Одземање деца за питачење!

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ќе испери некоја невладина пари министерството за Труд и социјала медиумски ќе се промовира колку многу работи и се грижи, и ќе си остане се по старо освен под вооружена стража како во конц. логор тогаш друга приказна ќе биде.

И да видовит сум и ова гледам дека ќе биде во иднина :icon_lol:.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ќе испери некоја невладина пари министерството за Труд и социјала медиумски ќе се промовира колку многу работи и се грижи, и ќе си остане се по старо освен под вооружена стража како во конц. логор тогаш друга приказна ќе биде.

И да видовит сум и ова гледам дека ќе биде во иднина :icon_lol:
Во право си, пред некоја година, во Кисела Вода, одма карши мене, отворија некаков Дневен центар за згрижување на децата од ромска националност.Требаше демек таму да ги бањаат, да им дадат чиста облека, да ги советуваат, да имаат разни дневни активности, цртање, играње и слично, се со цел да се одвикнат од питачење по улици.Отворањето беше на ниво,со сите церемонии, цел државен врв беше таму.Моментално, во центаров има секој ден по едвај 3-4 деца, ги носат со еден бел голф, повеќе вработени има отколку деца.Претпоставувам дека во брзо време ќе го затворат, кај нас секое чудо трае 3 дена.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Ова некој нов виц изгледа! Се е супер што простат но дечкиве и ограбуват така што внимавајте на вашите мобилни и паричници посебно од питачите во ГТЦ абе јас попрво им давам на оние што свират отколку на овие! Правдање од типот нема работа гладувам не прифаќам . па луѓе да отидеш во некоја продавница и да речеш дај за еден леб да ти избришам стаклата бар мислам дека ретки се дуќанџите што нема да се согласат на тоа
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Ми се допаѓа законот. Па срамно е родителот да го тера детето да питачи. Го малтретираат на некој начин. Со тоа и погрешно го воспитуваат. А и какви родители се тоа, питачат наместо да се потрудат да најдат некоја работа, било каква, барем за храна пари да имаат а не вака по патот, без срам, напаѓаат и луѓе за пари, ќе ти се влечка по колата за една ќелава монета. Браво за оној кој му дошла идеја за таков закон. Се надевам ќе го снема веќе тој начин на заработка (питачењето) :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
нормално дека се свесни. со таа намера ги раѓаат, од 2 години голи и боси да питаат.
дарлинг не се согласувам со тебе баш. ај вака.. значи прво и основно никој не искочил на улица да проси и пита од шо нема шо да праи или па дека му е досадно. и тие си имаат мака па искочиле на улица. еден родител неможе денеска доволно пари да собере ни за сам себе од питање а камо ли за уште плус 3 деца што значи дека сакале или несакале на некој начин се приморани да искочат и да просат за да преживеат едноставно. зимно време стварно и мене не ми е јасно кај ги снемува за на пролет повторно истите фаци да се појават. не ги оправдувам некои родители кои со сила ги тераат децата да питаат за после да им ги земат парите и да си купат ракија ко на пример. во една емисија мислам дека код беше баш имаа ваква тема и ги прашуваа децата кој ги тера да просат но тие си рекоа сами дека искачаат за да земат пари следно прашање беше а зашто несакате да седите по згрижувачките центри и да имате другарчиња и Guess what!? едно дете одговори Јас несакам да седам таму зашто не ми е убаво тоа што ми го даваат да јадам не ми се свиѓа и подобро ми е да просам денеска на улица затоа што сигурно денеска ке извадам 200 денара најмалце а инаку се случува и до 300 да извадам. - што очекувате вие дека некој ке ги зема и со сила ке ги задржи некаде? Не бе никој неможеш со сила да го задржиш. ако треба да се превземе мерка треба прво родителите да ги згрижат во такви центри и да им го дрват баш секој ден дека не е убаво да просат да ги злоупотребуваат децата и така натака.
 
