Првиот аква-парк во Македонија (Пробиштип)!

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
WOW, базенот со бранови е просто вчудоневидувачка атракција, само не ги гледам брановите. О, колку е лошо. На скала од 1/10 му давам -1.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
Што бе, никој не беше? И да не ви е жал, затоа што Аквапаркот испадна MKFAIL на годината!

Читајте импресии од еден посетител на отварањето. За жал, 90% од коментарите на групата на Фејсбук мораа да ги избришат.
Ама затоа па, на луѓето кои поштено платија за да видат објект во градба, отворија нова група за реалната состојба на Аква-паркот во Пробиштип.

Преземено од „mkfail.blogspot.com“:

Поради големиот број на насобрани импресии од денешниот ден, се мислев како да го започнам овој текст, меѓутоа се присетив на едно туѓо искуство од пред неполни две недели, па затоа овој текст за го почнам со таканаречени „општи услови“. Впрочем така Google ми го преведува зборот disclaimer.

Истите тие услови ќе ги насочам кон тебе, драг читателу.
Значи прочитај го следново внимателно и убаво размисли дали сакаш да продолжиш со читање на остатокот од текстот:
Доколку по некој случај, имаш дојдено да политизираш, да браниш една или друга опција, да флејмаш ВМРО vs СДСМ, или пак си доволно празноглав во било која критика да пронаоѓаш предавници сметајќи се себеси за огромен патриот, тогаш овој текст - не е за тебе. Така да - одјеби!

Е сега, од како го расчистивме ова, време е да кажам зошто го пишувам текстов. Го пишувам затоа што сум капиталист! Затоа што мојата младост и созревање ги поминав во такво општествено уредување и затоа што ги ценам парите, а особено потрошеното време. Работам преку 10 часа секој ден, пропуштам многу од развојот на моето дете трудејќи се да му обезбедам постабилна иднина и поради тоа исклучително ми е важно како и каде ќе си го поминам времето со семејството кога веќе ќе решам истото да го „потрошам“ на нив.
Особено ме нервира кога одреден бизнис кој што јас директно го финансирам настапува отприлика толку транспарентно колку што му е бистра водата во базенот предвиден за најмалите!
Батки од Аква Парк Македонија, овој текст е директна реакција на бришењето на мојот и сите останати коментари кои на вас не ви се бендисаа а беа оставени на вашата Facebook страница, но и бришењето на сите тие луѓе од вашата fаn листа!

Денеска бевме во Аква Парк Македонија. На отварање. Ама повеќе изгледаше како да го затвараат и рушат, онака фазно...

Целата приказна започна пред петнаесетина дена кога бев известен по email од та. Јупитер дека сум добил гратис влезница на нивната наградна игра, а за денешното отварање. Пред дел од вас што читаат да рипнат „ало шефе, шо се буниш ако си добил гратис“, само да ви кажам дека трошев бензин, плаќав патарини, купив уште 2 екстра влезници за луѓето што ги донесов со мене и внатре нарачував пијалоци . Значи, го имам полното морално право да си верглам...

Битниот дел од пораката на ТА Јупитер е следниов:
Имате ексклузивна можност со Вашата награда да поканите до 5 пријатели за кои ќе обезбедиме ВИП влезници по специјална цена од 400 ден. за возрасни, за разлика од регуларната официјална влезница која чини 1200 ден!За деца од 3 до 14 год. влезницата е 300 ден. и за бебиња до 2 години влезот е бесплатен....​
Е сега, она 1.200 денари е многу битно, затоа од пред 5-6 дена испадна дека редовната влезница за отварањето е 600 денари. Картиве можеа да се купат и од Групер, каде што не по нивна вина имаше цел куп на незадоволни клиенти кои ги имаа купено со 50% попуст, те. за 600 денари. :)) Да, ги рефундираа потоа купувачите, меѓутоа штетата за изгубеното реноме на Групер никој нема да им ја надомести. Но, тоа е друга приказна, иако е дел од оваа. Ќе оставам да ја раскажат читателите во коментарите подолу.

