Нокаут unplugged @ Club Colosseum, 07.09.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Само мене не ми штима некако анплагд во Колосеум? :(
Нокаут анплагд е повеќе за во салата на Македонска опера и балет или Универзална сала, да седнеш и да уживаш во музиката...

Да не ме сфатите погрешно, Колосеум е океј за Нокаут, ама не за анплагд.
 
Анплагд некако повеќе одговара за во Универзална.Јак концерт направи Ареа таму,не знам зошто и Нокаут не пробаат таму.
Иначе ако бидам во Скопје тој период обавезно ќе одам.Нешто ретко квалитетно на македонскава естрада.
 
Само мене не ми штима некако анплагд во Колосеум? :(
Нокаут анплагд е повеќе за во салата на Македонска опера и балет или Универзална сала, да седнеш и да уживаш во музиката...

Да не ме сфатите погрешно, Колосеум е океј за Нокаут, ама не за анплагд.
Точно така.

Инаку, би сакал да одам... па ако најдам со кого и слично... би отидел.

... минатиот, уживанција:
 
Би било добро некако Колосеум да се снајде со тој празниот простор пред бината, за да не стојат луѓе на акустика:)
Инаку секако дека ќе присуствувам, освен ако не се занесат со цената на картите:D
 
Би сакал да го посетам евентов :)
 
fde0a7.jpg

Конечно и во Македонија некој да одговори на барањата на обожавателите. Поради огромниот интерес изразен преку коментари на клиповите од првиот анплагд (акустичен) концерт прикачен на Јутјуб, Нокаут највува втор ваков концерт на 7-ми септември во клубот Колосеум!

Веста екслузивно беше објавена од самите Нокаут во облик на страница за обожаватели на Фејсбук вчера (сабота, 20.08.2011). Нокаут, на истата страница, најавија дека специјално за нивните обожаватели ќе се појават во следниов состав:

1. Никола Перевски Пере - Вокал
2. Владимир Крстевски Франц - Гитара
3. Горјан Петровски - Гитара
4. Луај Реџепов - Гитара
5. Виктор Николовски – Бас гитара
6. Борче Кузмановски - Клавијатури
7. Бојан Перевски - Перкусии и пратечки вокал
8. Благоја Антовски - Тапани
9. Горан Кавраков - Сакс

Како гости на вториот акустичен концерт, исто како и на првиот, се најавени и Игор Џамбазов, Мио од Д.Н.О. и Фиц од Студени Нозе. Честитки за дечките, ова е дефинитивно настан кој никој од нас нема да сака да го пропушти!

Извор: RadioMK.com
 
Тапич е шо е во Колосеум, боље е да се седи и да се слуша ваков концерт :)
Како и да е, ако не ме спречи некоја надприродна сила, attending.
 
Едвај чекам:)
 
дајте ценааааааааааааааааа
озбилно никој ли нема разбрано за цени и такви ствари?
 
Vratite za koncertot se otvoraat vo 23.00 casot.
Cena na vleznicite: 250 denari vo pretprodazba i 350 denari na vrata!
Biletite mozat da se nabavat vo prodaznata mreza na kupikartizase.com vo Skopje, (Jugoton, Sportski Centar "Boris Trajkovski", Super Tobako, Moby Art Vero 2, TNT IT Market vo GTC i Ramstor, CD Shop ABBA).

Преземено од фејсбук. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom