Не знаев каде да прашам, се надевам на точно место сум.
Имам потреба, значи потребен ми е совет.
Е вака сеа, имам 2 портала од кој едниот е нешто налик ilike.mk, cooleria.mk и слични сајтови во кој објавувам само слики и ништо поучно нема едноставон слики ставам од различни згради, мостови и се што е убаво за око т.е. со убав дизајн. Е сега имам уште еден филмски портал, кој е наменет само за Филмски вести, Рецензии, Трејлери, Интервјуа, Предлози, биографии за Актери, Продуценти, Режисери и слично. Дневно се објавуваат околу 6 до 7 статии. Е сега прашањето ми е кој од нив да згасне, зошто веќе немам време да се бавам со 2 портала и да дизајнирам т.е. да работам. Едноставно сакам народот повеќе да го посетува мојот сајт повеќе да ужива и да поминува на него време значи главна цел ми се повеќе посетители. Проблемот е во тоа што сакам да продолжам со Филмскиот Портал но е помалце посетен за разлика од другиот во кој ама баш ништо поучно нема.
Ваше мислење?