Кога се јавив во ТА Јупитер ме известија картите можам да си ги подигнам по 12-ти Август. Меѓутоа кога вчера се прејавив за да прашам точно каде се наоѓаат во ТЦ Беверли Хилс, добив известување дека нема потреба да одам кај нив, туку само да го испечатам мејлот и да им го покажам во билетарата на самиот објект.
Дури сега ми стана јасно зошто се откажаа од продажба на картите во нивните канцеларии.
1. Затоа што немаше карти! Значи: билет, влезница, ма ливче некакво - јок! Јас не добив ништо. Добив само кусур од 200 денари; и
2. Ако ги купев од нив картите како што беше договорот, сега овој текст ќе беше за нив, така што ТА Јупитер - smart move што се тргнавте на страна. Вака, сега сте само организатори на нивната наградна игра на Facebook, а не и директен виновник за денешниот дебакл.

Е добро. Денеска тргнавме. Првото непријатно искуство не дочека во самиот град. Не запра сообраќаец кој ни рече да се снајдеме и да паркираме „ене онаму“ па да продолжиме пеш. Во ред, од малку фискултура не умрел никој иако цело време ми се вртеше сликата од мапата на објектот во кој што сум сигурен дека видов јасно означен паркинг простор.
Должината, но и тежината на патот е според моја слободна проценка како да пешачите од центарот плоштадот во Охрид до св. Јован Канео. Можеби и малце пократко.

Стасавме! Запотени, ама со елан! Го видовме и паркингот, пред самиот влез на „комплексот“. Мислам дека беше некој споменик од НОБ околу кој што немаше асвалт, но имаше десетина паркирани автомобили. Бев премногу задишан и возбуден на тоа што се наѕираше зад батките од Лупус, па драг читателу ќе ми простиш што не обрнав внимание.
Го земаа мојот испечатен email (гратисот де), плативме уште две карти по специјалната ВИП цена од 400 денари, меѓутоа не само што не добивме фискални сметки, туку не добивме ниту парагон блокчиња (УЈП, кхм-кхм...)

Влеговме и тука почна борбата за соодветна маса под сенка бидејќи дојдов со мојот две и пол годишен син. Имаше гужва. И нормално е да има, та официјалното отварање само што не започнало. После 10 минути најдовме соодветна маса и се сместивме.
Дојде келнер. „Еспресо ве молам“. „Јас се извинувам, меѓутоа кафематот се расипа.“ (?!?!)
Потоа ми стана јасно зошто. По се изгледа и кафематот, како и сите реквизити во оваа по моја слободна проценка градежна јама беа репарирани, те. веќе некаде користени, а тука заварувани, лепени, пребојувани... Па така кафе во наредните 3-4 часа колку што останавме, немаше! Дај пиво, дај кока-коли, дај кисела вода... итн, итн...
А фискална да ми дадете?
„аааааааа...!“ (УЈП кхм-кхм)

Еве ги битните впечатоци:

1. Самиот „комплекс“ не е целосно ограден. И од горе имаше цел куп љубопитни пробиштипјани кои се ѕвереа во внатрешноста.
2. Немаше ниту едно парче зеленило. Секаде само гола необработлива земја.
3. Таму каде што имаше ограда, беше од метални шипки само набиени во земја (мислам дека беше арматура Ф15), а самата ограда беше некоја ПВЦ лента која беше врзана за овие шипки. Некои 30% од „оградата“ веќе беа изгазени и срушени. Имајте само во предвид дека оваа препрека беше единственото нешто што го дели било кое дете од работ со висина од 2, 3, па и повеќе метри на бетон, плочки околу базен или градилиште со шут.
4. Јас со мои очи не видов НИТУ ЕДЕН спасител!
5. Целото место оставаше впечаток не само на недовршена туку на крајно неквалитетна изведба. На пример базенот, поточно базенчето со бранови, во кој што инаку немаше никакви бранови, беше излепен од мали мозаик плочки кои буквално паѓаа додека газиш на нив. Јас си земав една бела и сина за спомен.
6. Во детскиот базен не работеше ниту еден реквизит, а по се изгледа не работе ни филтрите затоа што водата се замати многу брзо.
7. Мрзлива река? Мммммм не би рекол. Многу рано сте дошле :