I

indigo child

Гостин
Абе остајте ми ги Џесика и Џенифер, па секад коа чекам другарка кај Стоилко си праиме муабет ) :
Со кој ќе праам муабет ја после? ) :

Нах, сериозно, коа ќе го спроведат ова, нека ми се јават...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.129
Поени од реакции
30.221
Абе остајте ми ги Џесика и Џенифер, па секад коа чекам другарка кај Стоилко си праиме муабет ) :
Со кој ќе праам муабет ја после? ) :

Нах, сериозно, коа ќе го спроведат ова, нека ми се јават...
питате у екипче?
:ROFLMAO:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Де избеглици од соседите, дај им помош и покрив и оп рипнаа против добротата.

Дај им на децава јадење и покрив оп енеги пак на улица, тоа го знаат и тоа ќе го прават, од тие деца искоренета е гордоста и желбата за нешто повеќе, за овие деца е доцна.

Децата под 3 години нека успеат малце да ги социјализираат.

Јас гласам за Саркози.
 
С

Сатори

Гостин
Правен алтруизам?Си играме социјална држава?
Не знам од што ми се гади повеќе од негирањето на реалноста или од лажењето на цел еден народ.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.129
Поени од реакции
30.221
Da brat, ne ja ni dochekuvam drugarkata, idam so niv, brisheme shofershajbni i disheme lepak od kesa :ROFLMAO:
-.-
Nekad si interesna, nekad ne si.
Ne mora so sila sekad da bidesh...
U jelly?
енивеј, ако неможеш да поднесеш шала немора да се праиш морална со сила.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
луѓе, не ги жалете ваквите деца зашто нив питачењето им е в крв, од мајка се така родени, нив тоа воопшто не им е тешко. и да те излажат и да те ограбат и да те молат, виделе се во животот.
и нивниот татко така правел и нивниот дедо и прадедо...и да ги одземат од родителите не ќе можат да ги сменат !!!!!
и јас го поддржувам овој закон зашто колку што се досадни толку се и греота, ама питач си е питач засекогаш таков ќе си остане и такви деца ќе има.
прво таква ни е државата, нема работа за образовани не пак за лица со средно, а за со основно да не прајме муабет. и ај сега што се криви луѓето или нивните деца кога се нашле да живеат во оваа ФИНА државичка.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
1. Не гледам никаков ефект со тоа што ќе му биде одземено детето на родителите, ако родителот навистина го сакал ќе се потрудел неговото дете( ќе изнајдел начин ) да не го пушти на улиците да пита. Од друга страна детето ќе биде несреќно и со таквите родители и во установата која ќе се "грижи" за него .
2. Што ќе прават со кривичната пријава ? Ќе им одземат имот ? Кој имот ? Ќе ги пикнат затвор ,каде покрај другото ќе бидат и добро вдомени на сметка на буџетот .

така и да се изврши во целост планот , ефектите ќе се краткотрајни а проблемите нема да бидат ни делумно решени .

и аман пробајте барем на една тема да се воздржете од користење на сарказм и иронија а воедно и билдање на вашето ***** его.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
да почнеме! каде точно живеат овие луге зимоска? зимно време мистериозно исчеснуваат од улиците...за на пролет да се преместат во летните резиденции на кеј!

крвав беше примерот кога две циганџици, дојдоа на паркингот пред холидеј ин, онака млади дотерани и респектабилно пицнати...

...се сокрија позади колите...ги извадија ранците....

...и за две минути..магично се преоблекоа во шамии, искинати фустани и избледени маици и се фатија за работа:vozbud:
јас имам друго сведоштво, гледам двајца така мизерни и доста жалосни питачи во чаршија, и да нејќеш жал ќе ти падне, по некој ден истите тие ги гледам кај црна џамија одат во друштво упицани издотерани со златни ланци на нив какви што можам само да им позавидам
не ми е проблем шо има питачи кои нема да јадат денес ако јас или било кој од нас не им дадеме пари
проблем ми е шо има питачи шо се побогати од просечен македонец
 

Kajgana Shop

На врв Bottom