукање во вена), а на крајот некои посегнуваат и по својот живот.
И зошто? Само од глупи предрасуди, кои водат кон страв и кон контрола од страна на некои болни умови што ништо друго не знаат освен да си ги прочитаат бројките на банкарското конто. Бидејќи самите тие се длабоко несреќни сакаат да не направат и нас, за да може барем за момент да се задоволи нивното его. Биди среќен над туѓата несреќа. Како да не. Тоа кратко трае, ама оди докажи им.
И колку за крај, ако воопшто ваквите дискусии може да имаат крај, не постои нешто такво како сексуална определба. Не може некој да рече „од утре ќе бидам педер или лезбејка или бисекс или стрејт“. Ако некој мисли дека може СВЕСНО да се определи нека проба, да види до кај ќе догура. Љубопиството е една работа, ама она што те задоволува на подолги патеки сосем друга.
Их, колку сум паметен. Да бев толку и глупав, убаво ќе си поминев
И какви се тоа глупости, хомосексуалноста била увезена од Запад, наркоманијата исто така. Тогаш сигурно и хомофобијата е донесена од таму.
А тоа што нашите баби и прабаби им ставале афион на децата под јазик за да бидат мирни или да спијат додека жнееле? А тоа што во античка Грција, а сигурно и во античка Македонија (бидејќи граничеле една со друга и луѓето се мешале), хомосексуалниот чин бил воздигнат над хетеросексуалниот, кој се практикувал најчесто само за оплодување? Или сега одеднаш ќе бидеме само Словени кои дошле оттаде Карпатите, кога е во прашање сексуалноста?
Сексуалното уживање не е исто што и прокреацијата (сексот заради продолжување на видот). Ако е така тогаш да се фукаме само кога ќе ни требаат деца. А што со оние хетеросексуалци што не сакаат да имаат деца? Најдобро би било да се кастрираат. Тие не се „природни“ нели. Не треба ни во црква да одат бидејќи Бог им наредил да имаат деца. Значи се ѓаволи. Да ги спалиме на ломача?
Од кај знаеме ние каков ќе биде текот на еволуцијата. Ние сме толку мали во однос на целиот тој период, занемарливи. Можеби диносаурусите биле педери па затоа изумреле
Eдно знам само, ко што спомна некој, дека ги ценам луѓето според паметта или уште подобро мудроста. Леонардо да Винчи бил педер, Микеланџело исто така, Џуди Гарланд е бисексуалка, Анџелина Џоли. Мене и оваа слатката Натали Портман ми личи на прилично промискуитетна. Но што е тоа воопшто битно? Си направиле нешто прекрасно во животот, на кое многумина смртници можат да им позавидат. Тоа што кај нас хомосексуалците се кријат не значи дека ги нема. (Или подобро да кажам се криеле, затоа што сега се појавуваат како печурки по дожд. Еднаш еден пријател ми рече дека му одело на нерви тоа што борбата за сексуални права земала толкав замав. Е па и куче врзано на синџир кога ќе го пуштиш не знае на која страна на тргне, па трча ко без глава наоколу, радосно.) Ако 10% од популацијата во светот се изјаснува како нехетеро, тоа значи дека толкава е бројката и кај нас. Не живееме ние на Марс. Ако Едгар Алан По признава дека џвакал мескалин за да добие инспирација, истото може да му го прикачиме и на Гоце даскало, без оглед на тоа што он џвакал тутун и пиел ракија од бокал.
Колку за нечија информација, дрогите се забранети од 1960-ти наваму, кога земале замав синтетичкото производство и масовната консумација. А во стариот комуњарски закон, машката хомосексуалност се казнуваше со 1 година затвор, а женската не се ни третираше. Сака некој да каже дека не сме еднакви мажите и жените пред законот и пред Бога?