Ова е и единствената фотографија која јас ја направив. Сѐ друго што ќе биде објавено е од други автори.

8. Официјалното отварање доцнеше. Отпејаа поповите и пуштија во 2 цевки од тобоганот да тече вода, колку да не се биде без ич. Безбедноста беше на ниво! Необезбедени метални градежни (монтажни) скали за да се качиш до местото на спуштање. Долу, те катапултираат во базен кој мислам дека немаше повеќе од 1м длабочина.
9. Никаде не беше означено кој базен колку е длабок.
10. На соседните цевки тропаа и заваруваа мајстори. Долу кај мрзливата река работеа со багер.

И згора на сѐ, господата од Аква Парк, наместо да се извинат за хаосот кој што денеска го приредија, за нетранспарентноста кон клиентите, за криењето информации за реалната состојба на објектот, тие уште и ги бришат сите критички настроени коментари од нивната Facebook страна. Епа извините господо, ама кога веќе земате мои пари и тоа како ќе го слушнете тоа што имам да го кажам. Онака, или вака!

Би сакал и да ви се заблагодарам што денеска практично ми потврдивте што значи терминот „Македонска работа“. Ова што денеска го видов беше навистина вистински Македонски аква парк - #makuapark (фала на @Kopriva за добро смислениот хаш таг и повик до тебе драг читателу да кликнеш на хаш тагот #makuapark доколку сакаш да добиеш комплетна слика од луѓето кои денеска го сведочеа овој дебакл. Има и фотографии!

UPDATE 1: Некој веќе креирал Facebook page од градилиштето во кое има фотки од она што јас не сакав ниту да го погледнам, а камо ли да го овековечам: кликни тука

И за крај.
Само вие господо бришете...












 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
е паааааа чорба:pos:
се знаеше у старт дека ќе биде вака -зарем очекувавте некакво WOW:(
знам, знам бар потајно се надевавте дека ете баш овој пат некој ќе се свести и ќе се потруди се“ да биде ОК....ама
факт е дека се“ се менува само македонецот НЕ
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Срамота, филтрите не работеле, кој знае и хлор дали бутнале. Каков хепатитис може да се фати, налет гратиси и се.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Аква парк во Македонија.. in your dreams. :)

А вчера глеав репортажа на тв и се зачудив оти само еден тобоган даваат на снимката !? Сега ми е јасно оти.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Прерано го отворија, требаше до мај да го средат и да го отворат ко што треба. Само лоша реклама си направија
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Реков јас:pos:
Па уште им пишав на ФБ дека паркот им е мизерен..ми го избришаа коментарот. Пак пишав...џабе...џабе си ги дадоа парите луѓето(n)
Читам една девојка дома се вратила изгребана целата:eek:
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Го цитирам блогерот: "По се изгледа и кафематот, како и сите реквизити во оваа по моја слободна проценка градежна јама беа репарирани, те. веќе некаде користени, а тука заварувани, лепени, пребојувани..."

Стварно, не ви изгледа како да веќе некаде биле користени тобоганиве? Уште првиот пат кога ги видов имав таков впечаток. Бледи од што ги пукало негде сонце, излитени од користење..
--- надополнето: Aug 21, 2011 9:36 AM ---
Реков јас:pos:
Па уште им пишав на ФБ дека паркот им е мизерен..ми го избришаа коментарот. Пак пишав...џабе...џабе си ги дадоа парите луѓето(n)
Читам една девојка дома се вратила изгребана целата:eek:
Па како да не се врати изгребана кутрата, од сликиве што ги гледам вода пуштале ко дома од чешма што си пуштаме.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.226
Поени од реакции
34.519
Ексклузивно видео од првиот Аква-парк во Македонија! :)


Али најсмешното во целава приказна ми е „инвестиција од 2 милиони евра“... Не сум експерт за водени реквизити, ама не ви изгледа ова повеќе на 2 милиони денари? :)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Го цитирам блогерот: "По се изгледа и кафематот, како и сите реквизити во оваа по моја слободна проценка градежна јама беа репарирани, те. веќе некаде користени, а тука заварувани, лепени, пребојувани..."

Стварно, не ви изгледа како да веќе некаде биле користени тобоганиве? Уште првиот пат кога ги видов имав таков впечаток. Бледи од што ги пукало негде сонце, излитени од користење..
--- надополнето: Aug 21, 2011 9:36 AM ---

Па како да не се врати изгребана кутрата, од сликиве што ги гледам вода пуштале ко дома од чешма што си пуштаме.
Па од сликите не ми се гледа толку дали се испукани или не (јбг лош вид ;) ) ама и да биле претходно користени мн лесно бојата може да им се преправи.

А што се однесува на водата. Абе кога го видов видеото косата ми се крена :eek:
Како по суви тобогани да се спушташ:pos: Кај мене од чешма тече повеќе вода:cool:

Аххх..ми текнува во Турција кога бевме. Абе вода дали сакаш. А не овде базенчињава :O
Кога ги видов на слика, му праќам на дечко ми и во исто време .. и јас и тој ист коментар: Абе ако се спуштиш по тобоганиве право на бетон ќе летнеш :eek: па нема вода бре:icon_lol:
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ексклузивно видео од првиот Аква-парк во Македонија! :)


Али најсмешното во целава приказна ми е „инвестиција од 2 милиони евра“... Не сум експерт за водени реквизити, ама не ви изгледа ова повеќе на 2 милиони денари? :)
Тоа баш вчера го размислував, нема шанси да се 2 милиони евра. Max. му давам 70-120 илјади евра, ма ни толку не е.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Ексклузивно видео од првиот Аква-парк во Македонија! :)


Али најсмешното во целава приказна ми е „инвестиција од 2 милиони евра“... Не сум експерт за водени реквизити, ама не ви изгледа ова повеќе на 2 милиони денари? :)
Ах па ти. Си коментирал (со смешен коментар) над мојот линк за Анти-парков, сеа и тука ме насмеа:pos:

Мене ми личи на инвестиција од најмногу 300.000 евра.
Мислам дека и тоа е многу. Толку би чинело кога ќе се заврши комплетно.
Но, и проценката за 2 мил денари не ти е лоша. Како што слушнав на тоа место веќе постоел едниот базен:confused:
 
G

galaxy

Гостин
Ама уште не дознав дали има општински/државни пари или е целосно приватна инвестиција.
Ако е приватно воопшто не ми е гајле за лошото менаџирање, и така нема да одам, само се грижам да не има некоја несреќа.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Оваа цена е само за отварањето, зашто ќе имало и музика и водители и не знам што уште и затоа била толку. Ама јас не верувам повеќе од 500денари да е карта.

AQUA PARK Makedonija Отварањето ке биде сочинето од целодневна програма со познати македонски ди-џеј, познат бенд, водител и останати гости познати на македонската јавност а ВИП картата ви ја дава можноста да присувствувате на отворањето и да имате целодневна незаборавна забава и уживање.....

Ова е од фејсбук страната. Да се надеваме дека ќе го средат и ќе биде убаво.
Ова го начекав некаде наназад во темава.
Да не знае некој кои ги .. забавувал?!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom